Контакт

Вести

Уапсени 28 тенисери поради местење натпревари

Објавено пред

Шпанската полиција соопшти дека уапсила 83 лица, од кои 28 се професионални тенисери, поради местење натпревари на неколку турнири, соопшти Европол.

Во соопштението се вели дека меѓу уапсените е и еден тенисер кој минатата година учествувал на САД опен и дека постои сомнеж за наместени 97 натпревари.

Сè било организирано од страна на криминална банда од Ерменија, која ги подмитувала тенисерите за да влијаат на резултатите и притоа добивале парична награда, се вели во соопштението и се додава дека за да ја осигураат работата, тие дури присуствувале на сите турнири.

За време на полициската акција во Шпанија биле запленети 167.000 евра, една пушка, повеќе од 50 електронски уреди, кредитни картички, пет луксузни автомобили, а притоа блокирани се и 40-ина банкарски сметки.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

(Видео) Ураганот Доријан урна огромен кран врз зграда во Канада

Објавено пред

Откако ги опустоши Бахамите каде загинаа повеќе од 40 луѓе, ураганот Доријан, со намалена сила, стигна до канадската провинција Нова Шкотска.

Иако ослабнат, моќта на Доријан не е за потценување, а тоа го докажува ова видео на кое се гледа како урива градежен кран.

Силниот ветер, кој остави стотици илјади луѓе без електрична енергија, урнал кран во главниот град на провинцијата Халифакс, кој паднал врз зграда. За среќа никој не бил повреден.

Прикажи повеќе...

Вести

(Видео) Индија изгуби контакт со леталото кое требаше да слета на Месечината

Објавено пред

Индија изгуби контакт со вселенското летало Викрам кое требаше да слета на Месечината. Леталото требаше да слета на јужниот пол на Месечината за да постави возило кое требаше да трага по вода, соопшти индиската Организација за истражување на вселената (ИСРО).

Сè уште не се знае дали леталото слетало или доживеало несреќа. Од ИСРО навеле дека во тек е анализата на податоци за да се утврди што се случило.

Мисијата Шандрајан 2 за која се потрошени околу 140 милиони долари имала за цел да ги анализира кратерите на „темната страна“ на Месечината, кои содржат резерви на вода што го потврди мисијата Шандрајан 1 во 2008 година. Новата мисија полета на 2 јули од вселенскиот центар во Сатиш Даван на островот Срихарикота, по што Шандрајан 2 помина неколку неделен на пат кон Месечината за конечно да влезе во неjзината орбита на 20 август.

Леталото Викрам на 2 септември се одвои од главниот вселенски брод и почна серија маневри за да се подготви за слетување.

Со успешното слетување на Месечината, Индија ќе станеше четврта земја кој би го направила тоа и трета земја која би поставила роботизирано возило. Само три земји – САД, поранешниот Советски сојуз и Кина имаат приземјено летала на Месечината, а Кина во јануари стана првата земја која слета на задната страна на Месечината. Во април, пак, израелско летало се урна неколку моменти пред да слета на Месечината.

Прикажи повеќе...

Вести

Воен персонал од Турција почна со обука во Русија за С-400

Објавено пред

Воен персонал од Турција почна со обука во Русија за ракување со ракетните системи С-400, соопшти турското Министерство за национална одбрана.

„Припадници на Воено воздухопловните сили почнаа со обука во Гачина за управување со противракетни системи за одбрана С-400“, објави Министерството.

Обуката на турскиот персонал ќе трае до 2 јануари 2020 година.

На 27 август Русија почна со испорака на втората транша С-400 во Турција која ќе заврши до крајот на септември.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија40 минути

Привршуваат подготовките за рушење на дивоградбите во Охрид

За поефикасна координација на акцијата за уривање на охридските дивоградби денеска се одржа средба на градоначалнкот Константин Георгиески со министерот...

Свет1 час

Демонстрантите во Хонгконг бараат Велика Британија да изврши притисок врз Кина

Учесниците во протестите во Хонгконг денеска се собраа пред британскиот конзулат, каде од поранешниот колонијален владател со овој регион побараа...

Македонија2 часа

Претстои недела во која Скопје ќе се фокусира на алтернативниот и еколошки транспорт

Град Скопје од 16. до 22. септември со програма која опфаќа содржини за граѓаните од сите возрасти, и годинава ќе...

Европа3 часа

Хан бара земјите членки да дадат повеќе пари за буџетот на ЕУ

Идниот европски комесар за буџет и администрација, Јоханес Хан, инсистира на буџетски план со дополнителни трошоци за земјите членки, но...

Европа4 часа

Сноуден: Нѐ следат на секој чекор

Погрешно би било подемот на политичарите како Доналд Трамп, Борис Џонсон или десничарската Алтернатива за Германија, да го гледаме само...

Култура15 часа

Отворено јубилејното 40. издание на „Браќа Манаки“

Вечерва во Битола почна 40. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Фестивалот го отвори претседателот на држвата,...

Македонија17 часа

Целосно завршен процесот за разрешување на Катица Јанева

Советот на јавни обвинители на вечерашната вонредна седница едногласно ја разреши специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, која е третоосомничена за...

Спорт18 часа

Победнички старт за Вардар во Лигата на шампионите

Европскиот првак Вардар со победа ја започна одбраната на титулата во Лигата на шампионите. Во Монпелје, дуелот на победниците во...

Европа19 часа

Околу 25.000 луѓе протестираа за еколошки транспорт на Саемот за автомобили во Франкфурт

Илјадници демонстранти се собраа денес, поради Саемот за автомобили во Франкфурт (IAA), истакнувајќи ги своите барања за зголемување на еколошкиот...

Топ21 час

Во „порше“ кај Куманово пронајдени 16 мигранти

Шеснаесет мигранти од кои две деца биле пронајдени при полициска контрола на автопатот Куманово – премин Табановце, во раните утрински...

Македонија22 часа

(Видео) Собранието ја разреши Катица Јанева

Со 102 гласа ,,за”, и ниту еден глас ,,воздржан” и ,,против” пратениците денеска донесоа одлука за разрешување на специјалната јавна...

Македонија24 часа

Стотина пожарникари и волонтери ги гаснеа пожарите во Прилепско, зафатени се 400 хектари шума

Пожарите кои вчера избувнаа на територијата на општина Прилеп се ставени под контрола. Во нивното гаснење учествуваа Територијалната противпожарна единица...

Свет1 ден

(Видео) Дронови нападнале нафтени постројки во Саудиска Арабија, предизвикувајќи пожари

Саудиска Арабија соопшти дека две големи нафтени постројки во земјата биле нападнати од дронови, што предизвикале пожари. Пожарите избувнаа во...

Спорт1 ден

УЕФА: Во преодниот рок се потрошени четири милијарди евра

Европските клубови во летниот преоден рок на трансфери потрошиле 3,98 милијарди евра, објави Европската фудбалска унија (УЕФА). УЕФА наведува дека...

Свет1 ден

(Видео) Сноуден проговори за неговиот живот во Русија: Тајно се оженив и не стравувам дека можат да ме убијат на улица

Поранешниот американски разузнавач и свиркач Едвард Сноуден, кој избега во Русија, вели дека благодарение на неговите откритија, тој сега живее...

Свет1 ден

Иранка се запали со бензин откако била фатена дека се облекува како маж за да гледа фудбал

Иранка се запали со бензин откако била приведена поради тоа што се облекувала како маж за да може да влезе...

Свет1 ден

Финска: ЕУ да престане да увезува говедско месо и соја од Бразил

Европската унија (ЕУ) треба да го блокира увозот на говедско месо од Бразил и да размисли за суспендирање на увозот...

Македонија1 ден

Локализиран пожарот кај Плетвар, по седум часа пуштен во сообраќај патот Прилеп – Росоман

Сообраќајот на патниот правец Прилеп – Росоман е нормализиран околу 23 часот, информира АМСМ. Тој беше во прекин поради шумски...

Македонија1 ден

Собранието ќе одржи седница за разрешување на Катица Јанева

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, за денеска во 13 часот ја закажа седницата за разрешување на специјалната јавна обвинителка, Катица...

Спорт2 дена

Де Хеа стана најплатениот фудбалер на Манчестер јунајтед

Давид де Хеа потпишал нов договор со Манчестер јунајтед по преговори кои траеја (пре)долго, откако клубот „потклекнал“ и се согласил...

Досие