Контакт

Свет

Украина го нападна турскиот гасовод во Русија, тврди Москва

Објавено пред

Русија соопшти дека Украина се обидела да нападне компресорска станица што го снабдува гасоводот „Турски тек“.

Руското Министерство за одбрана објави дека противвоздушната одбрана соборила девет украински беспилотни летала кои се движеле кон компресорската станица „Рускаја“ во јужниот руски регион Краснодар.

Наведено е дека нема жртви меѓу персоналот стациониран на станицата, иако инфраструктурата претрпела мала штета поради фрагменти од соборените дронови. Екипите за итни случаи на ПЈС „Газпром“ веднаш ги елиминираа последиците од паѓањето на отпадот, а опремата е обновена“, се вели во соопштението.

Тие додадоа дека нема прекини во работата на станицата тврдејќи дека целта на нападот била да се запре испораката на рускиот гас за европските земји.

Украинските власти сѐ уште не ги коментирале руските тврдења. „Турски тек“ е гасовод што води од Русија до Турција. Почнува од компресорската станица „Рускаја“ во близина на Анапа во Краснодарскиот регион во Русија минувајќи низ Црното Море до терминалот за прием во Кијикој во северозападна Турција.

Овој гасовод се состои од два крака од 930 километри, кои се протегаат од Русија до Турција преку Црното Море, и посебен крак од копно од 142 и 70 километри. Првиот крак со капацитет од 15,75 милијарди кубни метри е наменет за снабдување на домашните корисници во Турција, а вториот со уште 15,75 милијарди кубни метри го транспортира рускиот гас понатаму во југоисточна и централна Европа.

„Турски тек“ беше официјално отворен на 8 јануари 2020 година, а неговата изградба почна во мај 2017 година.

Најново

Свет9 минути

Мерц ја нападна АфД: „Ремиграцијата“ во практика значи етничко чистење

Германскиот канцелар Фридрих Мерц ја обвини партијата Алтернатива за Германија (АфД) дека ја поддржува Русија на штета на германските интереси...

Култура11 минути

„Бог на колежот“ на 34. МФКТ „Ристо Шишков“ во Струмица

Наградуваната копродукциска претстава на Македонскиот народен театар, по освоеното Гран при на „Денови на комедија“ пристигнува пред струмичката публика. На...

Македонија14 минути

Дел од Чаир утре без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре поради уличен дефект на водоводна цевка од ф – 100 мм на...

Свет16 минути

Мерц: Русија со месеци го подготвувала нападот врз аеродромот Лајпциг, избегнавме катастрофа

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека обидот за напад со дрон врз аеродромот Лајпциг/Хале бил со месеци подготвуван во Русија...

Црна хроника17 минути

Претрес во Штип, пронајдена дрога: уапсен 37-годишен маж

Вчера во 10:00 часот во Штип, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип...

Европа18 минути

Гугл започнува со огромни инвестиции во Европа: 13 милијарди евра инвестира во Финска

Гугл ќе инвестира најмалку 13 милијарди евра во инфраструктура за вештачка интелигенција во Финска во следните две години. Компанијата потврди...

Свет20 минути

„Аксиос“: Трамп не се спротивставил на британските санкции против израелските населби

Администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп, не се спротивставила на иницијативата на Велика Британија за воведување нови санкции против израелските...

Спорт25 минути

Куртоа повторно ја напушти Белгија

Тибо Куртоа (34) дефинитивно нема да игра за белгиската репрезентација на претстојните натпревари од Лигата на нации. Тој ја донесе...

Економија31 минута

„Зелени идеи“ бара нови импакт-бизниси, пријавувањето трае уште една недела

Здружението „АРНО“ потсетува дека остануваат уште седум дена до затворањето на националниот натпревар „Зелени идеи“, на кој можат да аплицираат...