Контакт

Свет

Турција ќе им помогне на Палестинците да го тужат Израел во Меѓународниот кривичен суд

Објавено пред

Турскиот министер за надворешни работи изјави во четвртокот дека на Израел треба да му се суди во Меѓународниот кривичен суд (МКС) за масакрирање на Палестинците во неодамнешните судири на границата во Појасот Газа велејќи дека Анкара активно ѝ помага на палестинската власт да подготви тужба против Израел.

„Израел треба да биде изнесен пред Меѓународниот кривичен суд. Бидејќи трети страни не можат да го сторат тоа, Палестина мора да го иницира ова“, изјави министерот за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу.

Палестинците му се приклучија на МКС како член и го потпишаа Римскиот статут во 2014 година, што значи дека палестинската власт може да го тужи Израел во Хаг.

„Анализираме какви законски мерки може да се преземат“, рече Чавушоглу додавајќи дека неговата земја им дава правна помош на Палестинците.

Тој нагласи дека меѓународната комисија мора да го испита насилството во Газа и дека Израел треба да ги објасни своите постапки. Чавушоглу исто така побара од Генералното собрание на ОН да донесе резолуција за Ерусалим кога САД неделава ја отворија својата нова амбасада во главниот град.

Турција во понеделникот ги отповика своите амбасадори од Израел и од САД во знак на протест поради начинот на кој Израел се справува со пограничните немири во Појасот Газа, кои се случија истиот ден кога беше отворена американската амбасада во Ерусалим. Критикувајќи ја реакцијата на Израел, Ердоган во понеделникот рече дека Израел е терористичка држава што извршила геноцид.

Нетанјаху возврати ден подоцна велејќи дека како главен поддржувач на Хамас, турскиот лидер самиот вил вклучен во тероризам и колеж. По критиките на Нетанјаху, Турција го протера израелскиот амбасадор Еитан Наех поттикнувајќи го Израел да одговори со иста мера протерувајќи го турскиот конзул од Ерусалим.

Во екот на дипломатскиот судир, Ердоган во вторникот се состана со претставници на „Нетуреи Карта“, група што ги отфрла ционизмот и државата Израел врз верска основа и чии членови учествуваа на конференција за негирање на холокаустот спонзорирана од владата во Техеран.

Свет

Нобеловци предупредуваат на последиците од брегзит без договор

Објавено пред

Научници од највиоск ранг во цела Европа предупредуваат дека со излегувањето на Велика Британија од Европската Унија без постигнат договор за идните односи, би се нарушиле истражувањата низ целиот континент.

Во писмо кое го потпишале 29 лауреати на Нобелова награда и шестмина добитници на Филдсова медалја, награда во областа на математиката, ја повикаа британската премиерка Тереза Меј и претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, да обезбедат најблиска можна соработка меѓу комисијата и унијата, пренесе АП.

Инситутот „Франсис Крик“, кој е најголема лабораторија на биомедицински истражувања во Европа, со седиште во Лондон, исто така предупредува дека Брегзит без договор би можел да им наштети на истражувањата.

Истражувањето, во кое учествуваа повеќе од 1.000 вработени, открило дека 97 проценти од нив сметаат оти тврд брегзит ќе нанесе штета на британската наука.

Прикажи повеќе...

Регион

Украле 30 метри од мост во Зеница

Објавено пред

Непознати лица во Зеница украле дел од мост во должина од 30 метри на кој бил закачен магистралниот гасовод, пренесуваат босанските медиуми. Компанијата „БХ-Гас“ објавила дека за време на редовната контрола на трасата на гасоводот, која се наоѓа на подрачјето на општината Зеница, било забележано дека на локалитетот Канал, Зеница, недостига дел од преминот преку реката Босна кон „Арчелор Митал“.

Од гасоводот, кој бил закачен за мостот изминатите 40 годиниа, како што се наведува, се снабдувале компанијата „Арчелор Митал“ и останатите потрошувачи во индустриската зона на Зеница.

Лицата, со тоа што пресекле метална конструкција од мостот, ги довеле во опасност луѓето, но и направиле материјална штета, со оглед дека на одделни делови магистралниот гасовод не е врзан за мостот, со што може да се загрози безбедноста во снабдувањето со природен гас.

Постои и основано сомневање дека е направено и кривично дело – тешка кражба.

Прикажи повеќе...

Свет

Шојгу: Се надевам на соработка меѓу САД и Русија во решавање на конфликтот

Објавено пред

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека САД и Русија би можеле заеднички да се позанимаваат со стратешките проблеми и регулирањето на конфликтите, кои траат веќе долго време.

„Денеска постојат големи проблеми во светот, кои би можеле да се решат со заеднички напори. Се однесуваат на стратешки проблеми за намалување на нуклеарното вооружување и секако конфликтите кои веќе долго време траат“ рекол Шојгу на состанокот со американскиот советник за национална безбедност, Џон Болтон во Москва, пренесе ТАС С.

Шојгу се надева дека посетата на Болтон ќе даде нова енергија на стабилизацијата на односите меѓу САД и Русија.

„Сигурен сум дека дури и мали чекори ќе им користат на нашите односи и ќе ја повратат довербата“ рекол Шојгу.

Болтон денеска би требало да се сретне и со рускиот претседател Владимир Путин.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Јанчев: Барам јавно извинување и од Христијан Мицковски и од Александар Николовски или ќе ги тужам за клевета

На вчерашната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ до мене беа упатени неосновани обвинувања. Обвинувањата беа насочени кон мене како потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ...

Македонија3 часа

СЈО не добило барање од Мијалков за судот да му го врати пасошот

Кривичниот суд во Скопје ги демантира информациите кои се појавија во одредени портали, дека му бил вратен пасошот на ексдиректорот...

Македонија3 часа

МНР ги демантира тврдењата на Русија дека мнозинството во македонскиот парламент е обезбедено со уцени и закани

Министерството за надворешни работи на Република Македонија категорично ги отфрла вчерашните наводи и квалификации изнесени во коментарот на Департманот за...

Свет4 часа

Ердоган: Имаме силни докази дека убиството на саудискиот новинар било со денови планирано

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во турскиот парламент рече дека постојат силни докази дека убиството на новинарот Џамал Кашоги...

Свет4 часа

Пронајдено телото на убиениот саудиски новинар

Телото на саудискиот новинар Џамал Кашоги е пронајдено во бунар на територијата на резиденцијата и конзулатот на Саудиска Арабија во...

Македонија5 часа

Софија Куновска: И мене ме разреши СДСМ зашто реагирав дека слават во барокниот театар

Немаше да го напишам овој текст ако не почуствував дека сега е моментот да бидеме искрени до крај ако навистина...

Свет6 часа

Караван мигранти од Хондурас се движи кон САД и покрај заканите на Трамп

Илјада мигранти од Хондурас ја преминаа границата со Мексико и се упатија кон американската граница наспроти предупредувањата на мексиканските власти...

Свет6 часа

Мексико се подготвува за удар на ураганот Виља, се евакуираат илјадници луѓе

Мексиканските власти започнаа евакуација на илјадници граѓани во подрачјето на ниска надморска височина, поради исклучително опасниот ураган Виља, кој се...

Македонија16 часа

(Видео) ЦК предложи Мијалков и Тодоров да бидат исклучени од ВМРО-ДПМНЕ

За ексдиректорот на УБК и поранешен висок функционер во ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Мијалков, како и поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров,...

Македонија19 часа

Јанчев и Богданов исклучени од функциите во ВМРО-ДПМНЕ

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев, и членот на Извршниот комитет Костадин Богданов, кој дојде од редот на реформаторите, се разрешени...

Македонија21 час

(Видео) Палмер: Не се сретнавме со Мицкоски зашто ми ги кажа ставовите во писмото

Заменикот на помошник-државниот секретар на САД, Метју Палмер, на заедничка прес-конференција со премиерот Зоран Заев изјави дека не остварил средба...

Македонија22 часа

(Видео) Да дозволиме помирувањето од Собранието да продолжи во институциите, порача Заев

Помирувањето започна во Собранието, да дозволиме да продолжи во институциите, порача првиот човек на Владата, Зоран Заев, на заедничката прес-конференција...

Економија22 часа

Општините со три милијарди денари ќе ги покриваат долговите

Владата го усвои законското предлог-решение со кое на општините им се ставаат на располагање 3 милијарди денари за покривање на...

Македонија24 часа

Ѕанакопулос очекува договорот од Преспа да помине во грчкиот парламент

Со гласањето за почеток на уставните промени беше направен историски чекор што ќе ги однесе двете страни поблиску до стапување...

Македонија1 ден

Поддршка за Мицкоски или барање за негова смена на состанокот на ЦК?

Од обвинувања за изолација на партијата и избрзани одлуки на раководството со исклучувањето на пратениците до поддршка за лидерот на...

Македонија1 ден

Кирацовски: Ќе видиме дали националното помирување ќе биде само за 27 април или пошироко

Пратеникот на СДСМ, Александар Кирацоски, ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да се приклучат кон иницијативата за национално обединување бидејќи, како...

Македонија1 ден

Беса може да го условува спроведувањето на уставните измени во Собранието

Пратеникот Фадил Зендели, дел од крилото на Беса со кое предводи Биљал Касами, вели дека во процесот на уставните измени...

Крвав четврток1 ден

Сакаме да ги поддржиме храбрите пратеници што гласаа, рече обвинетиот Вилијам Михајловски

На почетокот од судењето за 27 април обвинетиот Вилијам Михајловски рече дека сака да им даде поддршка на храбрите пратеници...

Крвав четврток1 ден

(Видео) Пратениците што гласаа за уставните измени се појавија на судско рочиште за 27 април

Пратениците што во петокот гласаа за уставните измени во Собранието утрово се појавија на судско рочиште за настаните што се...

Свет1 ден

Екстремно опасeн ураган од петта категорија му се заканува на Мексико

Новоформираниот ураган Виља бргу прерасна во крајно опасна бура од речиси петта категорија во областа на источен Пацифик, која во...

Досие