Контакт

Вести

Турција порача дека веќе не може да инсистира на решавање на сирискиот конфликт без Асад

Објавено пред

Турција повеќе не може да инсистира на решавањето на сирискиот конфликт без вклучување на претседателот Башар ал-Асад, имајќи предвид дека состојбата на теренот драматично се променила, изјави во петокот турскиот вицепремиер Мехмет Шимшек.

dobivaj vesti na viber

Турција долго инсистираше дека Асад мора да отстапи од должноста за да се постигне одржлив мир во Сирија, но повеќе не е упорна толку на неговото моментално заминување по затоплувањето на односите со Русија, којашто го поддржува сирискиот претседател, и во пресрет на мировните преговори планирани за 23-ти јануари во казахстанската престолнина Астана.

„Кога станува збор за нашите ставови за Асад, сметаме дека тој е директно виновен за патењето на сирискиот народ и трагедиите. Меѓутоа, мораме да бидеме прагматични, реални“, изјави Шимпек на панелот за Сирија и Ирак на Светскиот економски форум во Давос.

„Фактите на теренот драматично се променија и Турција повеќе не може да се инсистира на решение без Асад, тоа не е реално“, додаде./крај/мф/сн

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Голема загаденот во Струмица, стапија во сила мерките и препораките

Високо е загадувањето на воздухот во Струмица, каде два дена мерните станици покажуваат високи концентрации на ПМ10 честички повеќе од...

Свет6 часа

Прекинати преговорите меѓу Израел и Хамас за ослободување на заложниците

Преговорите меѓу Израел и Хамас за заложниците држени во Газа прекинаа денеска откако Израел продолжи да инсистира на ослободување на...

Топ7 часа

Деца силувале дете во Скопје, таткото на момчето пријавил во полиција

Maж од Скопје пријавил во полицијата дека две лица го силувале неговиот малолетен син. Според информациите во полицијата, таткото рекол...

Македонија10 часа

Приведени пет лица за случајот со исчезнувањето на 14-годишната Вања, полицијата обезбеди и едно возило

Пет лица се приведени доцна синоќа во врска со случајот со исчезнувањето на 14-годишната Вања, и обезбедено е едно возило,...

Македонија11 часа

Ковачевски вели дека не постои расположение сега да се укине техничката влада, туку од следните избори

Не постои консензуално расположение сега на краток период пред одржување на изборите да се укине техничката влада. Ова го истакна...

Македонија13 часа

(Видео) Автомобил удри во мечка кај Тетово – полесно повредени децата во возилото

Доцна синоќа на локалниот пат Тетово – Ноштено , автомобил удрил во млада мечка која го минувала патот заедно со...

Регион14 часа

Случаен избор или порака – сите очи вперени во вратоврската на кралот Чарлс со грчкото знаме

Изборот на вратоврската од страна на британскиот крал Чарлс на конференцијата COP28 во Дубаи поттикна шпекулации дека тоа е шифрирана...

Регион14 часа

Не сакав да седам на маса со земји кои не’ прогласија за непријатели, рече бугарската министерка која го напушти Скопје пред да стигне Лавров

Не можам да седам на иста маса со луѓе кои имаат антибугарски и антиевропски манифестации, изјави бугарската вицепремиерка и министерка...

Македонија15 часа

Шести ден ни трага ни глас од исчезнатата Вања, се пребаруваат и подруми и речни корита

Шести ден се трага по исчезнатата Вања Ѓорчевска, на која и’ се изгуби трагата на пат кон училиштето „Песталоци“. Во...

Свет15 часа

Војната во Газа повторно се разгорe: Израел нападна 400 цели, Хамас тврди дека се убиени 240 луѓе

Израелската војска соопшти дека погодила повеќе од 400 цели во Појасот Газа по истекот на прекинот на огнот, при што...

Македонија16 часа

Скопје повторно на врвот на листите на загаденост на воздухот

Скопје и оваа зима е загадено. Откако синоќа повторно градот се проби меѓу првите 10 држави во светот според загаденоста,...

Македонија1 ден

Лавров се врати во Москва прегу Грција и Турција: Министерот за надворешни работи на Русија најбараниот гостин во Скопје

Авионот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој присуствуваше на состанокот на Советот на министри на ОБСЕ во...

Свет1 ден

Путин потпиша нова уредба како одговор на агресивната активност на НАТО

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за одредување на бројот на редовни припадници на вооружените сили на Руската Федерација, соопшти...

Свет1 ден

Обновени судирите меѓу израелската армија и Хезболах: две лица загинаа во јужен Либан

Израелската армија соопшти дека погодила „терористичка ќелија“ во јужен Либан, а либанскиот Хезболах ги обнови нападите врз Израел. Две лица...

Македонија1 ден

Зеќири за казната затвор: Јас само спроведов предлог на вицепремиерот Фатмир Битиќи, ќе се жалам

Ексгенералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири, рече дека две и полгодишната затворска казна е неоснована и дека преку адвокатскиот тим...

Македонија2 дена

Лавров: Со години имавте понижувачко име, Западот ги подбуцнува народите на Балканот

Балканот има проблеми поради однесувањето на Западот, оценува министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров. На прашање за македонско-бугарските...

Македонија2 дена

Неколку стотини полицајци ја бараат исчезнатата Вања: проверени подруми, речното корито на Вардар, околните цркви и манастири  

За пронаоѓање на исчезнатото 14-годишно девојче досега се пребарани речното корито на Вардар, сите подрумски простории, не само во околината...

Македонија2 дена

(Во живо) Втор ден министерски совет на ОБСЕ

Денеска е вториот ден од триесеттиот министерски совет на ОБСЕ, кој се одржува во главниот град на Северна Македонија, Скопје....

Македонија2 дена

„Поради нерационалноста на Арсовска ќе се исплатат 1,5 милион евра долг кон приватните превозници и непотребни 1,5 милион денари камати и судски трошоци“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„На виделина излезе дека ЈСП, раководено од страна на кадарот на Данела Арсовска и СДС, на приватните превозници им должел...

Економија2 дена

Се враќа евтината тарифа на струја, сега 11 часа дневно e достапна за граѓаните, велат СДСМ

„Евтината тарифа на електричната енергија од денеска се враќа кај домаќинствата. Сега домаќинствата ќе имаат на располагање вкупно 11 часа...