Контакт

Европа

Уапсени две лица за убиството на новинарката во Северна Ирска

Објавено пред

Две момчиња на возраст од 18 и 19 години се упасени во врска со убиството на новинарка за време на безредијата во градот Лондондери, соопшти полицијата во Северна Ирска.

Тие биле уапсени врз основа на законот за борба против тероризам и однесени на сослушување во полициска станица.

Лира Меки, 29-годишната новинарка, веројатно ја погодил залутан куршум кога непознати лица пукале и фрлале молотови коктели врз полицијата во немирите. Полицијата верува дека за безредијата се одговорни припадниците на отпадничката група Нова ИРА.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Паѓа довербата во шведските власти поради големиот број на починати од Ковид-19

Објавено пред

Одлуката на шведските власти да не воведат карантин како оној во повеќето европски земји, првично наиде на поддршка од граѓаните, но во последните недели се забележува зголемена критика за високата стапка на смртност поврзана со коронавирусот, во споредба со другите нордиски соседи.

Така, високиот или релативно високиот процент на граѓани кои веруваат во можноста на владата да се справи со пандемијата, месецов паднал на 45 проценти, во споредба со 63 проценти во април, покажува истражување на агенцијата „Новус“ спроведено за јавниот тв-канал СВТ.

Паднала и поддршката за Шведската агенција за јавно здравје, која ја водеше кампања за воспоставување мерки за физичко растојание и хигиена, од 73 на 65 проценти.

Во посебна анкета на „Демоскоп“ за дневниот весник „Афтонбладет“, бројот на оние со голема или релативно голема доверба во владините активности поврзани со пандемијата на коронавирус паднала од 65 на 55 проценти.

„Имајќи предвид дека шведските бројки за смртност се разликуваат во споредба со меѓународните податоци, впечатливо е што нивото на доверба е повторно прилично високо“, коментира аналитичарот на „Демоскоп“, Питер Сантесон.

Додека голем дел од Европа воведе карантин во борбата против пандемијата, а Шведска се потпре на поблаги мерки, засновани на одговорноста на граѓаните, со цел да се забави ширењето на епидемијата, но и да се спречи голема штета за економијата.

Шведска има најголема стапка на смртност во светот. Повеќе од 4.500 луѓе починале, а над 40.500 се заразиле.

Данска, Финска и Норвешка заедно имаат околу 1.100 смртни случаи.

Прикажи повеќе...

Европа

Германија воведува големи субвенции за набавка на електрични автомобили

Објавено пред

Германија денеска претстави големи стимулации за електрични и хибридни автомобили, овозмужувајќи му на „Фолксваген“ поттик за производство на електрични возила, додека се зголемуваат даноците за спортски теренски возила со мотори со внатрешно согорување.

Поттикот за купувачи на автомобили, кој вклучува и намалување на ДДВ-то од 19% на 16%, е дел од економскиот стимулативен пакет во висина од 130 милијарди евра, чија цел е да се забрза закрепнувањето на Германија од ефектите на коронакризата.

Покрај зголемувањето на високите даноци за возилата што испуштаат големи количини јаглерод диоксид (СО2), што влијае на спортските теренски возила, Германија одобри субвенции од 6.000 евра за електрични автомобили со батерии, кои чинат помалку од 40.000 евра. Ова покренува субвенции за електрични автомобили и до 9.000 евра, доколку се пресметаат и субвенциите од 3.000 евра кои производителите ги нудат за вакви возила.

Сепак, прагот од 40.000 евра значи дека производителите на луксузни автомобили како „БМВ“, „Мерцедес“, па дури и „Тесла“ не ги исполнуваат условите за целосниот износ.

Германија веќе објави дека нејзиниот данок на моторни возила ќе претрпи измени. Од јануари 2021 година, сопствениците на автомобили со емисии повисоки од 95 грама CO2 на километар ќе се соочат со високи даноци.

Просечната емисија на новите автомобили минатата година во Германија изнесувала околу 150,9 грама СО2 по километар.

Прикажи повеќе...

Европа

Меј го нападна Џонсон дека ја затвора Велика Британија од остатокот на светот

Објавено пред

Поранешната британска премиерка Тереза ​​Меј го нападна нејзиниот наследник Борис Џонсон поради планот за забрана за патување, проценувајќи дека тоа ќе ја затвори Велика Британија од остатокот на светот.

Таа за време на дебатата во парламентот рече дека без меѓународни патувања нема светска Велика Британија, пренесува „Тајмс“.

Меј ја поддржаа двајца членови на конзервативците, истакнувајќи дека таквата мерка ќе биде непропорционална и ќе предизвика економска штета.

Во исто време, таа предупреди и на безбедносните импликации ако се случи конечен брегзит без договор, што ќе доведе до губење на соработката во однос на размена на податоци и разузнувачки податоци со Европа.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија42 минути

Двајца починати и 120 нови случаи на коронавирус во Македонија

Две лица починаа од коронавирус во последните 24 часа во Македонија, а регистрирани се 120 нови случаи, што е една...

Македонија1 час

Поради полицискиот час се поместуваат термините за аплицирање за лични документи

Граѓаните кои имаат закажано термини за аплицирање за лични документи во деновите кога во дел од општините на сила ќе...

Македонија3 часа

Најголем дел од заболените во Скопје се од Чаир

Најголем број од активните случаи на коронавирус во Скопје се од Чаир, по што следат Сарај, Аеродром, Бутел и Гази...

Регион4 часа

(Видео) Нереди на протест во Атина за смртта на Џорџ Флојд – употребени молотови коктели и солзавец

Грчката полиција употребила солзавец за да ги растера демонстрантите кои фрлале молотови коктели за време на протестот што се одржа...

Свет4 часа

СЗО продолжува со тестирање на лекот против маларија кај пациенти со Ковид-19

Светската здравствена организација ќе продолжи со тестирање на хидроксихлорокинот како потенцијален лек против коронавирусот, изјави директорот на СЗО, Тедрос Аданом...

Свет5 часа

(Видео) Чувар прободел 37 деца и тројца возрасни во градинка во Кина

Најмалку 40 лица се повредени во напад со нож на југот на Кина, јавуваат кинеските државни медиуми. АП наведува дека...

Свет5 часа

Џорџ Флојд имал коронавирус

Обдукцијата покажала дека убиениот Афроамериканец Џорџ Флојд бил позитивен на коронавирус, објави Си-ен-ен. Главниот медицински инспектор Ендру Бејкер изјавил дека...

Македонија6 часа

Мицкоски призна дека бил во кафеaна, не знаел дека е забрането да се седи внатре

Откако Државниот пазарен инспекторат вчера објави дека инспекторите биле спречени да извршат надзор во кафеана во Дебар маало, а после...

Македонија16 часа

(Видео) Инспектори биле спречени да направат надзор во кафеана, внатре бил лидер на политичка партија

Вработени во угостителски објект на Боемската улица во Дебар Маало не им дозволиле на инспекторите од Пазарниот инспекторат да извршат...

Македонија16 часа

Филипче: Се надевам дека, конечно, и на последните скептици ќе им стане јасно дека вирусот не е шега

Се надевам дека, конечно, и на последните скептици ќе им стане јасно дека вирусот не е шега. Вирусот нема да...

Македонија18 часа

Владата донесе одлука за повторно воведување полициски час

Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести за повторно воведување полициски час за време на претстојниот продолжен викенд...

Топ21 час

Приведени седум полицајци во Куклица, правеле забава без да ги почитуваат мерките

Седум полициски службеници, кои не биле на должност, биле приведени затоа што правеле забава, без да ги почитуваат мерките против...

Македонија22 часа

И со негативен тест задолжителен е 14-дневен карантин по влез во земјата

Министерството за внатрешни работи соопшти дека при влез на наши граѓани во земјата, како и на странци, но само со...

Економија23 часа

Граѓаните на интернет ќе треба да проверат дали се меѓу корисниците на домашната платежна картичка

Граѓаните кои ќе бидат корисници на домашната платежна картичка нема потреба да аплицираат или да се пријават за да ја...

Македонија1 ден

Османи во Штип: Во компаниите ќе има ковид-координатори кои ќе го следат спроведувањето на мерките

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во улога на главен координатор на кризните штабови за одбрана од Ковид-19, оствари...

Македонија1 ден

Четворица починати и 101 случај на новозаразени од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 974 тестирања, а регистрирани се 101 нови случаи на Ковид-19, информираат од Минитерството за...

Свет1 ден

Тајна снимка на СЗО откри како Кина го прикрила коронавирусот

Снимки од интерни состаноци во Светската здравствена организација покажале дека СЗО едвај ги добила најпотребните информации од Кина на почетокот...

Европа1 ден

Главниот шведски епидемиолог призна дека од денешен аспект би имал друг пристап кон пандемијата

Главниот шведски епидемиолог, кој стои зад стратегијата земјата да не применува строги мерки поради пандемијата на коронавирусот, призна дека требало...

Свет1 ден

(Видео) Бајден: Полицијата треба да пука во нозе

Полицајците кои пукаат во луѓето кои претставуваат закана треба да им пукаат во нозете, а не во срцето, соопшти поранешниот...

Свет1 ден

Војска распоредена околу Вашингтон, трупите се во состојба на засилена готовност

Околу 1.600 американски војници се распоредени во пошироката област на Вашингтон и се во состојба на засилена подготвеност, објави Пентагон...

Досие