Контакт

Свет

Уапсен човекот што се закануваше дека ќе активира бомба во зградата на украинската влада

Објавено пред

Уапсен е човекот што се закануваше дека ќе активира бомба во зградата на украинската влада.

Припадници на специјалните сили пристигнаа пред владината зграда, а не беше јасно зошто човекот влегол во зградата.

„Ова е вистинска граната, изнесете ги луѓето одовде“, рекол човекот додека покажувал отстранета игла од бомбата, според видеото што кружи на интернет.

Чуварот веднаш повикал полиција по што пристигнале специјалците.

Во инцидентот нема жртви и, според полицијата, предметот навистина бил рачна бомба. На напаѓачот сега му се заканува казна затвор до 15 години.

Локалните медиуми тврдат дека станува збор за Владимир Прокнич, кој претходно се борел во Донбас и бил деминер во доброволната единица „Ајдар“.

Европа

(Видео) Најмалку една жртва по серијата земјотреси во Грција, Турција издаде предупредување за цунами

Објавено пред

Неколку земјотреси утрово го погодија грчкиот остров Крит, а најсилниот беше со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала, јавуваат грчките медиуми. Пријавена е материјална штета. Во Хераклион беше наредена евакуација на училиштата и сите институции. Најмалку едно лице загина.
Станува збор за градежен работник кој работел на обнова на црквата во селото Аркалохори, пренесува Катимерини.

Ова го потврди и градоначалникот на Аркалохорија, кој исто така изјави дека се оштетени две цркви и други згради во селото.

Според него, две лица биле заробени, едното во црквата каде што се урнала куполата, а другото во неговата куќа.

Првата проценка на Геодинамичкиот институт за земјотрес, што се случи утрово на Крит, зборува за јачина од 5,8 степени, со епицентар на 78 километри јужно од Хераклион, најголемиот град на тој остров.

Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар одделно ги проценува вибрациите на 6,2 степени, пишува Катимерини.

Според првичните извештаи, епицентарот е на длабочина од 10 километри,

Последователните измерени земјотреси се со јачина од 3,8 и 4,5 степени.

Очевидци и локални медиуми тврдат дека земјотресот траел долго и бил силно почувствуван не само во Хераклион, туку и на целиот Крит.

Земјотресот како што пренесуваат грчките медиуми бил почувствуван на Крит, но и на познатиот остров Санторини.

Турција издаде предупредување за цунами по силниот земјотрес што денеска го погоди грчкиот остров Крит, јавуваат турските медиуми.

Властите во Турција ги предупредија жителите за можно цунами предизвикано од земјотресот во Грција.

Прикажи повеќе...

Регион

Психијатар за таткото убиец: Таквите психопати уживаат само во маката на другите

Објавено пред

Психијатар на психијатриската клиника „Врапче“, проф. д-р Анте Багариќ, вели дека таткото што си ги уби трите деца бил свесен што направил.

„Ние психијатрите секогаш сакаме да разговараме кога ги има сите докази и досега доказите се нецелосни и неизвесни. Кога зборуваме, зборуваме општо, но факт е дека речиси секое убиство на деца е извршено од луѓе со силна, длабоко развиена психопатија, нарушување кое е поинакво од сите други нарушувања и има една главна карактеристика – таквите луѓе може да уживаат само во страдањето на другите“, вели тој.

Како што наведува докторот, она што е карактеристично за убијците на деца е тоа што тие избираат жртви што не може да се одбранат, кои се слаби и крајниот аспект на таа психопатија е кога тоа го прават во своето семејство на деца што ги сакаат, кои покажуваат емпатија и љубов кон нив. Потоа психопатите, само за да го зголемат нивното уживање, да ја направат жртвата што поголема, им го прават тоа на луѓе што им веруваат и им се блиски, објаснува Багариќ.

Коментирајќи ги објавите на убиецот на социјалните мрежи, кои покажуваат дека тој ги обожавал децата, Багариќ додава дека експертите стопати рекле дека социјалните мрежи се многу подобрени, вклучително и медицината.

„Сепак, социјалните мрежи исто така имаат свои негативни последици. Вистина е дека социјалните мрежи се одлична платформа за луѓето да создадат лажна добра и успешна маска. Секако, оној што злоупотребува деца или убива, сигурно не е добар татко, така што нешто му се случило одеднаш. Може да камуфлира една агресија, уништување, едно зло и да го прикаже како нешто добро“, смета Багариќ.

Говорејќи за пандемијата и влијанието врз семејството, Багариќ рече дека пандемијата е голем стрес.

„Големиот стрес ги прави добрите луѓе подобри, а лошите луѓе полоши. Пандемијата ги изнесе лошите луѓе на површина да прават лоши работи“, нагласи тој.

Според него, убијците се претставуваат како храбри и по злосторството прават серија потези за да избегнат казна и да добијат милост и статус на жртва.

Прикажи повеќе...

Европа

Отпуштени 25 наставници во Австрија, одбивале да носат маски и да се тестираат на коронавирус

Објавено пред

Во Австрија од почетокот на пандемијата се отпуштени 25 наставници затоа што одбивале да ги почитуваат мерките на Ковид-19.

Тие, според написите во австриските медиуми, не сакале да носат маски, ниту да бидат тестирани и одбивале да ги надгледуваат учениците за време на тестирањето. Најголем број отпуштања имало во Долна Австрија, каде што осум наставници биле отпуштени.

Во Виена биле отпуштени пет наставници, исто колку и во малата провинција Ворарлберг.

Во Горна Австрија тројца наставници беа отпуштени затоа што не сакаа да носат маска за време на часовите, велат тамошните власти.

Во Стирија, Салцбург и во Каринтија еден наставник беше отпуштен, а еден од нив одлучи да оди и на суд.

Само во Бургенланд и Тирол немаше отпуштање наставници поради непочитување на мерките.

Сепак, властите во Тирол додаваат дека тоа не значи дека нема отпор против корона-мерките во училиштата.

Училиштата се обидоа да постигнат решение преку лични разговори со наставниците, кои ги одбија корона-мерките, а во одделни случаи, во кои тоа не беше можно, беше спроведено суспендирање.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа24 минути

(Видео) Најмалку една жртва по серијата земјотреси во Грција, Турција издаде предупредување за цунами

Неколку земјотреси утрово го погодија грчкиот остров Крит, а најсилниот беше со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала, јавуваат...

Регион2 часа

(Видео) Серија земјотреси во Грција, урнати згради и други објекти

По силниот земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала, што утрово го погоди грчкиот остров Крит, следеа неколку...

Европа3 часа

Тесна победа на Социјалдемократите во Германија, партијата на Меркел втора

Германските Социјалдемократи (СПД) изборија тесна победа на националните избори, покажуваат првичните резултати и освоија мандат да формираат влада првпат од...

Свет4 часа

По три месеци, Сиднеј го укинува целосното затворање

Австралиските власти најавија крај на тримесечното целосно затворање за вакцинираните жители на Сиднеј. Карантинот во Сиднеј и во преостанатиот дел...

Македонија5 часа

СДСМ со митинг во Битола, ВМРО-ДПМНЕ во Охрид – почнува кампањата за локалните избори

Од денеска почнува изборната кампања за локалните избори, кои се закажани на 17 октомври. Кампањата за првиот круг ќе заврши...

Македонија5 часа

Почнува вакцинирањето со трета доза во Македонија

Граѓаните што имаат над 60 години, здравствените работници и лицата со имунолошки болести од денеска со потврда ќе може да...

Топ20 часа

Пронајден починат лекар во Психијатриската болница „Скопје“

Дежурен лекар во Психијатриската болница „Скопје“ бил пронајден починат синоќа по полноќ на работното место. Како што соопшти МВР, здравствениот...

Регион20 часа

Борел: Ја следиме ситуацијата на северот на Косово, провокациите се неприфатливи

Високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел рече дека внимателно се следи ситуацијата на северот на Косово и им кажа на...

Македонија21 час

Регистрирани 336 нови случаи на коронавирус, починаа 17 лица

Во последните 24 часа направени се 3.425 тестирања, а регистрирани се 336 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 169, Велес...

Македонија24 часа

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Шилегов исплаќал милионски суми на наместени тендери

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција обвини дека градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов исплаќал милионски суми на наместени тендери, а случајот го...

Македонија1 ден

(Видео) Заев се попиша: „Конечно ќе добиеме релевантни податоци за креирање на реални политики“

Претседателот на Владата, Зоран Заев, заедно со своето семејство во својот дом во Струмица, ја исполни граѓанската должност и законска...

Европа1 ден

Германија бира наследник на Меркел

Околу 60,4 милиони Германци денеска на федералните избори, имаат можност да одлучат за идниот состав на парламентот, и индиректно за...

Македонија1 ден

Од утре изборна кампања

Од утре стартува изборната кампања за Локалните избори што се закажани на 17 октомври. Кампањата ќе заврши на 15 октомври...

Македонија2 дена

Регистрирани 392 нови случаи на коронавирус, починаа 20 лица

Во последните 24 часа направени се 4.633 тестирања, а регистрирани се 392 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 180, Куманово...

Македонија2 дена

Заев за виенски „Стандард“: ЕУ треба да го забрза процесот на донесување одлуки

„Понекогаш членките на ЕУ ја забораваат причината зошто работиме заедно, а тоа е затоа што сме заемно корисни. ЕУ е...

Европа2 дена

(Видео) Ерупцијата на вулканот на шпанскиот остров влезе во најинтензивната фаза

Реки лава течеа низ вулканот на шпанскиот остров Ла Палма ноќта помеѓу петокот и саботата, поради што локалниот аеродром беше...

Регион2 дена

Татко си ги задавил трите деца во Загреб, oставил писмо на „Фејсбук“

Три малолетни деца биле задавени од страна на нивниот татко во стан во Загреб, во населбата Млинови. Полицијата на местото...

Европа2 дена

Кој ќе ја наследи Меркел: Изборите се неизвесни, постизборните сојузи се уште понеизвесни

Околу 60,4 милиони Германци в недела, 26 септември на федералните избори, имаат можност да одлучат за идниот состав на парламентот,...

Македонија2 дена

Заклучен избирачкиот список, кампањата почнува в понеделник

Државната изборна комисија го заклучи избирачкиот список, со што од понеделник почнува кампањата за локалните избори закажани на 17 октомври....

Македонија2 дена

Досега се попишани околу 1,4 милион граѓани, пописот ќе заврши во четврток

Заклучно до вчера до 12 часот попишани се вкупно 1.395.000 граѓани, над 435.000 домаќинства и над 600.000 станови, а се...

Досие