Свет
Турција и Катар постигнаа договор со талибанците за аеродромот
Турција и Катар постигнаа прелиминарен договор со талибанците за аеродромот Хамид Карзаи во Кабул и уште четири аеродроми во Авганистан, јави Анадолија.
Според информациите добиени од дописникот на агенцијата од дипломатски извори, турско-катарската делегација, која пристигна во петокот во Кабул, постигнала начелен договор со авганистанската страна за управување со аеродромот „Хамид Карзаи“ и уште четири аеродроми во земја.
Постигнат е консензус за формирање меѓусебни технички тимови, со цел да се утврдат деталите и да продолжат преговорите преку техничките комитети во наредните денови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
САД му испраќаат на Израел голема помош: „Го правиме тоа за да го одбраниме“
Соединетите Американски Држави најавија дека ќе испратат напреден противракетен систем до Израел и американски војници да управуваат со него, во обид да ја зајакнат воздушната одбрана на земјата по ракетниот напад од Иран.
Американскиот претседател, Џо Бајден рече дека го испраќа системот за да го одбрани Израел.
Портпаролот на Пентагон, Пат Рајдер, рече дека распоредувањето на системот за одбрана ќе го зајакне интегрираниот израелски систем за воздушна одбрана.
„Ова е дел од поширокото прилагодување на американската војска во последните месеци за поддршка на одбраната на Израел и заштита на Американците од нападите на Иран и проиранските милиции“, рече Рајдер.
Претходно во неделата, иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи ги предупреди Соединетите држави дека ги загрозуваат животите на нивните војници со тоа што „ги испраќа да управуваат со американските противракетни системи во Израел“.
„Иако направивме неверојатни напори во изминатите неколку дена за да спречиме војна од целосен обем во нашиот регион, јасно ќе кажам дека немаме црвени линии во одбрана на нашиот народ и интереси“, објави Аракчи на „Икс“.
Иран истрела проектили и беспилотни летала кон Израел во април. На 1 октомври повеќе од 180 балистички ракети беа истрелани кон Израел поради ескалацијата на борбите меѓу Израел и Хезболах во Либан. Многумина беа пресретнати, но некои ја пробија одбраната.
Свет
(Видео) „Ова е сосема лудо!“ – „Старшип“ на Илон Маск изведе неверојатна мисија
Компанијата „Спејс Икс“ на милијардерoт Илон Маск денеска изврши успешна пробна летачка мисија со системот „Старшип“, петта по ред, со успешно враќање на Земјата на првата етапа од вселенскиот систем.
Пробната мисија имаше за цел да презентира можност првата етапа, ракетата „Супер хеви“ да се врати на Земјата неоштетена. Таа слета директно во клештите на лансирната рампа од каде што претходно беше лансирана. Ова предизвика радосни извици и аплаузи во вселенскиот центар на компанијата во јужен Тексас.
Watch Starship’s fifth flight test https://t.co/LVrCnTv797
— SpaceX (@SpaceX) October 12, 2024
„Ова е сосема лудо!“ врескаше инженерката на „Спејс Икс“, Кејт Тајс за време на преносот во живо.
Ова претставува голем чекор напред кон главната цел на „Спејс Икс“, „Старшип“ да стане вселенско летало за повеќекратна употреба. На веб-страницата на „Спејс Икс“ се вели дека тоа е „вселенски брод за целосно повеќекратна употреба“ и втора етапа од системот „Старшип“ .
Свет
Бајден пристигна на Флорида: Се проценуваат штетите од ураганот Милтон
Американскиот претседател, Џо Бајден, денеска отпатува за Флорида за да ги согледа штетите од ураганот Милтон, второто невреме што ја погоди американската сојузна држава во последните неколку недели, бидејќи зголемените поплави, недостигот на гориво и прекинот на електричната енергија го отежнуваат чистењето.
Милтон, усмрти најмалку 17 луѓе, а струја и гориво сè уште нема во многу области, објави „Ројтерс“.
Бајден утринава слета во Тампа на воздушна обиколка на погодените области на пат за Санкт Петербург, каде што ќе биде информиран за ситуацијата од федералните, државните и локалните власти на плажата Сент Пит.
Градоначалниците на Тампа и Санкт Петербург, заедно со другите локални претставници, го поздравија Бајден, кој исто така ќе се сретне со службите за итни случаи и локалните жители пред да зборува.
Иако Милтон не беше толку деструктивен како што првично предвидуваа официјалните лица, аналитичарите проценија дека осигурените загуби се меѓу 30 и 60 милијарди долари
Администрацијата на Бајден одобри федерална помош за да им помогне на жителите и локалните власти да ги покријат трошоците, но рече дека на Федералната агенција за управување со вонредни состојби ќе и треба дополнително финансирање од американскиот Конгрес.