Европа
Украина: Идентификувани 10 Руси кои извршиле воени злосторства во Буча

Масакрот на цивили во Буча, кој беше откриен кога руските сили се повлекоа од тој град недалеку од Киев, предизвика неверување и осуда кај голем број светски лидери.
Главната обвинителка на Украина, Ирина Венедиктова, сега вели дека нејзиниот тим идентификувал 10 лица за кои се верува дека извршиле воени злосторства во Буча.
Во еден случај, наведува Венедиктова, руски војници влегле во дом во кој се криеле цивили и им се заканувале со оружје и ги тепале со пушки.
Се наведува дека идентификуваните руски војници зеле цивили како заложници, не им давале храна и вода и ги мачеле и малтретирале.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Нехамер: Путин е подготвен да овозможи извоз преку украинските пристаништа

„Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да овозможи извоз од Украина преку поморските пристаништа“, изјави попладнево австрискиот канцелар Карл Нехамер.
По телефонскиот разговор со Путин на прес-конференција во Виена, Нехамер рече дека прво мора да се воспостават безбедносни услови во украинските пристаништа.
Австрискиот канцелар нагласува дека останува да се види дали тоа се само празни зборови или искрена подготвеност, што ќе се види само доколку навистина се овозможи извоз преку пристаништата, пренесе „Танјуг“.
Европа
Шолц: Путин сака нас да нè обвини за кризата со гладот

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека сака да му ја припише на Западот одговорност за кризата со глад, што ја предизвикал со агресијата врз Украина.
– Наративот на Путин мора итно да се побие – нагласи Шолц во Штутгарт.
Тој рече дека Путин нашол формулација, и дека постојано зборува за „глобалниот запад“. Со ова, вели Шолц, мисли на непријателите против кои сака да се обедини со другите.
– Кризата на глад, која беше предизвикана од неговата војна, која тој ја започна, сега им се припишува на оние кои се со Украина – рече тој, пренесе Блиц.рс.
Европа
Путин: Притисокот од непријателските земји е практично агресија

Притисокот од непријателските држави е „практично агресија“, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.
– Предноста на интеграцискиот курс сега е особено очигледна, во сегашната тешка меѓународна ситуација, а тоа е практично агресија на некои непријателски држави – рече Путин на состанокот на Врховниот евроазиски економски совет, кој се одржува во форма на видео-конференција.
Рускиот претседател додаде дека учесниците на состанокот биле „убедени дека интеграцијата економски ќе ги зајакне нивните земји и“ значително ќе ја намали нивната зависност од надворешни кризи, вклучително и политички, пренесе ТАСС.
Путин зборуваше за мерките што ги презема владата во сегашните услови.
Тој рече дека Владата навремено носи одлуки за стабилно функционирање на пазарот и финансискиот сектор и се грижи за клучните индустрии и компании кои се од системско значење.
Путин рече дека е обезбедена поддршка за ликвидноста на банките и дека се шири практиката на тргување во национални валути со земји кои со своите постапки покажале дека се доверливи партнери на Русија.