Контакт

Свет

Украдени податоци на 380 000 клиенти на „Бритиш ервејз“

Објавено пред

Британската авиокомпанија „Бритиш ервејз“ (БА) во петокот ја информираше јавноста дека нивната веб-страница и мобилната апликација биле погодени од хакерски напад од 21 август до 5 септември и дека ситуацијата била испитана „како итен случај”, објави Би-би-си.

Авиокомпанијата соопшти дека финансиските и личните податоци на нивните корисници се загрозени. Погодени се 380 000 трансакции, но украдените податоци не ги вклучуваат деталите за патувањата или пасошите.

„Нападот на страницата е решен и нашата веб-страница работи нормално. Ја известивме полицијата и властите”, се вели во соопштението на компанијата, додавајќи дека се контактирани корисниците чии податоци биле пробиени.

Свет

Лавров: Ситуацијата со Иран се развива кон опасно сценарио

Објавено пред

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека ситуацијата со Иран се одвива кон опасно сценарио, јави „Ројтерс“ повикувајќи се на руската новинска агенција РИА.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера воведе нови санкции кон Иран бидејќи иранската војска минатата седмица собори американско беспилотно летало.

Прикажи повеќе...

Свет

Болтон: Трамп е отворен за преговори, Иран само треба да помине низ отворената врата

Објавено пред

dzon bolton sovetnik za nacionalna bezbednost belata kukja

Советникот за национална безбедност на САД, Џон Болтон, изјави дека претседателот Доналд Трамп е отворен за преговори.

Тој додаде дека сѐ што треба Иран да направи е да помине низ таа отворена врата.

„Едноставно, не постои доказ дека Иран донел стратешка одлука да се откаже од нуклеарното оружје“, изјави Болтон.

Изјавата на американскиот советник следува по критиките што Иран ги упати на сметка на администрацијата на Трамп, а се однесуваа на новите санкции на САД врз иранскиот врховен лидер.

Иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека таа мерка значи трајно затворање на дипломатијата помеѓу САД и Иран.

Прикажи повеќе...

Регион

Мета ја осуди одлуката на изборната комисија, го повика Рама на дијалог

Објавено пред

Албанскиот претседател, Илир Мета, ја осуди одлуката на албанската изборна комисија за одржување на локалните избори на 30 јуни повикувајќи ја владејачката коалиција на чело со Социјалистичката партија на Еди Рама да седнат зад предговарачката маса и да не спроведуваат, како што рече, имагинарен процес на гласање, пренесе АП.

Претседателот Мета изјави дека преговорите за членство на Албанија во Европската Унија нема да бидат отворени ако во земјата в недела се одржат локални избори, без опозицијата која бојкотира.

Изборниот колегиум составен од пет судии вчера донесе одлука локалните избори да бидат одржани во земјата според првичниот план на 30 јуни одбивајќи да ја прифати уредбата на претседателот за одложување на изборите поради актуелната политичка криза.

Мета одложувањето на изборите го образложи со стравување дека гласањето би било недемократско без учество на опозициските партии и нагласи дека во таков случај постои можност за граѓански немири.

Албанскиот премиер, Еди Рама, инсистира изборите да бидат одржани на 30 јуни, а одлуката на претседателот Мета за одложувањето на изборите ја оцени како антиуставна.

На вчерашниот состанок албанската обединета опозиција на чело со Демократската партија на Љуљзим Баша го потврди ставот за бојкот на изборите порачувајќи дека на 30 јуни нема да бидат одржани локалните избори.

Тие наведоа дека против владејачката хунта оправдан е секој вид отпор.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија16 минути

(Видео) Арсовски: Советник од ДУИ незаконски гради бетонска база во Охрид

Безвластието и самоволието на локалните шерифи во Охрид е само слика и прилика од владеењето на Зоран Заев и СДСМ,...

Македонија2 часа

Кавадарчани фалсификувале американски долари, обвинение против 12 лица, меѓу кои и вработени во банка

Основното јавно обвинителство Велес поднесе обвинителен акт за фалсификување американски долари. Од Обинителството информираат дека обвинението се однесува на 12...

Македонија3 часа

Поднесено е обвинение против Ел Чека

Основното јавно обвинителство Кичево поднесе обвинение против Ел Чека за, како што се наведува, продолжено кривично дело – неовластено прислушување...

Македонија3 часа

Финансиската полиција спроведе акција во скопско Љуботен, жителите вознемирени

Финансиската полиција од утрово спроведува акција во скопското село Љуботен, каде што со помош на припадници на МВР се врши...

Свет5 часа

Иран: САД го затвори патот на дипломатијата засекогаш

Техеран порача дека со воведувањето на нови американски санкции кон ирански претставници значи постојано затворање на патот на дипломатијата меѓу...

Свет5 часа

Русија се враќа во Советот на Европа

Русија доби поддршка од Парламентарното Собрание на Советот на Европа, по неколку години да се врати во тоа тело, пренесе...

Македонија20 часа

Герила акција: Скопските дрвја во синџири

О2 иницијативата во соработка со Институтот за комуникациски студии спроведе герила акција со цел да укаже дека е неопходна слобода на...

Топ21 час

Две лица се обиделе да запалат кафуле во Лисиче

Синоќа во 22 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред кафе бар на улицата „Горно Лисиче“ во Скопје две...

Македонија21 час

Тројца стружани со државни пари точеле гориво во своите приватни возила

Полицијата поднесе кривична пријава против три лица од струшко кои се сомничат за злоупотреба на службена положба и овластување. Од МВР...

Македонија23 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Атанасов направи храбар чекор и ѝ кажа „не“ на неработливата и криминална Влада

ВМРО-ДПМНЕ ја поздрави одлуката на Петар Атанасов да се повлече од функцијата заменик-министер за образование. „ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува одлуката на...

Македонија24 часа

Јанкулоска не оди во затвор, Врховен ѝ го прифати барањето за одлагање

Врховниот суд ѝ го прифати барањето на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, за одлагање на извршувањето на казната...

Македонија1 ден

Атанасов до Заев: Поднесувам оставка

Заменик-министерот за образование, Петар Атанасов, на „Фејсбук“ му се обрати на премиерот Заев порачувајќи му дека поднесува оставка од функцијата...

Топ1 ден

Камион поклопи маж при истовар на стока

Педесет и седумгодишен маж од село Скудриње вчера почина кога бил поклопен од неговиот камион ТАМ. Несреќата се случила кога...

Регион1 ден

Напнато на Медитеранот, грчките воени сили во состојба на готовност

Грчките вооружени сили се во состојба на готовност поради продолжување на можниот турски провокативен настап на истокот од Медитеранот, пишува...

Регион1 ден

(Видео) Во Банат падна град со големина на тениско топче

Само во Белград во попладневните часови за помалку од еден и пол час падна повеќе дожд од просекот за овој...

Регион1 ден

(Видео) Белград под вода, бликнаа ,,фонтани” на улиците

Невреме проследено со пороен дожд, а во некои места и град со големина на тениски топчиња, го погоди северниот, западниот...

Свет1 ден

Ердоган и ја честиташе победата на опозицијата, на улиците еуфорично се славеше

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган му ја честита на кандидатот на опозицијата Екрем Имамоглу победата на повторените избори за...

Македонија2 дена

,,Октомври е близу, наскоро ќе добиете датум”, порача Вајгл

Тројката европратеници Едвард Кукан, Кнут Флекенштајн и Иво Вајгл, доцна вечерва заедно со претседателот на Собранието, Талат Џафери, од законодавниот...

Топ2 дена

Трагедија во Битола – ја убил сопругата, по што се застрелал

Убиство и самоубиство се случи попладнево во Битола. По расправија, маж ја застрелал сопругата по што си го одземал животот....

Регион2 дена

Топлотен бран и се заканува на Европа со температури над 40 степени

Европејците следната недела ги очекува топлотен бран со температури кои ќе достигнат над 40 степени, кои се невообичаени за јуни,...

Досие