Европа
Турските власти официјално ја одобрија руската вакцина „Спутник в“

Турција издаде дозвола за итна употреба на руската вакцина „Спутник в“ против Ковид-19, соопшти денеска турската Агенција за лекови и медицински производи.
Претходно неделава, турскиот министер за здравство Фахретин Коча изјави дека Турција потпишала договор за набавка на 50 милиони дози од вакцината „Спутник в“, пренесува „Ројтерс“.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска најави дека Турција ќе добие значителни количини на вакцината „Спутник в“, во рамки на договорот со Русија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Лавров по посетата на Африка: Русија останува посветена на извозот на храна во сиромашните земји

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров по посетата на Еритреја потврди дека Москва останува посветена на извозот на храна во сиромашните африкански земји, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.
„Лавров ја потврди цврстата посветеност на Русија во исполнувањето на обврските во однос на испораката на клучните прехранбени производи за африканските земји, вклучително и пакетите помош од договорите потпишани со посредство на ОН“ – се наведува во соопштението на министерството, пренесува ТАСС.
Европа
Путин: Русија е категорично против заборавање на нацистичките злосторства

Рускиот претседател Владимир Путин денеска, во пресрет на Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот, изјави дека Русија категорично се противи на заборавањето на нацистичките злосторства и спроведува политика која гарантира злосторствата како Холокаустот да не се повторат.
„Русија е категорично против заборавање на злосторствата од овој тип, кои немаат застареност“, рече Путин, а пренесува РИА Новости.
Тој нагласи дека Москва води таква политика која гарантира дека никогаш повеќе нема да се случи ништо слично во историјата на човештвото.
Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот се одбележува утре, на денот кога советските војници го ослободија нацистичкиот камп Аушвиц, каде беа убиени 1,1 милион луѓе, соопшти агенцијата.
Европа
Европската комисија ги тужи Бугарија и Словачка

Европската комисија објави дека одлучила да ги тужи Бугарија и Словачка за нетранспонирање на Директивата на ЕУ за обновлива енергија во националното законодавство.
Во соопштението се наведува дека Комисијата ја тужела и Унгарија поради ограничување на извозот на градежни материјали.
Комисијата ја тужеше Ирска за нетранспонирање на Рамковната директива за води во националното законодавство, пренесе „Танјуг“.