Свет
Уапсени над 300 лица на протестите во Белорусија, не работат апликациите за допишување

Белоруската полиција денеска уапси повеќе од 300 учесници во масовните демонстрации, на кои се бара оставка на долгогодишниот претседател, Александар Лукашенко.
Илјадници демонстранти повторно излегоа на улиците, собирајќи се во мали групи ширум Минск, што е нова тактика со цел да ја отежнат работата на полицијата, наведува Асошиејтед Прес.
Полицијата од Минск соопшти дека уапсила повеќе од 300 лица. Дописникот на новинската агенција Франс Прес, тврди дека бил сведок на апсење на три лица и видел како полицијата растерува групи од 10 до 15 демонстранти.
Пред протестите во Минск, полицијата утрово постави водени топови во центарот на градот и го блокираше пристапот до главните плоштади, метро-станиците и државните институции.
Пристапот на апликациите за допишување е оневозможен на национално ниво.
Тихановскаја: Белорусите нема да се предадат
Лидерот на опозицијата, Светлана Тихановскаја, која избега во Литванија веднаш по изборите за да избегне апсење, рече дека секој протест е „потсетување дека Белорусите нема да се предадат“.
„Нема да дозволиме кршење на нашите права или да замижуваме пред злосторствата“, рече Тихановскаја.
Белорусија е погодена од политичка криза од претседателските избори на 9 август, кога започнаа масовни антивладини протести низ целата земја, иницирани од официјалните резултати од гласањето, според кои Лукашенко освои повеќе од 80 проценти од гласовите. Противниците на Лукашенко тврдат дека изборите биле украдени.
И покрај напорите на властите да ги задушат демонстрациите со апсење и потиснување на демонстрантите и активистите, масовните протести не стивнуваат дури и по повеќе од три и пол месеци.
Лукашенко, кој управува со Белорусија од јули 1994 година, ги обвинува западните земји за поттикнување на протестите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Толпата во Капитол сакала да ги фати и убие избраните пратеници, тврдат обвинителите

Федералните обвинители на САД во поднесокот до судот тврдат дека толпата што упадна во зградата на Капитол сакала да ги фати и убие избраните пратеници, пренесува „Гардијан“.
Тужителите ја направија таа процена во поднесокот до судот со кој се бараше притвор за Џејкоб Ченсли, снимен во зградата на Капитол со рогови на главата.
Барањето за притвор, напишано од обвинителите во Аризона, детаљно наведува што направил Ченсли во Капитол. Меѓу другото, се наведува дека тој му оставил порака на потпретседателот на САД, Мајк Пенс, во која гласи: „Правдата доаѓа, прашање на време е“.
„Силните докази, кои ги вклучуваат зборовите и постапките на Ченсли во Капитол, ја поддржуваат тезата дека демонстрантите сакале да ги фатат и убијат избраните американски службеници“, се вели во поднесокот.
Чансли треба да се појави на суд в понеделник, а неговиот полномошник по службена должност не даде коментар за поднесокот.
Обвинителите и федералните агенти поведуваат посериозни обвиненија за насилство во Капитол, пишува „Гардијан“ повикувајќи се на примерот на пензионираниот пожарникар Роберт Санфорд, кој фрлил апарат за гаснење пожар во главата на еден од полицајците, и Питер Стагер, кој е обвинет за удирање друг офицер со стап, на кој имало американско знаме.
Европа
Ердоган: Америка направи сериозна грешка што нѐ исфрли од програмата за борбени авиони

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ги критикуваше СAД за исфрлањето на неговата земја од програмата за борбени авиони Ф-35.
Исфрлањето се случи откако Анкара го купи рускиот систем за противракетна одбрана С-400.
Ердоган изрази надеж дека, кога станува збор за улогата на Турција во програмата Ф-35, ќе бидат преземени позитивни чекори кога новоизбраниот претседател Џо Бајден ќе ја преземе функцијата.
Тој истакна дека Турција платила сериозна сума пари за авионите Ф-35.
„Ова е многу сериозна грешка што Америка, како сојузничка држава, ја направи кон нас“, рече Ердоган.
Тој додаде дека ниту една земја не може да одлучува за чекорите што ќе ги преземе Турција во врска со одбранбената индустрија.
Европа
ЕК: Имаме доволно дози на вакцини, не ја разгледуваме кинеската

Во врска со најавата дека Унгарија, поради бавната испорака на европски вакцини, размислува за увоз на лесно достапни кинески вакцини, Брисел вели дека нема потреба за билатерална набавка на дополнителни вакцини и дека не се преговара со Кина на ниво на ЕУ.
„ЕУ обезбеди 2,3 милијарди дози потенцијални вакцини, а само од компаниите ‘Фајзер’ и ‘Модерна’ нарачавме вакцини за 80 проценти од населението во ЕУ, и тие веќе се користат“, изјави портпаролот на Европската комисија, Дана Спинат.
Европската комисија наведува дека само од компаниите „Фајзер“ и „Модерна“ се нарачани 760 милиони дози (600 милиони и 160 милиони) и дека наскоро ќе пристигнат и други вакцини.
„Затоа, нема потреба од какви било билатерални договори за дополнителни дози над оние што ги договори ЕК за потребите на сите земји членки“, рече Комисијата.
- Книги4 недели
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија3 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира