Контакт

Европа

Убиено едно лице и повредени деца во напад со нож во словачко училиште

Објавено пред

Во Словачка се случи напад во едно училиште на северот на земјата. Непознат маж убил едно лице, а повредил пет. Меѓу повредените има и деца.

Напаѓачот потоа беше убиен од полицијата, јавува словачка „Правда“.

❗️MIMORIADNE❗️ ÚTOK NA ZÁKLADNEJ ŠKOLE VO VRÚTKACH: ZAHYNULA OBEŤ AJ ÚTOČNÍKPolicajné hliadky momentálne zasahujú vo…

Posted by Polícia Slovenskej republiky on Четврток, 11 јуни 2020

Повредените биле пренесени во блиската болница. Станува збор за две деца и тројца возрасни, а словачките медиуми пренесуваат дека меѓу нив се директорот и вработен во училиштето.

Станува збор за 22-годишник, кој бил вработен во училиште во градот Врутки, на северот на земјата. Училиштето каде што се случи нападот вклучува основно и средно училиште и градинка.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Во Австрија 94 новозаразени

Објавено пред

Во последните 24 часа, забележани се 94 новозаразени со коронавирус во Австрија.

Како скоро секој ден во последните десет дена, најголем број новозаболени се регистрирани во провинцијата Горна Австрија – 45, а потоа следува Виена со 34 нови случаи.

Во последните 24 часа, само во една од деветте покраини, Штаерска, немало новозаразени.

Според Министерството за здравство, во моментов има 1.100 активни пациенти во Австрија.

Бројот на хоспитализирани се зголеми за двајца на 80, од ​​кои девет се на интензивна нега, што е три помалку од вчера.

Бројот на починати со денови е непроменет и изнесува 706.

Од почетокот на епидемијата, на крајот на февруари, 18.637 луѓе биле позитивни на врисусот, од кои 16.808 се опоравиле.

Прикажи повеќе...

Европа

Германски виролог: Не само втор, туку ќе има и трет бран на вирусот

Објавено пред

Германскиот виролог Хендрик Штрек верува дека ќе има втор и трет бран на инфекција со Ковид-19 и дека општеството мора да научи да живее со коронавирусот.

Во ТВ-емисија Штрек рече дека не очекува оти бргу ќе се развие вакцина против вирусот.

Во блиска иднина тој не гледа напредок во развојот на вакцината и покрај фактот дека огромен број луѓе се вклучени во истражувања во целиот свет.

Штрек не е убеден во досегашните резултати во развојот на вакцина или лек.

Затоа, вели тој, општеството мора да живее со коронавирусот.

„Мораме да се помириме со тоа и да правиме најдобро што можеме. Тоа значи дека ќе имаме постојани осцилации, што е веќе случај. Секогаш мора да сметаме на појава на нови жаришта, како што беше случајот со Гитерсло, и да бидеме подготвени“, објасни еден од водечките виролози во Германија.

Прикажи повеќе...

Европа

Шпион со години работел во кабинетот на Меркел

Објавено пред

Во кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел откриено е лице што со години шпионирало за египетската разузнавачка служба.

Станува збор за соработник на главниот портпарол на германската влада, Штефан Сајберт, кој бил разоткриен како египетски таен агент.

Вработениот во службата за прес и информации на германската влада е осомничен дека повеќе години работел во египетската разузнавачка служба.

Федералната криминалистичка служба презеде извршни мерки против лицето во декември минатата година по наредба на федералното обвинителство, се наведува во извештајот за безбедност, кој беше претставен во Берлин.

Истрагата е сè уште во тек.

Обвинителството за германски „Билд“ потврди дека е поведена истрага против лицето поради сомневање за разузнавачки активности.

Според весникот, осомничениот во владата бил државен службеник на средно ниво.

Федералната прес-служба не сакаше да го коментира случајот потенцирајќи дека тие не се мешаат во тековни истраги.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија16 минути

Петровска за случајот во Штип: Не станува збор за поткуп на гласачи, туку за економски криминал

Очајници прават очајнички потези, напиша заменик министерката за внатрешни работи, Славјанка Петровска, во врска со објавата на министерот Наќе Чулев,...

Македонија1 час

(Видео) Јанушев: Очекуваме победа и ќе коалираме со оние што ќе ја прифатат нашата програма

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ очекува победнички изборен резултат и мандат за формирање влада, изјави генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев, во интервју...

Свет2 часа

Казахстан ги негира кинеските тврдења дека во земјата има пневмонија поопасна од Кoвид-19

Министерството за здравство на Казахстан ги отфрли кинеските тврдења дека во земјата циркулира непозната пневмонија, која е посмртоносна од коронавирусот....

Топ2 часа

Пронајдени 26 украдени велосипеди, приведени крадци во Скопје

Три лица се приведени под сомнение дека краделе велосипеди од подруми и станови во Скопје. Е. М. (24) и А....

Топ3 часа

Сопственик на продавница им ветувал на купувачите дека ќе им ги прости долговите ако гласаат за СДСМ

Сопственик на продавница во Штип ветувал дека ќе им избрише долг на неколку лица ако на изборите гласаат за СДСМ,...

Регион3 часа

(Видео) Протестите во Белград поминаа мирно, се играше и оро

Во Србија се одржаа нови протести против мерките воведени поради епидемијата на коронавирус и против владата на Александар Вучиќ. По...

Македонија4 часа

Гласот за ДУИ е глас за ВМРО-ДПМНЕ, порача Оливер Спасовски од Тетовско

Граѓаните се сигурни со концептот едно општество за сите, гласот за ДУИ е глас за ВМРО-ДПМНЕ и тие се опасност,...

Свет5 часа

СЗО: Итно е потребно понатамошно истражување за пренoс на коронавирусот преку воздухот

Светската здравствена организација (СЗО) објави нови насоки за коронавирусот, кои признаваат некои извештаи за пренесување на вирусот преку воздухот, но...

Македонија6 часа

Италија забрани влез за граѓани од Македонија и уште 12 земји

Италија ги затвори своите граници за 13 земји, вклучително и за Македонија, сметајќи ги за најризични места за ширење на...

Македонија6 часа

Хоспитализирани се 412 заразени лица во земјата

Во моментов низ болниците во земјава, хоспитализирани се 412 лица кои се позитивни на ковид-19. На Инфективната клиника вкупно се...

Македонија6 часа

Мицкоски: Се обврзуваме на минимална плата од 18.000 денари која ќе расте со просечната

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа посочи дека до крајот на мандатот на владата на ВМРО-ДПМНЕ минималната плата ќе стигне...

Македонија17 часа

(Интервју) Најчевска: Уставниот суд носи скандалозни одлуки

За скандалозните одлуки на Уставниот суд, довербата во институциите, за максималното почитување на човековите права, заложбите за истополови бракови, декриминализација...

Македонија18 часа

Заев најави укинување на министрите без ресор и отворање агенции и директорати

Ќе градиме уште поотчетна и потранспарентна влада која ќе работи за народот, за унапредување на правата на сите граѓани, порача...

Македонија20 часа

Бојан Јовановски пријави 40 функционери и бизнисмени: „Ќе ме спречат само ако посегнат по мојот живот“

Осудениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски преку писмо соопшти дека кривично ќе гони 40-ина функционери и бизнисмени порди злоупотреба на...

Македонија20 часа

Косово бара да се преиспита одлуката за влез во земјава со негативен тест

Косовскиот министер за здравство, Арменд Земај, побара од Македонија да ја преиспита одлуката за задолжителни тестови за влез на косовските...

Македонија22 часа

Турски државјани врзале чаршав и преку прозорец избегале од државен карантин во Скопје

Двајца државјани на Турција синоќа избегале од државен карантин во Скопје, со чаршав кој бил врзан како импровизирано јаже. Од...

Топ22 часа

Скопјанец ја нападнал со секира својата сопруга додека спиела, а потоа бил пронајден мртов

Шеесет и едногодишен маж од Скопско утрово со секира ја нападнал својата сопруга додека таа спиела во семејниот дом во...

Македонија23 часа

168 новозаразени и тројца починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.470 тестирања, а регистрирани се 168 нови случаи на...

Свет24 часа

Директорот на СЗО предупредува: Се забрзува ширењето на вирусот

Пандемијата на коронавирусот сè уште забрзува, а повеќето земји и натаму не успеваат да ја стават под контрола, предупреди директорот...

Регион1 ден

Србија воведува нови рестрикции поради коронавирусот, најстрого ќе биде во Белград

Во Србија, која веќе два дена е потресена од големи немири, донесени се нови мерки за превенција од коронавирусот. Како...

Досие