Свет
Украина евакуира повеќе од 4.000 луѓе

Украина вчера успеа да евакуира повеќе од 4.000 луѓе од градовите од првите борбени линии, изјави заменик-премиерката на Украина, Ирина Верешук.
Таа во видеоизјава рече дека се евакуирани над седум хуманитарни коридори, пренесе „Ројтерс“.
Верешук додаде дека три хуманитарни коридори не функционираат обвинувајќи ги руските сили дека отвориле оган врз цивилите што се евакуираат од регионот на Киев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Познат идентитетот на децата убиени во масакрот во Тексас

Неколку часа по масакрот во основното училиште во Тексас, почнаа да пристигнуваат информации за жртвите. Полицијата потврди дека загинале 19 деца и двајца возрасни, а неколку деца се тешко повредени. Медиумите јавуваат дека се идентификувани првите жртви.
Узија Гарсија е осумгодишно дете убиено во нападот, потврди неговото семејство.
„Најслаткото момче што некогаш сум го познавал“, изјави неговиот дедо Мани Ренфро за Асошиетед прес.
Мајката била на училиште непосредно пред масакрот
Друга идентификувана жртва е 10-годишниот Ксавиер Хавиер Лопез.
– Тој беше само 10-годишно момче кое уживаше во животот, без поим што ќе се случи денес. Постојано се шегуваше, сакаше да танцува со браќата, мајка му. Ова е многу тешко за сите нас – изјави роднината на убиениот Ксавиер.
Неговиот братучед открил за АБЦ Њуз дека момчето и неговата мајка биле на училиште само неколку часа пред нападот на доделувањето на наградите. Мајка му тогаш го видела последен пат.
Убиена е и десетгодишната Амери Џо Гарза.
Амери Џо наполни 10 години пред две недели, изјави нејзиниот татко Ангел Гарза (Ангел).
– Ви благодарам на сите за молитвите. Мојата мала љубов сега лета високо со ангелите. Никогаш не земајте ништо здраво за готово. Особено времето што го поминувате со вашите семејства. Прегрнете го вашето семејство. Кажете им дека ги сакате. Те сакам, Амери Џо – изјави Гарза за АБЦ, пренесуваат медиумите.
Европа
Орбан денеска ги најавува првите потези по воведувањето на вонредната состојба во Унгарија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан воведе втора вонредна состојба во земјата, овој пат за отстранување на последиците од војната во Украина, додека првата вонредна состојба поврзана со пандемијата на коронавирус истекува во вторник следната недела, јавуваат новинските агенции.
„Светот е на работ на економска криза. „Унгарија мора да остане настрана во оваа војна и да ја заштити финансиската сигурност на своите семејства“, објави унгарскиот лидер на Фејсбук, пренесува Франс прес.
Орбан, кој го освои својот четврти последователен мандат на 3 април, претходно користел извршни наредби за да ја спречи миграцијата, а потоа и во пандемијата на коронавирус, пренесува Ројтерс.
Новата вонредна состојба повторно ќе и овозможи на владата на Орбан да усвои итни мерки, без парламент.
„Користејќи го своето уставно право, владата од полноќ прогласува вонредна состојба поради војната“, додаде тој.
Непосредно пред ова соопштение, новоположениот парламент го измени уставот за да овозможи воведување на ваква мерка „поради конфликт“. Таму партијата Фидес на Виктор Орбан има двотретинско мнозинство.
Првите одлуки донесени во оваа нова законска рамка ќе бидат објавени во среда, рече Орбан.
Орбан, кој е на власт во последните 12 години без прекин, западните партнери редовно го обвинуваат за злоупотреба на моќта во неговата земја, членка на ЕУ и НАТО, пренесе Н1.
Свет
Сорос предупредува: Русија можеби го означи почетокот на Третата светска војна, нашата цивилизација можеби нема да опстане

Американскиот милијардер и филантроп Џорџ Сорос се обрати на Светскиот економски форум во Давос, предупредувајќи дека руската инвазија на Украина можеби го означила почетокот на Третата светска војна.
– Мора да ги мобилизираме сите наши ресурси за предвреме да заврши војната. Најдобар и можеби единствен начин да ја зачуваме нашата цивилизација е да го победиме Путин што е можно поскоро – истакна Сорос.
Сорос предупреди дека ситуацијата во светот нема да биде иста како кога престанаа борбите, бидејќи другите проблеми што го засегаат човештвото, како што се пандемијата на коронавирус, климатските промени, одржувањето на глобалните институции, се поместени поради војната во Украина.
– Затоа велам дека цивилизацијата можеби нема да опстане – додаде Сорос.
Сорос ја повика Европа да ја искористи својата позиција на голем потрошувач на руски природен гас за да заземе поцврст став кон Русија, пренесуваат светските агенции.
George Soros says Europe has more bargaining power than it thinks when dealing with Russia because the continent is Putin's 'only market' for natural gas https://t.co/jxeLOrN6mC
— Business Insider (@BusinessInsider) May 25, 2022