Контакт

Свет

Турција повторно провоцира, истражувачкиот брод пристигна во источен Медитеран

Објавено пред

Турскиот истражувачки брод „Оруч Реис“ стигна до локацијата во источен Медитеран, каде што ќе бара извори на јаглеводород, објави денеска турскиот министер за енергетика, Фатих Донмез.

Присуството на „Оруч Реис“ на тоа подрачје ги крена тензиите меѓу Грција и Турција бидејќи во понеделникот се закотви кај грчкиот остров Кастелоризо.

Грција објави дека тоа предизвикало големи тензии меѓу двете земји, а Турците тврдат дека имаат право на јаглеводород, пренесува „Ројтерс“.

„’Оруч Реис’ пристигна во источен Медитеран, каде што ќе ги продолжи своите активности. Тестовите почнаа во вторникот и уште денес ќе имаме неколку сеизмички извештаи“, рече Донмез.

Свет

Адвокатот на Трамп: Во лаптопот на синот на Бајден има фотографии од малолетни девојчиња

Објавено пред

Голем скандал со електронската пошта на синот на поранешниот американски потпретседател и актуелен кандидат за претседател, Џо Бајден избувна откако конзервативниот таблоид „Њујорк пост“ објави ексклузивен извештај со содржината на електронските пораки, со бомбастични обвинувања против Бајден јуниор, но и неговиот татко.

Хард дискот со овие непроверени пораки, кои, наводно, доаѓаат од лаптопот што Хантер Бајден го оставил на сервис, но заборавил да го подигне, до „Њујорк пост“ ги доставил адвокатот на американскиот претседател Доналд Трамп и поранешен градоначалник на Њујорк, Руди Џулијани.

Покрај обвинувањата за корупција, засновани на толкувањата на преписката на Хантер Бајден со деловни партнери во Украина и Кина, Џулијани сега отиде чекор подалеку, тврдејќи дека на неговиот лаптоп пронашол бројни фотографии од малолетни девојчиња, како и преписка на Хантер и Џо Бајден, каде што синот му се жали на таткото дека неговата партнерка на нивниот заеднички психијатар му рекла дека тој се однесувал сексуално несоодветно кон 14-годишно девојче.

Џулијани во интервју за конзервативниот портал „Њузмакс“ изјави дека го предал лаптопот на полицијата во Делавер. Јавниот обвинител на таа сојузна држава, од каде потекнува Бајден, изјавил дека полицијата го проследила материјалот до ФБИ и дека има континуирани прашања во врска со веродостојноста на овие тврдења што ФБИ ќе ги испита.

Трамп во меѓувреме побара од јавниот обвинител да ги испита обвинувањата што произлегуваат од електронската пошта со сомнително потекло за потенцијално нелегалните финансиски активности на Хантер Бајден, како и можниот судир на интереси и корупција на неговиот татко Џо Бајден додека тој бил потпретседател на Соединетите држави (2008-2016 година).

Од друга страна, многу американски медиуми и опозициски политичари изразија сомневање дека контроверзните електронски пораки биле хакирани и проследени до Џулијани, како дел од новата кампања за мешање во изборите во САД – исто како во 2016 година, кога американската разузнавачка заедница откри дека руски разузнавачи ја хакирале електронската пошта на претставникот на Демократската партија и шеф на кампањата на Хилари Клинтон, Џон Подеста, а потоа ги проследиле до „Викиликс“, така што нивното излегување во јавноста, заедно со ширењето на дезинформации и теории на заговор на социјалните мрежи, ги одвратило Американците да гласаат за Клинтон.

Прикажи повеќе...

Европа

Вонредната состојба во Франција можно е да трае до 16 февруари

Објавено пред

Француската влада размислува за продолжување на вонредната состојба поради пандемијата на Ковид-19 до 16 февруари в година, пренесува „Скај њуз“.

Владиниот портпарол Габриел Атал во изјава за медиумите рече дека уште неколку француски региони ќе влезат во т.н. статус на црвен аларм, што значи дека и во нив ќе се воведе полициски час, кој во моментот е во сила во најголемите француски градови.

Предложениот нов датум за крај на вонредната состојба значи дека полицискиот час, кој трае од 21 до 6 часот наутро секој ден, би можел да се продолжи.

Прикажи повеќе...

Европа

Шпанија стана првата западноевропска земја со над милион случаи на инфекција

Објавено пред

Шест недели откако стана првата западноевропска земја што забележа 500.000 случаи на инфекција со коронавирус, Шпанија денес премина над еден милион заразени, пишува „Гардијан“.

До вечерва се регистрирани 1.005.295 случаи на инфекција со коронавирус во земјата. Минатата недела починаа 575 лица, со што вкупниот број на смрни случаи достигна 34.366.

Шпанските власти во моментот размислуваат за полициски час, а во земјата се водат политички дебати, кои се закануваат да ги загрозат досега направените напори за време на вториот бран.

Во регионот на Мадрид, кој покрива речиси една третина од сите заразени во Шпанија, постојат спорови на ниво на централна и регионална влада за тоа какви мерки треба да се преземат. Претседателката на регионот, Изабел Дијаз Ајусо, денеска вети хируршки мерки што ќе ги поврзат здравството и економијата.

„Најважно за нас е економијата повеќе да не страда“, рече таа.

Покрај епидемијата, Шпанија ја тресе и политичката криза. Во моменти кога земјата надмина милион заразени, шпанскиот Конгрес почна расправа за иницијативата за недоверба против коалициската влада предводена од социјалистите, поднесена од крајнодесничарската партија Вокс.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Дванаесетмина починати и нови 641 заразен од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.688 тестирања, а регистрирани се 641 нов случај на...

Топ5 часа

Кондовец со возило удрил во полицаец и побегнал, нападнати биле и полицајците што го пронашле

Во вечерните часови на 20 октомври, на скопската улица Ѓорче Петров, автомобил „ауди“, управуван од А. А. (26) од село...

Македонија6 часа

Инспекторите ќе можат да ги затвораат кафеаните со новите законски измени

Со новите построги мерки кои се во собраниска процедура инспекторите ќе можат веднаш да ги затвораат угостителските објекти до 30...

Свет7 часа

(Видео) Силен земјотрес го прекина интервјуто на премиерката на Исланд

Силен земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала, за кратко го прекина интервјуто со премиерката на Исланд, Кетрин...

Македонија8 часа

Филипче: Мерките мора да се донесат во најкраток можен рок

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека обидот на ВМРО-ДПМНЕ за блокада на измените на Законот за заштита на населението...

Македонија8 часа

Владата ги осуди изјавите на Каракачанов: Тие се недолични и недостојни

Владата ги осуди изјавите на бугарскиот министер за одбрана, Красимир Каракачанов, дека би можел да испрати инженерски полк за демонтирање споменици во...

Македонија10 часа

Царовска: Екскурзии годинава нема да се организираат, учениците можат на прошетка до пет километри

Екскурзии оваа година нема да се организираат, испратени се упатства од Бирото за развој на образование, истакна министерката за образование...

Македонија10 часа

Шеќеринска: И ние и Бугарија сме членки на НАТО, ова не е начин на кој треба да комуницираме

Помина времето кога министри за одбрана од нашиот регион можеа да даваат такви изјави, а некој да ги смета за...

Регион11 час

Нов рекорд во Хрватска – 1.424 нови случаи и 11 починати

Рекордни 1.424 нови случаи на коронавирус се пријавени во последните 24 часаво Хрватска, а 11 лица починале, објави Националниот штаб...

Свет11 час

Австралија пријави случај на повторна инфекција со коронавирус

Австралиските власти пријавија редок случај на Ковид-19 во Мелбурн, Викторија, станува збор за лице кое било позитивно тестирано во јули....

Македонија12 часа

Македонија, Албанија и Црна Гора добиваат респираторни машини од НАТО

До крајот на овој или следниот месец, НАТО ќе достави респираторни машини во нашата земја со цел да помогне во...

Свет12 часа

Приведени уште седум лица за убиството на францускиот професор

Уште седум луѓе, вклучително и двајца малолетници, ноќеска биле предадени на судијата во рамки на истрагата за минатонеделното убиство на...

Македонија13 часа

Од денеска кафулињата и рестораните ќе работат до 23 часот

Од денеска угостителските објекти ќе работат со скратено работно време. Владата на вчерашната 13. седница ги разгледа и прифати препораките...

Свет13 часа

(Видео) Трамп напушти интервју зашто новинарката не носела маска

Американскиот претседател Доналд Трамп нагло го прекина интервјуто за емисијата „60 минути“ на „Си-би-ес њуз“ и не се врати на...

Свет13 часа

Коронавирусот ќе остане меѓу човечката популација како грип

Еден од најважните британски научници, Патрик Валанс, изјави дека коронавирусот веројатно ќе стане трајно заболување како грипот, доколку вакцината против...

Македонија14 часа

Администрацијата ќе работи од дома или со ротации

Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести целата државна и јавна администрација, општините и судовите, согласно принципот на...

Регион1 ден

Рама: Мора да избегнеме затворање на земјата поради Ковид-19 по секоја цена

Во Албанија има 301 случај на новозаболени од коронавирус, а четворица пациенти починаа, соопштија здравствените власти на таа земја. Во...

Свет1 ден

Папата Франциско првпат носеше маска на молитва за мир во светот

Папата Франциско првпат носеше маска за време на вршењето на својата јавна функција кога денес присуствуваше на молитва за мир...

Македонија1 ден

Заев го прифати барањето за разрешување на Димова

Премиерот Зоран Заев ја информира Владата дека го прифатил барањето на заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и...

Македонија1 ден

Угостителските објекти ќе работат до 23 часот

Владата, на денешната 13. седница, ги разгледа и прифати препораките на Комисијата за заразни болести да се ограничи работно време...

Досие