Свет
Убиецот од Тексас го најавил масакрот на Фејсбук: Ја убив баба ми, сега одам кон училиште

Гувернерот на Тексас, Грег Абот, изјави дека напаѓачот објавил три текста на Фејсбук пред нападот.
Во првиот текст, објавен 30 минути пред да отиде во училиштето, рекол дека ќе пука во својата баба. Во другиот напишал: „Ја убив баба ми“. А во третиот текст, објавен околу 15 минути пред нападот, тој го најавил својот крвав поход кон училиштето.
Неговата баба преживеала. Таа е во критична состојба, но е стабилна, беше речено на прес-конференцијата.
Во пукањето во основното училиште во Тексас беа убиени 19 деца и двајца возрасни. Пукањето се случило во 11:17 часот по локално време во основното училиште Роб во Увалде, мал град во југозападниот дел на Тексас.
Полицијата соопшти дека мртов е и 18-годишниот напаѓач Салвадор Рамос. Повеќе од 10 деца се повредени, а една жена и едно девојче се во критична состојба. Станува збор за училиште во кое посетуваат ученици до четврто одделение. Ги има околу петстотини и повеќето од нив се со шпанско потекло и лоша економска состојба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Уште еден смртоносен напад на ајкула во Хургада, втората жртва е Романка

Откако Австријката Елизабет Скваер (68) почина по стравичниот напад на ајкула во египетското летувалиште Хургада, австрискиот портал „Haute” денеска пишува за нов напад во близина на Хургада, при што животот го загубила уште една жена.
Веста ја потврдиле од египетското Министерство за заштита на животната средина. Вториов напад се случил на само 500 метри од местото каде Скваер била нападната.
Според информациите, втората жртва е Романка.
Ресорното министерство покренало истрага за инцидентите, ја затворило плажата, а преку соопштение информираат дека водените спортови одреден нема да бидат дозволени.
Ќе биде формирана комисија која ќе ги испита нападите и причините за нив.
Регион
Јоксимовиќ: Кога Србија ќе влезе во ЕУ, ќе мора да воведе санкции за Русија

Јадранка Јоксимовиќ – српската министерка за евроинтеграции изјави дека кога Србија ќе стане членка на ЕУ ќе мора да се усогласи со политиката на ЕУ во однос на воведувањето санкции против Русија.
„Единството на сите во ЕУ и меѓу кандидатите е инструмент што ја ослабува Русија, бидејќи се избегнува глобален конфликт што би го одвел светот во колапс“ – изјави Јоксимовиќ во интервју за српски „Курир“.
Таа смета дека новата Влада ќе ги забрза реформите и европскиот пат на Србија.
„Во текот на следната година ќе го имаме подготвено кластерот два – внатрешен пазар и пет – кохезија, ресурси и земјоделство. Кластерот три – инклузивен раст и конкурентност е веќе подготвен, а кластерот еден – владеење на правото и четири – зелена агенда и одржливо поврзување се веќе отворени. Останува кластерот шест во однос на заедничката надворешна и безбедносна политика“ рече Јоксимовиќ и додава дека „Србија според старата методологија на ЕУ поминала половина од преговарачката работа, а според новата Србија е единствената што ги забрзала преговорите“.
Европа
Медведев: Европејците повеќе не сакаат Украинци, уморни се од нив

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, оценил дека „љубовта“ на Европејците кон Украинците пука, пишуваат медиумите во регионот.
„Се чини дека возбудливата љубовна приказна на Европејците и Украинците е при крај. Европејците повеќе не сакаат Украинци, уморни се од нив. Гневните Полјаци се потсетија на нивниот луд национализам. Тие гласно потсетуваат на речиси четири милиони Украинци, кои се населиле во нивната земја, дека се во Полска“, напишал Медведев на својот канал „Телеграм“.
Како што пренесува Спутник, тој додал дека „слични процеси се случуваат и во други европски земји, кои започнале „љубовни игри“ со Киев“.
„Избледените чувства нема повторно да разгорат никакви ветувања за иден не толку близок и нерамноправен брак“, протолкувал Медведев.