Контакт

Европа

Турски товарен авион се урна во Киргистан, најмалку 32 жртви

Објавено пред

Најмалку 32 лица загинаа во падот на товарен авион Boeing 747-400 на турска авиокомпанија, во понеделник наутро во близина на аеродромот Манас, кај главниот град на Киргистан, Бишкек, соопштија властите.

Во извештаите на светските медиуми се наведува дека меѓу настраданите има и четворица членови на екипажот. Повеќето од жртвите, меѓу кои има шест деца, се жители на селото во кое се урнал авионот при обид да слета во густа магла.

Како последица на слабата видливост, авионот паднал во населено подрачје во 7.31 по локално време, кога повеќето од локалните жители спиеле. При падот биле оштетени најмалку 15 куќи во селото.

Авионот на TK6491 летал кон Хонгконг и требало да слета во Бишкек, а потоа да продолжи кон Истанбул. Според извештаите, тој паднал на само два километри оддалеченост од аеродромот на кој требало да слета.

Киргистанското министерство за здравство соопшти дека авионот се урнал јужно од главниот град Бишкек усмртувајќи најмлаку 15 лица во населено место во близина на аеродромот, како и 17 лица во авионот.

Локалните служби за вонредни ситуации се на лице место на несреќата, пренесува AP. /крај/мф/вс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

(Видео) Украина ќе произведува дронови во Норвешка

Објавено пред

Норвешка и Украина ќе ја зајакнат својата билатерална одбранбена соработка, вклучително и производството на украински беспилотни летала во нордиската земја, се вели во соопштението на норвешката влада.

Според договорот, Норвешка ќе го поддржи производството на беспилотни летала во Украина, додека Украина ќе споделува податоци, информации и знаење со Норвешка. Украинските беспилотни летала ќе се произведуваат и на норвешка територија.

„Можеме да учиме од искуствата што Украина ги стекнува во оваа тешка борба против руската агресија“, рече премиерот Јонас Гар Сторе на заедничката прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Норвешка, заедно со другите нордиски и балтички земји, цврсто ја поддржува Украина. Осло е еден од најдарежливите поддржувачи на Киев по глава на жител.

Владата на Сторе воспостави долгорочен план за финансирање на Киев, со поддршка на сите партии во парламентот, од околу 28 милијарди долари помеѓу 2023 и 2030 година.

Претходно во вторник, Зеленски се сретна со германскиот канцелар Фридрих Мерц во Берлин. Двајцата лидери се согласија за соработка во одбраната, вклучително и производство на беспилотни летала, за кои Зеленски вели дека би можеле да станат едни од најголемите во Европа.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Поранешен ученик рани најмалку 16 лица со пушка во училиште во Турција, а потоа се самоуби

Објавено пред

Тинејџер отворил оган во училиште, ранувајќи најмалку 16 лица, вклучувајќи ученици и наставници, во југоисточната турска покраина Шанлиурфи, пред да се самоубие, изјави гувернерот Хасан Шилдак за новинарите во понеделник, објавија новинските агенции.

Поранешниот ученик, на возраст од 19 години, отворил оган со пушка кон учениците и наставниците во средното училиште. Повредените биле итно префрлени во болница во округот Сиверек, рече Шилдак. Дванаесет од повредените се уште се во болница.

Мотивот за пукањето сè уште не е јасен.

Тој пукал неселективно
Младиот човек влегол во училиштето во округот Сиверек во покраината Шанлиурфи рано утрово и отворил оган неселективно, објави новинската агенција Демирорен.

Осомничениот првично се скрил во училиштето и одбил да се предаде и покрај повиците од полицијата, се вели во извештајот, пред да се самоубие, додаде Шилдак.

Прикажи повеќе...

Европа

Маѓар: Знам кој е „кумот“ на големото пријателство меѓу Вучиќ и Орбан

Објавено пред

Владата во која партијата Тиса ќе има мнозинство ќе го истражи наводниот обид за напад врз гасоводот кај Кањижа, изјави победникот на изборите во Унгарија и лидер на Тиса, Петер Маѓар.

Во интервју за Н1 Србија, тој рече дека му е важно односите меѓу Србија и Унгарија да останат добри, пред сè поради Унгарците во Војводина, иако вели дека знае кој е „кум“ на големото пријателство меѓу Александар Вучиќ, Виктор Орбан и Роберт Фицо.

Тој додаде дека не сака да се меша во внатрешните работи на Србија, но дека може да му каже на српскиот народ да „црпи сила од изборите во Унгарија“.

Истрага за наводен напад на гасовод
Петер Маѓар потсети дека за време на изборната кампања, на Велигден, се случила акција која наликувала на операција под лажно знаме, кога бил планиран наводен обид за напад на гасовод. Премиерот Виктор Орбан, според Маѓар, зборувал за тоа една недела претходно, најавувајќи дека нешто слично ќе се случи.

„Можам да кажам дека тоа било спроведено доста несмасно и било јасно дека организаторите се откажале од тоа и не отишле толку далеку колку што очекувале нивните претпоставени од Русија и Виктор Орбан. Мислам дека постапиле правилно бидејќи владата на Тиса ќе испита што точно се случило и дали имало реална опасност – бидејќи е можно да имало. Но, ако имало реална опасност, тогаш премиерот треба да ја води земјата, а не да глуми во претстава како што направи Виктор Орбан на Велигден, кој летал со хеликоптер и ја собрал целата унгарска пропаганда во работни шлемови и униформи за да се „плашат“ заедно“, рече тој.

Маѓар додаде дека во таква ситуација, премиерот мора да ја гарантира безбедноста на земјата.

„Граѓаните на Унгарија, како и граѓаните на Србија, со право очекуваат нивното раководство да обезбеди безбедност, развој и мир. Под владата на Тиса, во Унгарија ќе има ред, мир, безбедност и развој – тоа можам да го кажам“, рече тој.

За врските меѓу Орбан, Вучиќ и Фицо
Петер Маѓар рече дека би бил многу среќен да се сретне со српското раководство.

„Точно знам што се случува во Србија и знам какви врски постоеле, постојат и може да постојат меѓу владата на Орбан и Србија предводена од Александар Вучиќ, исто како што знам какви врски постојат меѓу Словачка на Роберт Фицо и Виктор Орбан. Отприлика знам кој стои зад овие односи, кој е ‘кум’ на овие големи пријателства“, додаде тој.

Сепак, тој нагласи дека за доброто на Унгарците што живеат во Србија, за Будимпешта е исклучително важно односите меѓу двете земји, кои во моментов можат да се сметаат за добри, да останат такви и да не зависат од поединци.

„Верувам дека ова е во интерес и на сегашното српско раководство и на Унгарците што живеат во Србија, како и во наш интерес. Отворен сум за соработка, без оглед на фактот дека веројатно за многу работи размислуваме поинаку од претседателот Вучиќ или српското раководство. Сепак, пријателството меѓу нашите народи и постојните добри односи се многу важни за нас. Можам да кажам дека нема да се мешаме во внатрешните работи на други земји. Самиот гледам какви се протестите и како властите се однесуваат кон нив“, рече тој.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 минути

Утре променливо облачно време со локални врнежи од дожд

Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе има услови за појава на нестабилност...

Македонија8 минути

Муцунски – Прево: Белгиска поддршка на Македонија во нејзината европска интеграција

На покана на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес во официјална посета на Република Северна Македонија...

Свет49 минути

Германски министер: Не учествуваме во војната во Иран, но ги чувствуваме последиците

Германија, иако не е вклучена во војната во Иран, директно ги чувствува нејзините економски последици, изјави денеска германскиот министер за...

Свет1 час

Маѓар објави видео, од далеку се гледа Орбан на балкон: Што мислите дека чита – неговиот проштален говор или спортски вести?

Победникот на неодамнешните унгарски избори и иден премиер, Петер Маѓар, објави видео од претседателската палата Шандор во Будимпешта, каде што...

Свет1 час

Трамп објави слика од Исус како го прегрнува: „Ми изгледа доста убаво!!!“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави слика од Исус како го прегрнува, генерирана од вештачка интелигенција, на својата социјална мрежа...

Свет2 часа

Лавров во Пекинг: Русија и Кина го зајакнуваат сојузот

Русија е подготвена да го зголеми количеството енергија што ја извезува во Кина пред очекуваната посета на претседателот Владимир Путин,...

Македонија2 часа

Савески во Врховниот суд: разговарано за поефикасно постапување по предметите во надлежност на највисокиот суд

Во рамките на заложбите за поефикасна координација меѓу Јавното обвинителство на РСМ и Врховниот суд на РСМ, државниот јавен обвинител...

Спорт2 часа

Мајкл Овен го избра фаворит на Светското првенство

Поранешниот напаѓач на Англија, Мајкл Овен (46), ги сподели своите размислувања за претстојното Светско првенство, истакнувајќи ја Франција како главен...

Македонија2 часа

Сиљановска-Давкова постхумно го одликува Анастас Коцарев со Орден „Илинден – 1903 година“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова постхумно го одликува Анастас Коцарев со Орден „Илинден – 1903 година“ за неговиот особен придонес во афирмирањето...