Свет
Турција ја затвори границата со Иран

Турција ја затвори границата со Иран како превентивна мерка поради коронавирусот.
Иран е прва земја на Блискиот Исток во која има пријавени случаи на заболени од вирусот, вкупно 43.
Властите во областа Ван, популарна дестинација за иранските туристи во Турција, инсталираа термални камери на граничниот премин.
Неодамна ирачката влада, исто така, забрани влез на туристи од Иран, поради страв од коронавирусот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Меркел ја објави потврдата дека примила вакцина против Ковид-19

Германската канцеларка, Ангела Меркел, ја објави потврдата дека примила вакцина против коронавирус.
„Се радувам што денес ја добив првата доза на вакцината на ‘Астразенека’. Им благодарам на сите кои се ангажирани во кампањата за вакцинација и на сите кои се вакцинираат. Вакцинирањето е клучно за сузбивање на пандемијата“, напиша Меркел на „Твитер“.
Вакцината на „Астразенека“ во Германија се дава само на лица над 60-годишна возраст. Со ова Меркел испрати порака дека и натаму верува во оваа вакцина, коментираат германски медиуми.
Регион
Рама тврди дека го видел документот со промена на границите на Западен Балкан

Албанскиот премиер, Еди Рама, го потврди постоењето на мапа во врска со промената на границите на Западен Балкан, пренесува Газета Експрес.
„Разговарав со него (Јанез Јанша) многу одамна. Исто така, го имам видено документот што беше објавен. Немам коментар“, рече Рама во емисијата „Избори 2021″.
Во четвртокот, словенечкиот портал Нецензурирано.си објави документ, кој наводно предлага ревизија на границата меѓу Косово и Србија, обединување на Косово без северниот дел со Албанија, обединување на делови од Црна Гора и Македонија каде мнозинството е албанско население со Албанија, можноста за отцепување на Република Српска од Босна и Херцеговина и нејзино обединување со Србија, како и обединување на делови од западна Босна со Хрватска.
Европската унија повеќе пати повтори дека тие не знаат за таков документ.
Словенечкиот премиер, Јанез Јанша, чија земја ќе претседава со Европската унија во втората половина на оваа година, изјави дека тврдењата за постоење на тој документ се насочени кон нанесување штета на Словенија во ЕУ.
„Словенија сериозно бара решенија за развој на регионот и европската иднина за земјите од Западен Балкан и ваквите пишувања се обидуваат да ја спречат оваа цел“, објави Јанша на социјалните мрежи.
Тој вчера изјави дека не постои документ со кој Словенија би се залагала за промена на границите на Балканот.
Копија од наводниот документ беше објавена на англиски јазик од словенечкиот портал, но без да се објасни кој го составил и на кого бил упатен, пишуваат агенциите од регионот.
Свет
Русија им забрани влез на високи претставници на администрацијата на Бајден

Русија воведе забрана за влез на високи претставници на САД. Меѓу нив се и јавниот обвинител Мерик Гарланд и министерот за домашна безбедност Алехандро Мајоркас, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
Покрај двајцата членови на администрацијата на претседателот Џо Бајден, има уште шест лица на списокот на кои им е забранет влез во Русија.
Меѓу нив се директорот на ФБИ, Кристофер Вреј, директор на Националната управа за разузнавање (ДНИ) Аврил Хаинс и Сузан Рајс, која е претседател на Советот за внатрешни работи.
Руското министерство го стави на списокот и шефот на Федералниот затвор, Мајкл Карвахал.
На списокот се и поранешниот шеф на ЦИА, Ар Џејмс Вулси Џуниор и Џон Болтон, кој беше советник за национална безбедност на поранешниот американски претседател, Доналд Трамп.
Во соопштението на руското Министерство за надворешни работи се вели дека сите овие луѓе биле вклучени во развојот и спроведувањето на антируска политика во САД, објави новинската агенција ТАСС.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија3 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш