Контакт

Свет

Трудо среде скандал, најмалку трипати се маскирал како црнец

Објавено пред

Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска западна во голем скандал. Утрово беше објавена негова стара фотографија на која тој е облечен како Аладин, а лицето му е обоено во црна боја, но по тоа е откриено дека тој како црнец се маскирал уште во најмалку два наврати.

Трудо веќе се извини за првиот откриен случај на т.н. „блекфејс“, кој припадниците на црната раса го сметаат за навреда.

Фотографијата од 29-годишниот Трудо со лице затемнето со шминка се смета за голем предизвик за лидерот кој често зборува за важноста на борбата против расната дискриминација и кој во неговиот кабинет има тројца истакнати министри со индиско потекло, пренесе „Ројтерс“.

„Блекфејс“ е термин што се употребува кога белци ги бојат своите лица во потемна или целосно црна боја. При извинувањето, Трудо призна дека тоа го направил не само во таа пригода, туку и уште еднаш.

Трудо објасни дека се работи за натпревар за таленти во средното училиште што го посетувал, а за потребите на кој ставил црна боја на лицето и перика на главата.

Фотографијата, по сè изгледа, најпрво се појави на социјалните мрежи, а Трудо дури подоцна призна дека навистина се маскирал како црнец. На натпреварот тој ја отпеал реге-песната Day-O, популаризирана од афро-американскиот пејач и активист Хари Белафонте.

Но по тоа, канадскиот портал „Глобал њуз“ објави снимка од Трудо на која тој и третпат има „блекфејс“.

Се работи за снимка, наводно направена во 90-тите години, исто така од периодот на средношколските денови на Трудо. На неа, тој навива пред камерата, кревајќи ги рацете, кои како и неговото лице, се обоени црно. Трудо носи и афроперика на главата.

Ова значи дека по едвај 12 часа откако „Тајм“ ја објави првата фотографија, откриени се вкупно три вакви случаи.

Во првиот случај, станува збор за забава одржана во 2001 година на тема „1001 ноќ“ во средно училиште во Ванкувер каде Трудо предавал како наставник. Фотографијата завршила во школскиот алманах каде и ја пронашле новинарите на „Тајм“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Потврдени 433 нови случаи за еден ден, до сега се излекувани 32.495 луѓе во Кина

Објавено пред

Во Кина вчера се регистрирани 433 нови потврдени случаи на заразени со коронавирус и 29 смртни случаи, соопштија од Националната здравствена комисија.

Според податоците на Комисијата, 26 од смртните случаи се во покраината Хубеи и по еден во Пекинг, Хеилонгијанг и Хенан.

Од Комисијата соопштија дека вчера се регистрирани 508 сомнителни случаи.

„Во средата 2.750 пациенти се отпуштени од болница откако се опоравиле, додека бројот на тешки случаи се намали за 406 на 8.346“, се наведува во соопштението.

Вкупниот број на потврдени случаи во Кина до крајот на вчерашниот ден е  78.497, а вкупниот број на смртни случаи е 2.744.

До крајот на вчерашниот ден имало 2.358 сомнителни случаи, а вкупно 32.495 луѓе се отпуштени од болница.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) САД: Добил отказ во пивара, се вратил со пиштол и убил петмина колеги

Објавено пред

Поранешен вработен во пивара на САД уби најмалку пет лица, а потоа се самоубил, јавуваат американските медиуми.

Шестмина загинаа, вклучувајќи го и напаѓачот, при пукање во пиварницата „Молсон Корс“ во Милвоки, Висконсин, пренесуваат медиумите. Напаѓачот, според извештаите на локалните медиуми, бил застрелан.

Полицијата апелираше до граѓаните преку Твитер да не приближуваат до областа околу фабриката.На местото на настанот биле повикани неколку екипи на брза помош, како и десетици полицајци и оклопни лица.

Како што дознава Еј-би-си од полициски извори, човекот бил отпуштен од работа во текот на денот и подоцна се вратил во пиварата со пиштол.

Прикажи повеќе...

Европа

Петмина настрадаа во пожар во Стразбур

Објавено пред

Пет лица настрадаа во пожар којшто избил во зграда во Стразбур, на североисточниот дел на Франција, соопштија локалните пожарникари.

Истите извори наведуваат дека седум лица се повредени и се згрижени од страна на итната медицинска помош. Пожарот е под контрола, пренесува Ројтерс.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 минути

Потврдени 433 нови случаи за еден ден, до сега се излекувани 32.495 луѓе во Кина

Во Кина вчера се регистрирани 433 нови потврдени случаи на заразени со коронавирус и 29 смртни случаи, соопштија од Националната...

Свет43 минути

(Видео) САД: Добил отказ во пивара, се вратил со пиштол и убил петмина колеги

Поранешен вработен во пивара на САД уби најмалку пет лица, а потоа се самоубил, јавуваат американските медиуми. Шестмина загинаа, вклучувајќи...

Европа60 минути

Петмина настрадаа во пожар во Стразбур

Пет лица настрадаа во пожар којшто избил во зграда во Стразбур, на североисточниот дел на Франција, соопштија локалните пожарникари. Истите...

Македонија1 час

(Видео) Силниот ветер откорна дрвја и уриваше покриви во Скопје

Силниот ветер синоќа корнеше дрвја и уриваше покриви во главниот град. Десетици дрвја се паднати дрвја на  локации од невремето...

Македонија11 час

МОН: Дадени се препораки на образовните установи за заштита на учениците, студентите и вработените од коронавирусот

Согласно заклучоците донесени на вчерашната владина седница, а во врска со заштита на јавното здравје во услови на брзо ширење...

Македонија13 часа

(Видео) Филипче: Познати сопатниците на жената заразена со коронавирус, ќе останат во излоација 14 дена

Идентификувани се сите патници кои се возеле во комбето со жената која е заразена од коронавирусот, а која утринава допатувала...

Регион13 часа

Во Хрватска потврден трет случај на коронавирус

Во Риека, Хрватска потврден е трет случај на коронавирус, пренесуваат хрватските медиуми. Како што се наведува, се работи за маж...

Македонија16 часа

Спасовски: Нема потреба од паника, сè е под контрола

Претседателот на Владата, Оливер Спасовски, на прес-конференција изјави дека нема потреба од паника во јавноста поради појавата на првиот случај...

Македонија17 часа

(Видео) Прв случај на коронавирус во земјата

Потврден првиот случај на коронавирус во земјата. Се работи за жена, родена 1970 година, од Скопје. Како што изјави министерот...

Економија20 часа

Бебе имало дивиденда над 1 милион денари во 2018 година, а скопјанка пријавила приход од 17 милиони евра

Скопјанка со годишен бруто-приход од 17, 1 милион евра е најбогатата Македонка. Таа во 2018 година пријавила во УЈП годишен...

Свет21 час

(Видео) Бебе кое има само 17 дена излечено од коронавирус

17-дневно бебе од Вухан, на кое му беше дијагностицирана инфекција со коронавирус КОВИД-19 веднаш по неговото раѓање, заздравило без лекување...

Македонија21 час

(Видео) Обвинетите за организација на крвавиот четврток во судот рекоа дека ќе докажат оти не се виновни

Заврши главната расправа за организација на насилствата на 27 април. За случајот обвинети се поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, поранешните...

Регион21 час

Во Грција потврден прв случај на коронавирус

Прв случај на новиот коронавирус е потврден денеска во Солун, во соседна Грција, соопшти грчкото Министерство за здравство. Станува збор...

Регион23 часа

Близнаци заразени со коронавирус во Хрватска

Двајцата заразени од коронавирус во Хрватска се близнаци. Како што пишуваат хрватските медиуми, затворена е фирмата каде што работел едниот...

Европа23 часа

Во Италија заразени пет деца, во Австрија почина италијанска туристка

Петмина малолетници се заразени со коронавирус во Италија. Четворица од нив се во Ломбардија, а еден случај е забележан во...

Забава23 часа

НАСА објави видео за Месечината снимена од астрoнаутите на Аполо 13

Дали некогаш сте посакале да ја видите Месечината снимена одблизу од астронаутите од Аполо 13 на нивната мисија во вселената?...

Економија1 ден

Најбогатите во светот за само еден ден изгубија 120 милијарди евра

Најбогатите 500 луѓе во светот во понеделникот изгубија 139 милијарди долари, или над 120 милијарди евра на берзите, што ги...

Македонија1 ден

Од денеска до 11 март граѓаните ќе можат да извршат увид во Избирачкиот список

Од денеска до 11 март на полноќ граѓаните ќе можат да извршат увид во Избирачкиот список преку апликацијата на веб-страницата...

Македонија1 ден

Патничката од Милано нема коронавирус, покажаа анализите

Резултатите на пациентката која синоќа беше тестирана на коронавирус на Инфективната клиника во Скопје се негативни, соопшти Министерството за здравство,...

Спорт1 ден

За три месеци ќе се знае дали ќе има Олимпијада во Токио

Членот на Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ), Дик Паунд предупредува дека наскоро ќе мора да се донесе одлука за откажување на...

Досие