Европа
Турција ја повикува Грција да престане со милитаризација на островите во Егејското Море

Говорејќи на заедничката прес-конференција со неговиот романски колега Богдан Ауреску во Анкара, турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече дека Грција треба да ги почитува договорите.
Или Грција ќе направи чекор назад и ќе се придржува до договорот, или ќе го направиме она што е потребно“, предупреди Чавушоглу, алудирајќи на неодамнешната воена вежба на Грција на островите во Егејското Море, пренесува „Анадолија“.
Тој, исто така, ја критикуваше Грција за милитаризирање на островите во Егејското Море во близина на турскиот брег, кои се демилитаризирани според долгогодишните договори.
„Ако Атина не сака мир, Анкара ќе направи се што е потребно“, рече Чавушоглу.
„Грција продолжува со провокациите. За тоа не можеме да молчиме“, додаде шефот на турската дипломатија.
Грција неодамна спроведе воена вежба на егејскиот остров Родос, на 84 километри од турскиот приморски град Фетије.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Европската Унија ги продолжи економските санкции против Русија до 31 јули

Советот на ЕУ денеска одлучи да ги продолжи за шест месеци, до 31 јули 2023 година, санкциите насочени кон одредени сектори на руската економија.
„Тие во моментот се состојат од широк спектар на секторски мерки, вклучувајќи ограничувања на трговијата, финансиите, технологијата и стоките со двојна употреба, индустријата, транспортот и луксузните стоки. Тие исто така ја покриваат забраната за увоз или трансфер на морска сурова нафта и одредени нафтени деривати од Русија во ЕУ, де-SWIFT на неколку руски банки и суспензија на радиодифузни активности и лиценци за неколку места за дезинформации поддржани од Кремљ“, велат од ЕУ.
Овие санкции првпат беа воведени во 2014 година како одговор на руските акции во Украина, а потоа беа проширени во февруари 2022 година по руската воена агресија врз Украина.
Европа
Путин: Злосторствата на неонацистите во Украина покажуваат дека ги заборавиле лекциите од историјата

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека злосторствата извршени од неонацистите врз цивилите во Украина покажуваат дека тие ги заборавиле лекциите од историјата.
Путин посочи дека заборавањето на лекциите од историјата води до повторување ужасни трагедии и како доказ з тоаа ги наведе злосторствата против цивилите и етничкото чистење извршено од неонацистите во Украина.
„Против ова зло нашите војници сега се борат херојски, рамо до рамо“, рече Путин во телеграмата упатена до организаторите и учесниците на настаните посветени на одбележувањето на Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот и 78-годишнината од ослободувањето на затворениците од концентрациониот логор Аушвиц од страна на Црвената армија.
Европа
(Видео) Пожар проголта историско богатство, во Лондон изгоре црква стара 150 години

Црквата „Свети Марко“ во северозападен Лондон, која е стара повеќе од 150 години, е уништена при синоќешниот пожар.
Лондонската противпожарна бригада соопшти дека нема извештаи за повредени и дека причината за пожарот сè уште не е позната, пренесува Би-би-си.
На самото место беа ангажирани повеќе од 10 противпожарни возила со 80 пожарникари за да се справат со пламените јазици.
🚨VIDEO: London Fire dealt with a historic church blaze Thursday night pic.twitter.com/DxAqxicOuu #news #TheFOXposts
— The FOX Posts (@thefoxposts) January 27, 2023
На жителите што живеат во областа им беше препорачано да ги држат своите прозорци и врати затворени, а полицијата побара од јавноста да ја избегнува областа за да им дозволи на службите за итни случаи да работат.
При интервенцијата пожарникарите употребиле скала висока 64 метри, највисока од ваков вид во Европа.
Pics from London Fire Brigade – church is destroyed with precious mosaics and architecture lost – the church is not far from Abbey Road Studios pic.twitter.com/SnJpqyHzc6
— media:man 🔍🎬 (@chrishainstock) January 27, 2023