Свет
Турција ја прекина целата трговија со Израел
Турција од вчера го прекинува целиот извоз и увоз со Израел, соопшти турското Министерство за трговија, наведувајќи ја како причина „влошената хуманитарна трагедија“ на палестинските територии.
„Суспендирани се извозни и увозни трансакции поврзани со Израел и тоа се однесува на сите видови производи“, соопшти турското Министерство за трговија.
„Турција строго и решително ќе ги спроведе овие нови мерки додека израелската влада не дозволи непречен и доволен проток на хуманитарна помош во Газа“, се додава во соопштението.
Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац изјави претходно вчера дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган „ги прекршил договорите (меѓу Израел и Турција) блокирајќи го израелскиот увоз и извоз на пристаништата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски: Потребни се дополнителни санкции за Русија и повеќе системи за воздушна одбрана за Украина
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, по синоќешниот руски напад врз станбените области и инфраструктурата во Запорожје, повика на зголемен притисок и поголеми санкции врз Москва и побара повеќе системи за противвоздушна одбрана за заштита на украинските градови и оружје за армијата.
„Руската армија ноќеска го гранатираше Запорожје со ракети и беспилотни летала. Станува збор за напади врз станбени области и инфраструктура. Засега е познато дека едно лице загинало како резултат на овој терор. 26 лица се повредени. Сите надлежни служби се на терен. Тие прават се за да им помогнат на луѓето што е можно повеќе“, напиша Зеленски на Телеграм.
Тој додаде дека „дневниот терор на Русија врз Украина заслужува зголемен притисок врз терористите“.
Ветувањата на Западот дека еден ден ќе ја прифати Украина во НАТО беа лага, истакна Зеленски и додаде дека САД и Германија одржувале контакти со Русија во текот на целата војна, пренесуваат медиумите во регионот.
Свет
Неверојатен тренд во Јапонија, постарите жени намерно завршуваат во затвор за да не се чувствуваат осамено
Не е тајна дека Јапонија има големи проблеми со стареењето и нискиот наталитет. Во земјата на изгрејсонцето, најстарите се најтешко погодени. Изолацијата може да биде толку страшна што Јапонките намерно го прекршуваат законот за да завршат во затвор, пишува CNN.
Степенот на осаменост најдобро се илустрира со фактот дека 20% од затворениците во најголемиот јапонски женски затвор се жени. Постарите жени едноставно претпочитаат топол оброк, грижа и друштво наместо изолацијата и осаменоста што владее во нивните домови.
Затворот се повеќе се прилагодува на потребите на постарата популација, вклучително и помош при капење, хранење и медицинска нега.
„Некои жени дури сакаа да плаќаат меѓу 20.000 и 30.000 јени (122 и 184 евра) месечно за да можат да останат во затвор до крајот на животот“, откри чуварот Такајоши Ширанага за Си-Ен-Ен.
„Има луѓе кои доаѓаат овде затоа што е студено или затоа што се гладни“, додаде Ширанага.
Затворот се наоѓа северно од Токио и медиумите ретко се дозволени внатре.
Свет
Руте: Линијата на фронтот се движи во погрешна насока, мора да ја зголемиме помошта за Украина
Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска ја истакна потребата да се засили поддршката за Украина, велејќи дека е од витално значење Русија да не победи во војната што ја води во таа земја, бидејќи тоа, според него, ќе ги охрабри Северна Кореја и Кина.
Тој додаде дека линијата на фронтот моментално се движи во погрешна насока, пренесува Ројтерс.
„Навистина треба да ја зголемиме, а не да ја намалиме нашата поддршка за Украина“, рече Руте на настанот посветен на Украина на Светскиот економски форум во Давос.
Шефот на НАТО, исто така, истакна дека остварлив мировен договор за Украина треба да биде таков каде Путин „никогаш повеќе“ нема да може во иднина да стекне ниту еден квадратен километар Украина.