Европа
Уапсен уште еден осомничен за спектакуларниот грабеж во музејот во Дрезден

Германската полиција уапси еден од двајцата браќа близнаци кои побегнаа по минатогодишната спектакуларна кражба на скапоцени украси и накит од 18 век од музеј во Дрезден, пренесува АП.
Портпаролoт на полицијата во Дрезден потврди дека Мохамед Ремо (21) е уапсен во Берлин доцна синоќа и дека повеќе детали ќе бидат објавени во текот на денот.
Во операција минатиот месец германската полиција уапси три лица поврзани со грабежот на музејот во Дрезден, од каде крадците украдоа голем брош со дијаманти, дијамантски еполети и други скапоцености, кон крајот на ноември минатата година.
Осомничените за ова дело, на возраст меѓу 23 и 26 години, се обвинети за организиран грабеж и подметнување пожар.
Полицијата тогаш издаде потерница и за двајца браќа близнаци обвинети за истото злосторство, Мохамед Ремо и Абдул Мајед Ремо.
Пребарувањата на неколку локации сè уште не доведоа до откривање на исчезнатото богатство.
Властите понудија награда од половина милион евра за сите информации што ќе помогнат да се открие каде се украдените скапоцености.
Членови на семејството Ремо беа осудени на почетокот на годинава за слична спектакуларна кражба на канадски златник тежок сто килограми од музејот Бодe во Берлин во 2017 година, во операција наречена „Големиот јаворов лист“.
Златникот вреден 3,75 милиони евра сè уште не е пронајден, а властите се сомневаат дека бил исечен на мали парчиња и продаден на тој начин.
Музејот во Дрезден е отворен во 1723 година и е еден од најстарите музеи во светот. Содржи околу 4.000 предмети изработени од злато, скапоцени камења и други вредни материјали.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Орбан: Грчкaта комесарка не треба да ми кажува што да правам

Капацитетот на Унгарија за вакцинација значително ги надминува залихите со вакцини, изјави премиерот Виктор Орбан.
Тој додаде дека процесот може да се забрза доколку унгарските власти ја одобрат кинеската вакцина. Според МТИ, таа одлука може да биде донесена во рок од неколку дена.
Во интервју за унгарско радио, Орбан зборуваше и за барањето на европската комесарка за здравство и безбедност на храна, Стела Киријакидес, земјите членки да не преговараат одделно со производителите на вакцини, нагласувајќи дека повеќе од 100 Унгарци умираат секој ден.
„Грчката комесарка не треба да ми кажува што да правам“, рече Орбан.
Тој посочи дека Унгарија има можност да ја добие кинеската вакцина во големи количини, но дека таа прво мора да биде одобрена од здравствените власти во земјата.
Орбан рече дека се надева дека властите ќе дадат јасен одговор во следните неколку дена. Тој исто така подвлече дека е невозможно побрзо да се вакцинираат луѓето, не затоа што унгарскиот здравствен систем не е способен за брзи масовни вакцинации, туку поради недостиг на залихи на вакцини.
Европа
На Полјачки им се заканува затвор поради транспаренти со Богородица во боите на виножитото

На три Полјачки им се суди за навреда на верските чувства поради поставување транспаренти на кои е претставена најсветата полска икона на Богородица со ореол во боите на виножитото, пишува „Политико“.
Доколку се докаже дека се виновни, им се заканува затворска казна од две години.
Судскиот процес, кој започна во средата, привлекува меѓународно внимание поради примената на контроверзниот полски закон за заштита на верските чувства и поради повторното покренување на прашањата за правата на ЛГБТ-заедницата во Полска.
Во април 2019 година, три жени, Елзбиета Подлешна, Ана Прус и Јоана Гзира-Искандар Подлешна, кренаа транспаренти во знак на протест против традиционалната велигденска поставка, поставена од црква во Плок, на околу 110 километри северозападно од Варшава.
Во нивниот приказ се наведени гревови против кои верниците треба да се борат – почнувајќи од традиционални како „алчност“, „омраза“ или „завист“ до „ЛГБТ“ и „полот“.
„Непосредна причина за нашето дејствување беше хомофобичлниот и болен приказ поставен во црквата“, рече Подлешна пред судот, додавајќи дека е верничка и дека не гледа ништо лошо во протестот во кој Богородица ја користела како универзален симбол на љубовта меѓу мајката и детето.
„Она што го видов е омраза, презир, агресија“, рече Прус.
Таа додеде дека трите користени транспаренти, кои веќе биле отпечатени за претходни протести, служат како знак на протест за, како што рече, лицемерието на црквата која не се справува со скандалите со педофилија, но ги напаѓа ЛГБТ-луѓето.
Европа
Франција ги заостри правилата за патниците од земји кои не се членки на ЕУ

Патниците што доаѓаат во Франција од земји што не се членки на Европската Унија веќе нема да можат да влезат во земјата со негативен резултат на брз, лесно достапен тест на Ковид-19.
Според новите правила, кои стапуваат на сила на 18 јануари и се претставени во документ на француската влада, луѓето повеќе нема да можат да користат антигенски и други брзи тестови кои даваат резултат за неколку минути.
Како што објаснува Ројтерс, тие брзи тестови во голема мера ги користеле возачите на камиони, кои превезуваат стока преку Ламанш.
Во изминатите неколку недели, Франција побара од луѓето што влегуваат во земјата од Велика Британија да докажат дека немаат коронавирус.
- Книги4 недели
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија3 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира