Контакт

Свет

Туск: Најверојатно, Москва стои зад нападот на Сергеј Скрипал

Објавено пред

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, изјави дека, најверојатно, Москва стои зад труењето на поранешниот руски двоен агент Сергеј Скрипал на територијата на Велика Британија.

„Изразувам целосна солидарност кон британската премиерка Тереза Меј во врска со суровиот напад инспириран, најверојатно, од Москва“, изјави Туск за време на посетата во Финска.

Македонија

Дачиќ: Не и честитавме на Македонија бидејќи нема што да се честита

Објавено пред

Од

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека Србија не и честитала на Македонија за договорот за решавање на спорот со Грција околу името, бидејќи нема што да се честита, пренесе „Б92“.

Тој додаде дека Србија има позитивен став, но не гледа причина зошто би се мешале кога не се повикани.

„Не честитавме бидејќи немаме што да честитаме. Имаме позитивно мислење и го поддржуваме секој договор во кој страните се договараат да ги решат проблемите на мирен начин“, изјави Дачиќ одговарајќи на прашање дали Србија и честитала на Македонија.

Додаде дека сите го очекуваат крајот на процесот околу договорот меѓу Македонија и Грција.

 

Прикажи повеќе...

Регион

Бериша повикува на народен бунт за соборување на Рама

Објавено пред

Од

Поранешниот албански преседател и премиер, Сали Бериша, кој е духовен лидер на албанската десница ја повика опозицијата на народен бунт за соборување на владата на премиерот Еди Рама.

„Рама има бројни криминални активности, тој дозволува во земјата да влезат голем број на терористи на ИСИС, неговата влада и дава големи површини на Јонското море на Грција, заради што тој треба да биде соборен. Верувам дека сега е време тој да се собори од страна на Албанците и со народен бунт“, истакнува Бериша на својот „Фејсбук“ профил.

Ставот на Бериша е и став на опозицијата и ги зголемува политичките тензии во земјата. Според албанските аналитичари, Бериша и по неговото заминување од претседателската функција во Демократската партија останува највлијателна личност во десницата кој исто така има силно влијание и врз актуелниот претседател на опозициската ДПА, Лулзим Баша.

Медиумите исто така оценуваат дека во опозицијата има силна струја која работи на враќање на Бериша на лидерската позиција во Демократската партија.

Повикот на Бериша според аналитичарите во Тирана има за цел да ја зајакне опозицијата која се соочува со несогласувања околу начинот на соборување на владата на Еди Рама, но исто така и преземање на порадикални активности на опозицијата за соборување на владата на левицата во Албанија. Протестите кои беа органзиирани на неколку пати во земјата од страна на опозицијата ја немаат потребната масовност, поради што Бериша сега бара народен бунт, се нагласува во информациите на албанскиот печат.

К.М.

Прикажи повеќе...

Свет

Преку 50 талибанци убиени за време на примирјето

Објавено пред

Од

Најмалку 50 талибанци и 28 лица од авганистанските воени сили беа убиени за време на насилствата на последниот ден од примирјето на владите, изјавија денес официјални извори.

Министерството за одбрана потврди дека 11 борци од Армијата на Авганистан биле убиени, а девет повредени кога вооружените бунтовници упаднале во базата во северо-западната провинција Бадгис.

Портпаролот на министерството Мохамад Радманеш изјави за агенцијата „Анадолија“ дека талибанците ги нападнале војниците во областа Бала Мургаб.

„Нашите војници дисциплинирано го почитуваа примирјето кога талибанците нападнаа,“ рече портпаролот.

Во меѓувреме, администрацијата изјави дека 10 војници биле убиени по првичниот напад на талибанците. Уште 20 биле убиени во оклопни возила додека се движеле кон местото на нападите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

(Видео) Пратениците го ратификуваа договорот со Грција

Со 69 гласа „за“, без против и воздржани, пратениците во македонското Собрание го ратификуваа договорот за името со Грција. На...

Македонија5 часа

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ ќе бара мислење од Венециската комисија за договорот со Грција

Венециската комисија ќе треба да се изјасни за договорот со Грција по барање на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, најави пратеникот Драган Данев....

Економија6 часа

(Видео) Протест пред судот во Велес за поддршка на планот за „Фени“

Шеесетина вработени од „Фени“ претпладнево дојдоа пред судот во Велес за да му дадат поддршка на планот за реорганизација на...

Македонија6 часа

(Видео) Груби: Денес се раѓа ново сонце на слободата

Денес се раѓа ново сонце на слободата и исполнување на сонот на Македонија за Европската Унија, рече пратеникот од ДУИ,...

Македонија6 часа

(Видео) Заев: Граѓаните ќе ја донесат конечната одлука за името

Граѓаните ќе ја донесат конечната одлука за името, рече премиерот Зоран Заев во своето обраќање на седницата на која пратениците...

Македонија7 часа

Иванов до Заев: Поведи постапка за импичмент, мојот став за договорот со Грција е конечен

Претседателот Ѓорге Иванов го повика премиерот Зоран Заев да поведе постапка за импичмент. Во соопштението испратено од кабинетот на претседателот,...

Македонија9 часа

Груевски: Ваков договор не можев да прифатам оти Грција немала вакви барања

По изјавата на премиерот Зоран Заев дека не е првпат Македонија да прифати ерга омнес и дека тоа го направила...

Свет9 часа

САД се повлекуваат од Советот за човекови права на Обединетите нации

САД се повлекуваат од Советот за човекови права на Обединетите нации. Државниот секретар Мајк Помпео и американскиот амбасадор во ОН, Ники...

Македонија9 часа

Ратификацијата на договорот со Грција на собраниска седница

Пратениците денеска се очекува да гласаат за ратификација на договорот со Грција за промена на името, откако предлог-законот вчера попладне...

Македонија1 ден

(Видео) Архитектите не сакаат да проектираат болница за 12 денари по квадрат, Филипче ги повикува на дискусија

Тендерот што го распиша Министерството за здравство на кој се бара идејно решение за нова градска болница на местото на...

Македонија1 ден

(Видео) Димитров: Сите ја сакаме татковината и сакаме да го зачуваме идентитетот

Предлог-законот за ратификација на договорот за решавање на спорот за името e пред Комисијата за европски прашања, каде што расправата...

Македонија1 ден

Жителите на Тимјаник го намалиле отпорот за отворање мал групен дом во нивното село

Месното население во Тимјаник, една недела подоцна откако предизвика голем револт кај јавноста бидејќи протестира против отворањето мал групен дом...

Македонија1 ден

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ денес не се враќа на седница

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска нема да учествува во работата на Собранието заради, како што велат, кршење на Уставот и...

Македонија1 ден

(Видео) Делегација на демонстрантите бара средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

Демонстрантите, кои во пресрет на седницата за ратификација на договорот за решавање на спорот за името, започнаа протест пред Собранието...

Македонија1 ден

(Видео) Демонстрантите ги повикаа Мицкоски и пратениците да излезат од Собранието и да им се придружат

Помала група демонстранти се собраа пред зградата на парламентот поради закажаната седница, на чиј дневен ред е предлог-законот за ратификација...

Македонија1 ден

Собранието по скратена постапка ќе го ратификува договорот со Грција

Oд 109 гласа, со 69 „за“ и 40 „против“ Собранието ја усвои потребата договорот со Грција да биде ратификуван по...

Македонија1 ден

(Видео) „Предавник“, извикуваат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ до Димитров

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во собраниската сала пред пратениците образложи зошто договорот со Грција треба да биде донесен...

Македонија1 ден

(Видео) Демонстрантите пред Собранието бараат оставка од Владата, а не ратификација на договорот за името

Помала група граѓани денеска повторно излегоа на протест пред Собранието на РМ поради закажаната седница, на чиј дневен ред е...

Македонија1 ден

Со почеток на расправата за договорот со Грција, почнуваат и протести пред Собранието

Договорот за промена на името, со кој се решава спорот меѓу Македонија и Грција, денес ќе биде ставен во процедура...

Македонија2 дена

(Видео) Солза Грчева: Народот е доведен до ѕид од една предавничка тајфа

Нашиот глас ќе стигне до секој. Синоќа се случи нешто што неверував дека во мојата земја ќе биде.30 шок бомби...

Досие