Контакт

Европа

Уапсена жена поврзана со убиството на новинарката во Северна Ирска

Објавено пред

Полицијата од Северна Ирска денеска објави дека уапсила 57-годишна жена врз основа на антитерористичкиот акт во врска со убиството на новинарката Лира Мекки.

Апсењето на жената се случи по соопштението на организацијата „Нова ИРА“, во кое признава дека еден од нејзините доброволци ја убил новинарката Меки, која била погодена од огнено оружје додека известувала за немирите во Лондондери, објави АП.

Властите веруваат дека едно лице пукало за време на хаотичните немири што избија во четвртокот вечерта, но ја имаше поддршката од својата организација.

Лира Меки беше убиена минатата недела кога заталкан куршум ја погоди во главата кога непознати луѓе пукаа и фрлаа „молотови коктели“ на полицајците за време на рутинска контрола во округот Креган во Лондондери.

Европа

Германски автомобилски гигант казнет поради штетните гасови

Објавено пред

Германскиот снабдувач на автоделови, компанијата „Бош“, се согласи да плати 90 милиони казна поради пропусти во обврските за надзор, што на производителите на автомобили им овозможи да манипулираат со емисијата на штетни гасови, соопшти денес обвинителството во Штутгарт.

Скандалот, популарно наречен „Дизелгејт“, во кој автомобилските компании користеа софтвер за фалсификување на податоците за тестирање на емисиите на издувни гасови, беше реализиран со помош на технологијата на „Бош“, според „Ројтерс“.

Од „Бош“ ја прифатија казната и нема да се жалат на одлуката, велат од обвинителството.

Германски „Фолксваген“ користеше елементи на софтверот на „Бош“ за да ги замаскира нелегалните емисии на штетни гасови во своите дизел-автомобили.

Прикажи повеќе...

Европа

Новиот мост во Џенова ќе биде готов во април 2020 година

Објавено пред

Реконструкцијата на мостот што минатата година се урна во италијанскиот град Џенова, при што загинаа 43 лица, се очекува да биде завршена до следниот април и покрај тоа што се доцни со уривањето, рече во средата специјалниот комесар за реконструкција.

Уривањето на мостот „Моранди“, кој се сруши минатиот август, почна во февруари. Италијанската популистичка влада ја направи неговата реконструкција приоритет ветувајќи дека новиот мост ќе биде отворен в година.

Комесарот Марко Бучи, кој е исто така и градоначалник на Џенова, рече дека работите за уривање доцнеа две-три недели, но дека реконструкцијата веќе е почната.

„Брзаме напред… но, сè уште продолжуваме според планот, според кој новиот мост треба да биде завршен до април 2020 година“, рече тој.

Познатиот архитект роден во Џенова, Ренцо Пијано, кој ги дизајнира центарот „Помпиду“ во Париз и облакодерот „Шард“ во Лондон, донира предлог за новиот мост и се согласи да ја надгледува работата.

Договорот за реконструкција им беше доделен на најголемата градежна компанија во Италија, „Салини Импрегило“ и на бродоградителот „Финкантиери“.

Уривањето на мостот го отежна пристапот до пристаништето во северозападниот дел на градот, а исто така значеше и многу подолг пат за луѓето што сакаат да патуваат во јужна Франција.

Прикажи повеќе...

Европа

Марин Ле Пен мора да врати 300.000 евра во Европскиот парламент

Објавено пред

 

Европскиот суд ја отфрли жалбата на француската десничарска лидерка Марин Ле Пен, која повторно го оспорува враќањето на 300.000 евра во Европскиот парламент за спорното вработување на својата соработничка додека беше европратеник.

Во пресудата од вторникот Европскиот суд на правдата ја отфрли жалбата на Ле Пен на одлуката во јуни 2018 година, последната фаза на таа постапка на европско ниво. „Димна бомба, никој не е измамен“, одговори Марин Ле Пен со СМС.

Претседателката на Националното собрание (РН) ја објави жалбата по одлуката на Европскиот суд од 19 јуни 2018 година, со која се потврдува дека Ле Пен мора да врати 300.000 евра за аферата што била предмет на правен спор во Франција. Ле Пен побара поништување на процесот.

Судот исто така оцени дека Ле Пен не можела да докаже дека нејзината соработничка ги извршувала задачите за неа една и пол година по одлуката на Европскиот парламент за тоа враќање.

Надоместокот се однесува на вработувањето на Кетрин Грисет како парламентарна соработничка на крајот од 2010 година до почетокот на 2016 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

Јункер: Глупавите националисти ги сакаат само своите земји

Претседателот на Европската комисија, Жан клод Јункер изјави дека е свесен за заканата, која ја претставуваат националистичките политичари за европската...

Топ7 часа

(Видео) Груби ја поздрави одлуката за оставка на Богоевски

Пратеникот од ДУИ, Артан Груби, ја поздрави одлуката за оставката на пратеникот Павле Богоевски и изрази жалење за состојбата во...

Бегството на Груевски8 часа

Јовески: Не постојат пречки за Интерпол да објави потерница по Груевски

Јавниот обвинител Љубомир Јовески рече дека верува оти не постојат законски или какви било пречки за да биде објавена потерницата за...

Македонија9 часа

(Видео) Павле Богоевски најави оставка

Пратеникот Павле Богоевски најави дека ќе поднесе оставка по скандалот со аудиоснимката објавена на руската мрежа „Вконтакте“, а на која...

Регион11 час

Дачиќ бил во Сомалија за време на нападот: „Се слушна силна експлозија“

Во моментот кога се случи терористичкиот напад во престолнината на Сомалија, српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ се наоѓал...

Свет13 часа

Франција бара истрага дали Сирија употребува хемиско оружје

Француското Министерство за надворешни работи соопшти дека мора да се разгледаат последните тврдења дека сириската влада употребува хемиско оружје. Министерството...

Спорт13 часа

Марадона приведен на аеродромот во Буенос Аирес

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Диего Армандо Марадона, бил уапсен на аеродромот во Буенос Аирес. Медиумите објавија дека...

Европа13 часа

Над 400 милиони луѓе ќе гласаат за новиот состав на Европскиот парламент

Повеќе од 400 милиони луѓе со право на глас од денеска до недела ќе избираат нов состав на Европскиот парламент....

Забава1 ден

Тамара прва од гласовите на жирито, а седма во финалето, гласовите коригирани

Македонската претставничка на Евровизија, Тамара Тодевска, сепак, заврши на седмото место на евровизиското финале и на првата позиција според гласовите...

Македонија1 ден

(Видео) Заев за изјавата на Груби: Рашомонијадата од изјави на крајот ќе биде поткрепена, ќе видиме која е вистината

Премиерот Зоран Заев и натаму не открива колку лица ќе бидат сменети од функциите, ниту, пак, нивните имиња. Тој вели...

Македонија1 ден

Кривични за експретседателот на Регулаторна и тројца членови, со парното ги оштетиле скопјани за 6,6 милиони евра

Одделот за сузбивање  организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против лицата Д.П. (51), вработен како претседател и член на ...

Македонија1 ден

Анкета на „Макфакс“: Павле Богоевски треба да поднесе оставка

Во онлајн-анкетата што ја спроведе истражувачкиот центар на „Макфакс“ на прашањето каков епилог треба да има аферата за пратеникот Павле...

Македонија1 ден

Антикорупциската бара кривично да се гони Владимир Панчевски

Антикорупциската комисија ќе поднесе иницијатива за кривично гонење одговорни и службени лица во Основниот суд Скопје 1, меѓу кои и...

Македонија1 ден

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ повторно бара надзорна расправа за адвокатските услуги на власта

ВМРО-ДПМНЕ повторно побара надзорна расправа за да се расветли скандалот со милионските суми за адвокати ангажирани од јавните претпријатија и...

Македонија1 ден

Оливера Трајковска, Орце Камчев и Иво Котески ќе сведочат за апсењето на Бошкоски

Новинарката Оливера Трајковска, бизнисменот кој важеше близок до поранешната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Камчев, и поранешниот портпарол на МВР,...

Македонија1 ден

Вработени во МВР што работеле на случајот на Бошкоски не знаат кој ја дал наредбата за негово апсење

Судењето за случајот „Тортура“, кој се однесува на апсењето на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, продолжи со испрашување...

Македонија1 ден

Прекршочна пријава за директорката на Хематологија – не поднела анкетен лист за имотната состојба

Антикорупциската комисија поднесе прекршочна пријава против директорката на Клиниката за хематологија, Ирина Пановска-Ставридис, за неподнесување анкетен лист за имотната состојба....

Свет1 ден

(Видео) Торнадa беснеат во Америка, куќите останаа без покрив

Невреме и торнадо го погодија северниот дел на САД, а во близина на аеродромот во Тулса, Оклахома, најмалку едно лице...

Европа1 ден

Пресметка со шверцери на дрога во Европа, уапсени 22 лица

Во координирана операција против шверц со дрога во Европа, 22 лица беа уапсени, соопшти Европол. Осомничениот водач на синџирот шверцери,...

Свет2 дена

САД ѝ дадоа рок на Турција да се откаже од купувањето руски противракетен систем

САД ѝ дадоа рок на Турција од две недели да се откаже од купувањето руски противракетен систем „С-400“ во корист...

Досие