Европа
Украина: Бегалците цел на криминални банди?

Многу луѓе сакаат да им помогнат на бегалците од Украина, но меѓу нив очигледно има и такви со криминални намери. Експертите предупредуваат на потенцијална катастрофа, на која се изложени луѓето во бегство, пишува „Дојче веле“.
Уапсен маж во Полска е осомничен дека силувал млада Украинка. Според германските портали, тој на девојката бегалка од Украина ѝ понудил бесплатно сместување, а потоа сексуално ја малтретирал. Друг маж ѝ понудил соба и работа на 16-годишна девојка, но потоа, како што пишува германски портал, интервенирале претставници на полските власти.
Во бегалскиот камп „Медика“ во близина на границата на Полска со Украина вниманието го привлече маж што им нудел помош само на жени и девојки. Кога полицијата го прашала за мотивите, тој ја променил приказната, пренесуваат медиумите.
Ова се само дел од многуте приказни во последните денови што документираат дека најранливите групи, милиони жени и деца што бегаат од Украина од руската инвазија, се соочуваат со уште една закана од експлоатација. Властите и хуманитарните организации се загрижени за оваа состојба и се обидуваат да ги заштитат бегалците од трговија со луѓе и други форми на злоупотреба.
„Тие се во ситуација кога некои луѓе, како трговците со луѓе, бараат начини да ги искористат“, рече Јонг-ах Гедини-Вилијамс, шеф за глобални комуникации во Агенцијата за бегалци на ОН. Тие во последните денови ги посетија пограничните области во Романија, Полска и во Молдавија.
Според ОН, Украина досега ја напуштиле повеќе од 2,5 милиона луѓе, меѓу кои и повеќе од еден милион деца. Во земјите од соседството на Украина, Романија, Полска, Унгарија, Молдавија и на Словачка постои голема подготвеност да им се помогне на бегалците. Но, ризиците очигледно се големи.
Последниве денови берлинската полиција објави на социјалните мрежи (на украински и руски) предупредување жените и девојките од Украина да не прифаќаат понуди од непознати лица што нудат помош за бегалците, односно сместување во Германија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Кличко: Главна цел на Русија останува освојувањето на Киев

Виталиј Кличко, градоначалникот на Киев и поранешен светски шампион во бокс, им се обрати на собраните на Светскиот економски форум (СЕФ), кој се одржува во Давос, Швајцарија.
Тој рече дека Русија сè уште се надева оти ќе го преземе главниот град на Украина.
„Јасно е дека не станува збор за специјална воена операција, како што тврди Русија, туку за војна, една од најголемите по Втората светска војна. Илјадници луѓе загинаа, меѓу кои и многу деца, а на истокот на земјата се води голема битка“, рече Кличко.
Тој рече дека не е тајна оти окупацијата на цела Украина и понатаму е приоритет на Русија, „а нејзината главна цел е главниот град, срцето на земјата“, додавајќи дека „целиот свет виде докази за воени злосторства преку сателитските снимки на Буча“.
„Сите разбираат дека ова не е специјална операција, туку геноцид врз украинскиот народ“, рече Кличко мислејќи на човечкото страдање во Украина, пренесуваат медиумите.
Европа
Украина: Двајца руски војници се изјаснија за виновни за воени злосторства

Двајца руски војници, кои беа заробени од украинските сили, денеска, за време на второто судење за воени злосторства во војната во Украина, ја признаа вината за гранатирањето на град во источниот дел на таа земја.
За време на судењето во Окружниот суд во Котелевск во централна Украина, државните обвинители побараа казна од 12 години затвор за Александар Бобикин и Александар Иванов за, како што наведоа, кршење на законот за војна, пренесува „Ројтерс“.
Бобикин и Иванов признаа дека биле дел од артилериска единица, која од областа Белгород во Русија гаѓала цели во областа Харков.
Европа
Шолц: Русија нема да победи во војната во Украина, ниту ќе ги диктира условите за мир

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека Русија нема да победи во војната во Украина и посочи дека Москва не смее да ги диктира условите за каков било мир.
„Путин сериозно ќе преговара за мир само ако сфати дека не може да ја пробие одбраната на Украина“, рече Шолц во говорот на Светскиот економски форум во Давос, пренесува „Ројтерс“.