Контакт

Свет

Турската војска започна копнена операција во Сирија

Објавено пред

Турските трупи и нивните сојузници од редот на сириските бунтовници влегоа денес во североисточна Сирија, соопшти турското Министерство за одбрана, со што започна и копнена офанзива против борците од курдската милиција.

Претходно, турски воени авиони и артилерија гаѓаа позиции на курдските борци на почетокот од прекуграничната воена операција, само неколку дена откако американските трупи се повлекоа од областа.

Сириските набљудувачи во курдските области велат дека најмалку седум цивили загинале во турските воздушни напади, пренесе агенцијата АП.

Сириската опсерваторија за човекови права, со седиште во Велика Британија, објави дека загинале осум лица, меѓу кои и двајца христијански Асирци во градот Камишли, како и една брачна двојка со машко дете во близина на градот Тал Абиад.

Според АП, едно дете е убиено во село западно од Камишли, како и еден маж во Рас ал Аин.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Поради турската офанзива во Сирија раселени 70.000 деца

Објавено пред

Околу 70.000 деца се раселени од почетокот на турската офанзива во североситочниот дел на Сирија, соопшти меѓународната хуманитарна организација „Сејв д чилдрен“ (Save the children), а ОН наведува дека повеќе од 176.000 луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови.

Организацијата нагласи дека многумина од раселените нашле засолниште во околу 25 училишта во градот Хасакех, југоисточно од областа каде што Турција на 9 октомври ја започна офанзивата против Курдите во североисточниот дел на Сирија.

Хуманитарната група тврди дека во тој град и околните области нема вода за пиење, бидејќи во борбите се оштетени водните пумпи.

Директорката на тимот на таа група за реагирање во Сирија, Соња Куш побара неограничен пристап до децата, на кои им е потребна помош

Прикажи повеќе...

Регион

Рама: Нашиот пат продолжува без никаков потрес, дури и да имавме „Да“ задачите се исти

Објавено пред

Албанскиот премиер Еди Рама по средбата што ја одржа со претседателството на неговата Социјалистичка партија (ПС) Рама ја обвини опозицијата дека се обидува да го попречи процесот на европска интеграција за Албанија. Тој го отфрли барањето на опозицијата за оставка по одлуката на Советот на ЕУ да не се отворат преговори со Албанија.

„Тие (опозицијата) работеа многу напорно и не оставија непоместен ни камен за да не успее процесот. Не успеја, затоа што успеавме да ја надминеме вештачки подигнатата бариера во првите шест месеци од годината и да ја добиеме поддршка на Германија“, рече Рама.

Рама го повтори ставот дека неотворањето на преговорите за Албанија не се должи на недостаток на напредок на земјата, туку на внатрешните проблеми на ЕУ.

„Двете држави, Албанија и Северна Македонија, не можеа да го добијат она што им следува, како резултат на внатрешниот судир во европското семејство“, посочи Рама.

Тој додаде дека оваа одлука не менува ништо за земјата и дека владата ќе продолжи со реформите

„Но, како што можете да видите, сонцето повторно изгреа, денот повторно почна и нашиот пат продолжува без никаков потрес и изедначување. Во практична смисла, ние сме јасни, мора да ја продолжиме нашата работа секој ден. Дури и да имавме „Да“, задачите се исти и без тоа „Да“, нагласи премиерот Рама.

Тој потврди дека набргу ќе има значајни средби, меѓу кои ќе биде и средбата со францускиот претстедател, Емануел Макрон. Истакна дека Социјалистичката партија ќе го води напред процесот на реорганизирање, дека ќе продолжи работата со изборните реформи и дека се добредојдени сите страни кои сакаат да придонесуваат. Според Рама во текот на месец јануари ќе бидат изгласани сите препораки на ОБСЕ/ОДИХР.

Прикажи повеќе...

Регион

Двајца американски геј-војници претепани во Хрватска, ги нападнале 10 мажи

Објавено пред

Група од десетина лица нападнале двајца американски војници во саботата вечерта, станува збор за хомосексуалци со темна кожа, кои се забавувале во ноќен клуб во Задар, Хрватска.

Двајцата американски војници не криеле дека се хомосексуалци, а еден од нив го опишал нападот во видео, кое го објавил на својот инстаграм-профил.

Тој им порачал на сите дека не стигнува да одговори на пораките, но дека е добро. А за самиот инцидент, тој вели дека се бореле за живот.

„10-ина мажи нè нападнаа. Во еден момент, некој ме држеше, а тројца ме удираа. Ја изгубив свеста“, раскажал тој, пренесува порталот „Индекс“.

Задарската полиција соопшти дека настанот бил класифициран како прекршок.

„По пристигнувањето, полицајците откриле двајца државјани на САД на возраст од 24 и 25 години, кои биле повредени и пренесени во болница“, соопшти полицијата додавајќи дека во тек е истрага за инцидентот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Конте: Преговорите за проширување на Балканот треба да почнат во ноември

Италијанскиот премиер, Џузепе Конте порача дека Рим ќе предложи Европската Унија повторно во ноември да ги отпочне преговорите за проширување...

Топ2 часа

Млад скопјанец се фрлил од вториот кат на зграда

Во Полициската станица Центар во вечерните часови на 20 октомври било пријавено дека на скопскиот булевар Кирил и Методиј едно...

Македонија4 часа

(Видео) Симовски: Нема попис во април, ќе се пролонгира

Април е непогоден термин за пописот и треба да се пролонгира, вели Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика,...

Економија5 часа

Бензините поевтинуваат, цената на дизелот останува иста

Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат, додека цената на дизелот останува иста, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажната цена...

Македонија5 часа

Столтенберг телефонски разговараше со Заев: Со нетрпение ја очекувам Северна Македонија во НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на својот твитер-профил денеска напиша дека имал добар телефонски разговор со премиерот Зоран Заев...

Топ6 часа

Возило удри во две девојки – возачот прво побегнал, па потоа сам се пријавил во полиција

Две девојки се повредени во Скопје, кога возило удрило во нив на булеварот Кочо Рацин во Скопје. Возачот најпрво побегнал,...

Македонија7 часа

(Видео) Татко му на Боки 13: Не сум Сталоне па да тепам луѓе за една минута

Поради отсуство на скопската обвинителка Имран Османи, утрово во кривичниот суд беше одложено судењето за татко му на Боки 13,...

Свет8 часа

Студенти во Индија носат кутии на главите за време на испит за да нема измами

Индиските студенти носат кутии на главите за време на испитот за да спречат измама. Вакви фотографии се појавија во јавноста...

Европа8 часа

Aко планот на Џонсон не помине, ЕУ ќе го одложи брегзит до февруари 2020 година

Европската Унија ќе го одложи брегзит до февруари 2020 година, ако британскиот премиер Борис Џонсон не добие поддршка за неговиот...

Македонија9 часа

Земјотрес во Албанија, почувствуван во западните делови од нашата земја

Земјотрес со јачина од 3,1 степен синоќа ја погоди Албанија, а потресот бил почувствуван во западните делови на нашата земја,...

Свет10 часа

10 илјади полицајци на улиците на Чиле, приведени 1.462 демонстранти

По итен состанок доцна во неделата претседателот на Чиле, Себастијан Пињера, ја бранеше својата одлука да воведе вонредна состојба и...

Свет10 часа

(Видео) Ескалираше бранот насилство во Чиле, петмина загинаа во запалена фабрика

Пет лица загинаа откако фабрика за облека беше запалена од ограбувачи во близина на главниот град на Чиле, Сантијаго, среде...

Македонија21 час

(Видео) Мицкоски: По 3 јануари имаме техничка влада и нова реалност

Имаме нова реалност. На 3 јануари имаме нов технички премиер, а по изборите и нова влада, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ,...

Македонија22 часа

(Видео) Заев: Предвремени избори на 12 април

Дванаесетти април идната година е датумот на кој ќе се одржат предвремените избори, изјави претседателот на СДСМ и премиер, Зоран...

Македонија23 часа

Пендаровски: Имаме државен консензус за ЕУ, не размислуваме за алтернатива

Имаме јасен државен консензус, а тоа е дека Република Северна Македонија треба што поскоро да ги почне преговорите со Европската...

Топ1 ден

Стружанец пијан паднал од балкон и починал

Педесет и осумгодишен стружанец доцна синоќа починал по пад од незаграден балкон во неговиот дом. МВР соопшти дека мажот бил...

Топ1 ден

Мајка и ќерка нападнати од малолетници во автобус

Мајка и нејзината малолетна ќерка вчера биле физички нападнати од група на малолетни лица во автобус со бројот 21, што сообраќајл...

Македонија1 ден

Обвинителството ги демантира пишувањата на весникот „Ла Верита“

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција најостро ги демантира наводите изнесени денеска во италијанскиот весник „Ла...

Македонија1 ден

Следниот викенд почнува зимското сметање на времето

Ноќта сабота кон недела (26-ти и 27-ми октомври) часовниците треба да се вратат за еден час наназад. Поточно, во 3...

Македонија1 ден

Пановски: „Ла Верита“ пишува глупости, Заев не барал одмрзнување на 750.000 евра

Обвинителот во Јавното обвинителство за гонење организиран криминал, Наум Пановски ги демантира пишувањата на италијанскиот весник „Ла Верита“ за инволвираност...

Досие