Контакт

Европа

Уапсен маж во Шпанија кој сакал да изврши напад врз премиерот

Објавено пред

Шпанската полиција денеска објави дека уапсила човек за кој верува дека имал намера да го нападне шпанскиот премиер Педро Санчез.

Според полицијата, мажот сакал да изврши напад врз премиерот поради неговата контроверзна одлука за ексхумирање на посмртните остатоци на шпанскиот диктатор, генерал Франческо Франко.

Полицијата соопшти дека 63-годишниот маж, кој бил поранешен чувар, бил уапсен во градот Терасо, Каталониј,а по кратка истрага.

Европа

Романија: Запленет еден тон кокаин, уапсени двајца српски државјани

Објавено пред

Властите во Романија запленија повеќе од еден тон висококвалитетен кокаин скриен во чамец што се превртел во делтата на Дунав.Полицијата денеска до агенцијата којашто истражува организиран криминал во Букурешт донесе вреќи со кокаин, чија вредност се проценува на 300 милиони евра.

Главниот обвинител на Управата за истражување организиран криминал и тероризам, Феликс Банила, изјави дека полицајците нашле кокаин покрај превртениот чамец во источното место Свети Ѓорѓе. Тој додаде дека дрогата пристигнала по морски пат и дека поминала низ Романија. Приведени се двајца Срби. Дрогата е пронајдена неколку дена откако е пронајден сличен пакет со кокаин во истата област, којшто испаднал од камион.

Прикажи повеќе...

Вести

Tри години затвор за хомофобија и трансфобија во Швајцарија

Објавено пред

Вчера, националниот совет на Швајцарија гласаше за криминализирање хомофобични и трансфобични дела и нивно казнување со казна затвор до три години. Советот гласаше со 118 гласа „за“ и 60 „против“ да се воведе казна затвор за овој чин.

Останува предлогот да биде усвоен од Советот на државите за и официјално да стане закон. Националниот советник, Матијас Рејнард, кој го поднесе предлогот, на „Твитер“ напиша: „Националниот совет ја прифаќа мојата парламентарна иницијатива против хомофобијата и трансфобијата! Прекрасен успех за човековите права! Конечен одговор во декември во Советот на државите“.

Рејнард рече дека одлуката на швајцарскиот парламент е одлична вест бидејќи испраќа многу моќна порака: хомофобијата не е мислење, туку е кршење на законот. Тој дополни дека додека работел на овој закон, дознал дека швајцарската судска пракса не казнува ниту омраза или говор на омраза кон ЛГБТ-луѓето.

Прикажи повеќе...

Европа

Во Будимпешта уапсен егзекутор исламист, кој тврди дека работел за грчката разузнавачка служба

Објавено пред

Сириецот Хасан Ф, кој е осомничен за вмешаност во неколку егзекуции во својата татковина и е уапсен во Будимпешта, по влегувањето во Европската Унија, добил припејд-картичка со уплатени 500 евра.

За да избегне притворање, тој тврдеше дека работи во грчката разузнавачка служба и дека е задолжен за идентификување на џихадистите што пристигнале во Европа. Јанош Хајду, директор на противтерористичкиот центар ТЕК, рече дека Хасан кажал многу нешта само за да ја избегне правдата и дека сите информации се проверуваат со странски партнери.

Адвокатот на осомничениот изјави дека неговиот клиент добил банковна припејд-картичка со уплатени 500 евра, што важи само за Грција.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Видео) Центар официјално ќе одбие стотина барања за градење по одлуката на Уставен суд

Во исчекување на објавата на одлуката на Уставен суд за укинување на мораториумот за градење во период од 30 дена,...

Топ4 часа

20-те закони што Иванов ги врати во Собранието пратениците повторно ќе ги гласаат

Претседателот Ѓорге Иванов до Собранието врати уште пет закони, со што вкупниот број укази на закони што шефот на државата...

Македонија4 часа

(Видео) УЈП сè уште го истражува имотот на верските заедници

Сè уште не е завршена постапката што ја отвори Управата за јавни приходи за имотот, парите и даноците на верските...

Македонија5 часа

Мијалков: Контактите и имотот во странство ги имав и досега, не помислувам да бегам

Мојот имот во странство, престој во Чешка и наводните мои контакти ги имав и порано и сега. Под истите околности...

Македонија5 часа

ИВЗ: Нема компромис за џамијата во Охрид, ние ќе градиме

Реставрацијата на Алипашината џамија во Охрид и изградбата на 32-метарското минаре за Исламската верска заедница е завршена работа. Градежните работи...

Македонија6 часа

(Видео) Најбогатиот Македонец заработил 3,5 милиони евра

Најбогатиот Македонец во 2017 е скопјанец, кој остварил 212 милиони денари, пријавени како бруто-приход. Зад него следува друг скопјенец, кој остварил приближно...

Македонија8 часа

„Фејсбук“: Избришани над 2.000 лажни профили од Северна Македонија, Косово, Иран и од Русија

Компанијата „Фејсбук“ соопшти дека отстранила повеќе лажни профили од Северна Македонија, Косово, Иран и од Русија за кои навела дека...

Топ9 часа

Автомобил удри во шестгодишно дете од Кумановско

Вчера, во селото Опае, општина Липково, патничко возило со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ф. (24) од село Лопате, Кумановско,...

Топ9 часа

Обвинителството гони две лица и инспектор поради сечење трска во Струга

Основното јавно обвинителство од Струга поведе постапка против две лица и инспектор од Министерството за животна средина поради сечење на...

Економија10 часа

Акционерите од „Топлификација“: Поради лажниот стечај, оштетени сме за повеќе од 34 милиони евра

Акционерите од „Топлификација“ испратија отворено писмо до претседателот на Владата, Зоран Заев, и други институции во државата. Во писмото тие информираат...

Македонија12 часа

Aпелација ќе одлучува за притворот на Сашо Мијалков

Апелациониот суд денеска ќе одлучува за жалбата на адвокатите на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, за мерката притвор, која му...

Македонија1 ден

Спасовски за инцидентот во Марино: Секој ќе одговара за направеното, нема кој да влијае врз истрагата

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, го осуди насилството во дискотеката во Марино каде со нож беше избоден полицаец и...

Свет1 ден

Трамп ја призна Голанската Висорамнина како територија на Израел

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потпиша декрет со кој официјално го призна израелскиот суверенитет над Голанската Висорамнина, која Израел ја...

Македонија1 ден

Министерството за правда ги чека амандманите од ВМРО-ДПМНЕ за законот за јавното обвинителство

Министерството за правда ги очекува амандманите од страна на ВМРО-ДПМНЕ за предлог-законот за Јавното обвинителство. Од Министерството се надеваат на...

Топ1 ден

Каменуван воз на влезот во Тетово

Вчера на железничката станица на влезот од Тетово непознато лице го каменувало патничкиот воз што сообраќал на релација Скопје –...

Македонија1 ден

(Видео) Децата без родители до Царовска: Државата, наместо да ни биде мајка, таа нè брка надвор

До кога децата без родители ќе завршуваат на улица, а ќе се удирате в гради дека има закони и дека...

Топ1 ден

Мицкоски се сретна со пратениците исклучени од ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска, во Собранието, се сретна со осумте пратеници од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и...

Македонија1 ден

(Видео) Власта со Беса и Алијансата ќе обезбедува мнозинство за СЈО

Фадил Зендели од Беса денеска информира дека биле повикани на работна средба за СЈО, но до власта порача дека тие...

Македонија1 ден

14,5 илјади евра отштета за клевета и навреда бара Фрчкоски од Стојан Андов

Во решението на скопскиот Граѓански суд за привремената мерка забрана за продажба на книгата на Стојан Андов „До атентатот и...

Свет1 ден

(Видео) Шпанскиот крал заглави во авионот за време на посетата на Аргентина

Посетата на добра волја на Аргентина од страна на шпанскиот кралот Фелипе Шести имаше урнебесен почеток кога кралот и неговата сопруга, кралицата...

Досие