Свет
Ужас во Франција – пронајдено обезглавено тело на маж со извадена утроба

Тело на маж без глава и отстранета утроба е пронајдено во малиот француски град Болен.
Полицијата интензивно трага по Алекс Мартин, осомничен за ова злосторство, пренесуваат светските медиуми.
URGENT – Un homme retrouvé décapité et éviscéré à Bollène – La police diffuse la photo d’un individu armé et dangereux, et lance un avis de recherche #décapité #décapitation https://t.co/yxsmTCdQYT
— Jean Marc Morandini (@morandiniblog) October 20, 2021
Полицијата ја предупреди јавноста дека осомничениот бил вооружен со нож и дека е опасен. На сите што го виделе им било препорачано да пријават во локалната полиција.
Страшното убиство се случило во областа Воклусе, во познатата туристичка област Прованса – Алпите – Азурниот Брег.
Локалните медиуми објавија дека хеликоптер, тим кучиња и други средства биле распоредени во областа за да помогнат во потрагата по осомничениот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Шведска го усвои законот за пристапување во НАТО додека чека ратификација

Шведскиот парламент денеска официјално го одобри законот кој ќе и’ овозможи на земјата да се приклучи кон НАТО откако неговата апликација ќе биде ратификувана од сите 30 членки на алијансата, пишува „Ројтерс“.
Шведска и соседна Финска поднесоа барање за влез во НАТО минатата година како одговор на руската инвазија на Украина. Сепак, тој процес е попречен од Турција, која, како и Унгарија, допрва треба да ги ратификува шведските и финските барања.
Очекувано, шведскиот парламент го усвои законот со големо мнозинство од 296 гласови за и 35 против. Партиите на левицата и зелените гласаа против.
Со влезот во НАТО, Шведска ќе стави крај на двовековната воена неутралност. Шведска особено се соочува со приговори од Турција, која тврди дека во Стокхолм има членови на терористички групи, што шведските власти го негираат.
Анкара бара екстрадиција на луѓето кои ги смета за терористи како услов за давање зелено светло за членството на Шведска во НАТО. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган минатата недела изјави дека турскиот парламент ќе почне да го ратификува пристапот на Финска во НАТО, но го одложи во случајот со Шведска.
Истиот ден, унгарскиот парламент објави дека ќе гласа за ратификација на приемот на Финска во НАТО на 27 март, но не и на Шведска.
Свет
Силен земјотрес ја погоди Аргентина

Земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Аргентина.
Епицентарот на земјотресот бил северозападно од Сан Антонио де лос Кобрес.
Европа
Францускиот парламент го поддржа владиниот план за нуклеарна обнова: Клучната точка е изградбата на шест нови реактори

Еден ден откако француската влада тесно го преживеа гласањето за недоверба поради најавената пензиска реформа, францускиот парламент со големо мнозинство го поддржа планот на владата за инвестирање во нуклеарната енергија.
Планот за нуклеарна обнова, чија клучна точка е изградбата на шест нови нуклеарни реактори, беше одобрен вчера во францускиот парламент со 402 гласа за и 130 против, пренесува „Ројтерс“.
„По Сенатот минатиот месец, Долниот дом со големо мнозинство гласаше за планот за нуклеарна обнова, кој е резултат на заедничката работа во борбата против климатските промени и го гарантира нашиот енергетски суверенитет“, рече премиерката Елизабет Борн.
На вчерашното гласање за недоверба на француската влада, 278 пратеници го поддржаа предлогот на опозицијата за изгласување недоверба, а уште девет пратеници, односно 287 од нив, гласаа против соборувањето на владата на Борн.