Контакт

Свет

Турција: Не се откажавме од Медитеранот, само привремено го повлековме бродот

Објавено пред

Турскиот министер за одбрана Хулуси Акар изјави дека враќањето на бродот „Оруч Реис“ за истражување крај јужниот брег на земјата не значи дека Анкара се откажала од своите права во источниот Медитеран.

Во изјава за државната новинска агенција Анадолија, Акар рече дека враќањето на бродот е дел од планираните операции, пренесува „Ројтерс“.

„Оруч Реис“ денес се врати во водите во близина на Анталија, потег што Грција го опиша како прв позитивен чекор во ублажување на тензиите околу крајбрежните природни ресурси.

Грција и Кипар ја обвинуваат Турција за потрага по наоѓалишта на нафта и гас во нивните води, додека Анкара вели дека има еднакви права како нив на ресурсите во тие води.

Турција испрати истражувачки бродови во спорната област, а членките на ЕУ испратија бродови за поддршка на Грција.

Свет

Од недела во САД се забранети „Тик ток“ и „Вечет“

Објавено пред

„Тик ток“ и „Вечет“ од недела ќе бидат забранети во САД, освен ако претседателот Доналд Трамп не се согласи во договор во последен момент.

Министерството за трговија соопшти дека ќе им забрани на луѓето во САД да преземаат апликации за пораки и споделување видео преку која било продавница за апликации на која било платформа.

Администрацијата на Трамп вели дека компаниите ја загрозуваат националната безбедност и можат да ги пренесат податоците за корисниците на Кина. Но, Кина и двете компании го негираат ова.

„Тик ток“ соопшти дека е „разочаран“ од наредбата и не се согласува со одделот за трговија, нагласувајќи дека компанијата веќе се обврзала на „невидени нивоа на дополнителна транспарентност“ во поглед на загриженоста на администрацијата на Трамп.

Наредбата за забрана од Министерството за трговија следи по извршните наредби на претседателот Трамп потпишани во август. Тоа им даде на американските бизниси 45 дена да престанат да работат со ниту една кинеска компанија.

Прикажи повеќе...

Регион

Силен земјотрес го погоди Крит

Објавено пред

Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала го погоди грчкиот остров Крит.

Според податоците на сеизмолозите, епицентарот на потресот е лоциран на длабочина од 40,5 километри југозападно од Арви, пренесе „Спутник“.

Сè уште нема информации за жртви и материјална штета.

Според Европскиот-медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот бил посилен – 5,9 степени според Рихтеровата скала.

Ова е шетси и најсилен земјотрес кој го погодил Крит за време на последниот месец.

Прикажи повеќе...

Регион

Украдени ретки книги во вредност од 2,5 милиони фунти, пронајдени под подот на куќа во Романија

Објавено пред

Околу 200 „незаменливи“ книги вредни повеќе од 2,5 милиони фунти (3,2 милиони американски долари), кои биле украдени од еден магацин во Лондон, се пронајдени закопани под подот на куќа во рурална Романија, соопшти полицијата, пренесе Би-би-си.

Делата вклучуваат први изданија на Галилео и Исак Њутн.

Тие биле украдени од крадци во јануари 2017 година, кои направиле дупки во покривот на магацин во Фелтам, а потоа влегле преку нив, избегнувајќи ги сензорите.

Мажите биле идентификувани како дел од романска банда за организиран криминал.

Бандата е одговорна за низата кражби на магацини со голема вредност низ Велика Британија, се вели во соопштението на лондонската полиција Метрополитен.

Полицајците ги откриле книгите под земја при претрес на куќа во регионот на Неама, во североисточна Романија.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ18 минути

Млад скопјанец осомничен дека криел оружје и дрога во бункери во Бутел

Дваесет и четиригодишен скопјанец е осомничен дека ги сокрил оружјето, муницијата и дрогата во бункери во Бутел кои беа откриени...

Регион13 часа

Украдени ретки книги во вредност од 2,5 милиони фунти, пронајдени под подот на куќа во Романија

Околу 200 „незаменливи“ книги вредни повеќе од 2,5 милиони фунти (3,2 милиони американски долари), кои биле украдени од еден магацин...

Свет14 часа

Трамп сакал да го ослободи Асанж, ако му кажел кој стои зад хакерскиот напад на Демократската партија

Американскиот претседател Доналд Трамп му понуди помилување на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, доколку открие кој стои зад хакирањето на...

Македонија16 часа

Отказ за советникот на Чулев поради насилно и недолично однесување

Министерството за внатрешни работи му даде отказ на Зоран Ѓорѓиевски, кој беше вработен како советник во кабинетот на министерот во...

Топ17 часа

Осумгодишно дете починало на пат кон болница

Вчера во Градската болница Куманово со возило на брза помош било донесено осумгодишно дете на реанимација. Детето било од Крива...

Македонија18 часа

Осум лица починаа од коронавирус, потврдени 144 нови случаи

Во последните 24 часа осум лица починаа, а потврдени се 144 нови случаи на коронавирус од 1.545 теста, соопшти Министерството...

Македонија19 часа

Мицкоски: На Јанкулоска ѝ судеа без докази затоа што не избра да биде слуга во скутот на Заев

„Мафијата на власт потроши над 8 милиони евра за службени возила, а за набавка на едно службено возило што го...

Македонија20 часа

40 илјади деца немаат компјутери за да следат онлајн-настава

Училиштата ќе отпечатат материјали за учење од дома за 40 илјади деца, кои немаат техничка опрема за следење на онлајн-наставата....

Македонија20 часа

Интегра го тужи Мицкоски, од него бара 100 илјади евра за клевета

Партијата Интегра поднесе тужба против лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку која бара 100.000 евра поради изнесени клевети и лаги...

Македонија21 час

Обвинителството поднесе жалба за условната казна за сообраќајната несреќа кај Млечен ресторан

Основното јавно обвинителство Скопје до Апелациониот суд поднесе жалба на пресудата за условна казна за сообраќајната несреќа што пред две...

Регион22 часа

(Видео) Редок циклон пристигна во Грција, јахти летаат на сите страни

Исклучително редок медитерански циклон, „медикејн“, кого Грците го нарекоа Јанис, погоди делови oд Грција. Медиумите јавуваат дека јахтите се удираат...

Свет23 часа

Национален парк на Тајланд по пошта им го враќа на туристите ѓубрето што го оставиле зад себе

Посетителите на националните паркови на Тајланд, по враќањето дома, може да почнат да добиваат пакети во кои им е испратено...

Македонија23 часа

Јанкулоска оди во затвор, Врховниот суд ја потврди пресудата

Врховниот суд, по една година вонредно преиспитување на предметот „Тенк“, ја потврди четиригодишната затворска казна, која ѝ беше изречена на...

Регион23 часа

Балканот се подготвува за исклучително редок метеоролошки феномен

Грција почна со подготовки за редок вид бура, медитеранскиот ураган познат како медиган. Според хрватскиот „Јутарњи лист“, се очекува невремето...

Македонија23 часа

Се расчистува дивата депонија кај СЦ „Борис Трајковски“

Општина Карпош почна со чистење на теренот во близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, кој изминатава недела гореше во два...

Свет24 часа

СЗО: Рекорден број нови случаи во Европа, пред нас е сериозна ситуација

Најновиот неделен биланс на бројот на нови случаи на коронавирус во Европа ги надмина бројките забележани кога пандемијата првпат го...

Свет24 часа

Кина спроведува клинички испитувања на 11 вакцини против Ковид-19

Кинескиот министер за наука и технологија, Ванг Џиганг, изјави дека земјата во моментот спроведува клинички испитувања на 11 вакцини против...

Економија24 часа

Жените сè уште значително помалку платени од мажите за иста работа

Надлежните институции во соработка со приватниот сектор и синдикатите да развијат ефикасен механизам кој ќе придонесе за изедначување на платите...

Топ1 ден

Тачи на Трамп ќе му додели Орден на слободата

Косово ќе му ја додели највисоката награда на американскиот претседател Доналд Трамп за неговата улога во помагањето на Косово и...

Европа1 ден

Чешка соборува рекорди: за еден ден 3.130 нови случаи на Ковид-19

Во Чешка се регистрирани 3.130 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, што е најголем број нови случаи за...

Досие