Контакт

Свет

Украина не потпишала ништо на состанокот во Минск

Објавено пред

Шефот на Комисијата за надворешни работи во украинската Врховна рада (парламент), Богдан Јаременко, тврди дека Украина не потпишала ништо на крајот од вчерашниот состанок на контакт-групата во Минск, на која беше одобрена т.н. штајнмаерова формула за доделување посебен статус на Донбас.

„Вчера никој не потпиша ништо“, објави новинската агенција УНИАН цитирајќи го Јаременко на „Фејсбук“.

„Претставникот на Украина во групата, Леонид Кучма, писмено го извести претставникот на ОБСЕ, Мартин Сајдик, дека Украина е задоволна со формулата одобрена од помошниците на лидерите на нормандиската четворка во Минск на 1 септември 2019 година“, објасни тој.

Јаременко исто така истакна дека владата во Киев не планира да ги напушти своите принципи вклучувајќи ги интегритетот и суверенитетот на Украина, како и правото на Киев да ги толкува договорите од Минск на свој начин.

На состанокот во вторникот сите членови на контакт-групата за спогодба во источна Украина ја потпишаа штајнмаерова формула, изјави за ТАСС извор близок до преговорите. Според изворот, Кучма го потпишал документот одобрен претходно од помошниците на лидерите на нормандиската четворка. Претставниците на Русија, републиките во Донбас и ОБСЕ исто така го потпишаа документот.

Формулата требаше да биде потпишана на претходниот состанок на контакт-групата на 18 септември, но украинската делегација во последен миг одби да ја потпише формулата која беше одобрена претходно.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Пакистан депортира американски новинар кој ја критикувал слободата на медиумите во земјата

Објавено пред

Пакистанските власти депортираа американски новинар во Вашингтон откако тој пристигнал на аеродромот во Лахоре за да ја претставува глобалната група за слобода на медиумите „Комитет за заштита на новинарите“ (КПЈ), пренесува „Спутник“.

Стивен Батлер, координатор на Азиската програма во КПЈ планирал да присуствува на конференцијата „Асма Јахангир – Патоказ за човековите права во Пакистан“. Во јули, Батлер напиша статија во „Вашингтон пост“ за ударот на владата на премиерот Имран Кан врз слободата на медиумите во Пакистан.

Групата соопшти дека службеникот за имиграција на меѓународниот аеродром „Алама Икбал“ во Лахоре му рекол на Батлер оти визата му е валидна, но дека му била укината бидејќи неговото име е на списокот за запирање на пакистанското МВР. Исто така му бил одземен и пасошот, а тој бил принуден да се качи на летот за Доха во Катар. Оттаму катарските власти го качиле на лет за Вашингтон.

Барајќи целосно објаснување за инцидентот и исправање на оваа грешка, Џоел Симон, извршниот директор на КПЈ рече: „Ако владата е заинтересирана да ја покаже својата заложба за слобода на медиумите, треба да спроведе брза и транспарентна истрага за овој случај“.

Новинари и истакнати луѓе ширум светот го доведоа во прашање ставот на пакистанската влада и побараа од премиерот Имран Кан да интервенира во инцидентот.

„Секој што наредил да му се забрани влез на Стивен Батлер и го принудил да се врати во САД, всушност се обидува да му каже на целиот свет дека демократијата во Пакистан е измама и сите оние што сакаат да зборуваат за слобода на медиумите нема да бидат толерирани – дали е ова новиот Пакистан на Имран Кан?“, напиша истакнатиот пакистански новинар Хамид Мир на Твитер.

„Амнести интернешнел“ одлуката ја нарече ,,алармантен знак дека слободата на изразување продолжува да се напаѓа во Пакистан“.

„Имран Кан се фали со зголемена слобода на изразување во Пакистан, а на Стивен Батлер од КПЈ му беше забранет влез во Пакистан и покрај валидната виза. Овие фашистички дела му носат лоша репутација на Пакистан, а не луѓето како мене“, изјави пакистанскиот активист за човекови права, Гулалаи Исмаил.

 

 

 

Прикажи повеќе...

Европа

ЕУ најави реципрочни мерки за царините од САД

Објавено пред

Европска комисија денеска најави дека планира да воведе реципрочни мерки како одговор на царините на САД, што се воведени поради субвенционирање на Ербас.

„Жалиме поради одлуката на САД да воведат царини. Таквиот чекор не ни остава поинаква можност освен да воведеме сопствени царини во случај на Боинг, каде САД ги кршат правилата на Светската трговска организација“, изјави еврокомесарката за трговија Сесилија Малмстром.

Таа предупреди дека царините не се во долгорочен интерес на никого.

„Бидејќи е утврдено кршење на правилата на СТО од двете страни, предлогот на ЕУ е „за јасно дефинирани постоечки субвенции за авиоиндустријата и идната поддршка за тој важен сектор и понатаму е на маса“, посочи Малмстром.

Вашингтон претходно соопшти дека стапија во сила царините за европските артикли во вредност од 7,5 милијарди американски долари. САД најавија воведување на царини на 2 октомври откако СТО пресуди дека ЕУ нелегално ја субвенционирала компанијата Ербас.

Прикажи повеќе...

Свет

Трамп телефонски разговараше со Ердоган, добил уверување дека ќе го почитува примирјето

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва изјави дека во телефонски разговор со неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган добил уверување дека ќе го почитува примирјето во Сирија, кое започна синоќа.
        
„Штотуку разговарав со Ердоган … Тој навистина сака примирјето или прекинот на огнот да функционира“, објави Трамп на Твитер, додавајќи дека тоа го сакаат и сириските Курди.
        
Трамп посочи дека некои европски земји, без да прецизира кои, ќе можат да ги преземат џихадистите приведени во Сирија.
        
„Тоа е добра вест. Постигнат е голем напредок“, додаде американскиот претседател.
        
Синоќа стапи на сила примирје за да можат Курдите да се повлечат од североисточна Сирија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Хелсиншки бара казна за училиштето во Гостивар каде деца со војнички поздрав ја поддржаа офанзивата во Сирија

Хелсиншкиот комитет остро го осудува злоупотребувањето на учениците од гостиварското основно училиште Мустафа Кемал Ататурк за политички цели. На 17.10.2019...

Европа6 часа

(Видео) Десетици илјади демонстранти на улиците во Барселона, студентите се судрија со полицијата

Десетици илјади поддржувачи на независноста на Каталонија протестираат во центарот на Барселона против пресудите на нивните водачи, барајќи отцепување од...

Македонија6 часа

Ципрас: Понекогаш европските вредности се посилни на Балканот, отколку во Европа

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас го осуди фактот дека лидерите на земјите-членки на ЕУ не успеаја да се постигнат согласност...

Култура7 часа

Министерството за култура го осуди вандализмот, бара да се заштити Аквадуктот

Министерството за култура енергично го осудува вандалскиот чин на оштетување на Аквадуктот, коj е дел од културно наследство, при што...

Македонија7 часа

(Видео) Интервју со Села: 18 години не одговарал ниеден функционер од ДУИ

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, во интервју за „Макфакс“ рече дека не може да се оочекува ЕУ да...

Македонија7 часа

Влада: Во тек се консултации, Заев носи одлуки во интерес на граѓаните и државата

Во тек се интензивни консултации после заклучоците на Европскиот совет, премиерот Зоран Заев носи одлуки водејќи се исклучиво од интересите...

Македонија9 часа

Лидерската средба ќе се одржи в недела во вилата на Водно

На иницијатива на претседателот Стево Пендаровски, в недела – 20 октомври во кабинетот на претседателот во „Вилата Водно“, со почеток...

Европа9 часа

Макрон: Земјите од соседството на ЕУ не е нужно да бидат нејзини членки

Францускиот претседател, Емануел Макрон, во првото обраќање во јавноста откако стави вето за пристапните преговори за Северна Македонија и Албанија...

Македонија10 часа

Туск: Верувам дека ова е кратка криза, а не крај на проширувањето на ЕУ

По завршувањето на самитот на ЕУ во Брисел, претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, и претседателот на Европскиот совет, Доналд...

Македонија11 час

Конте: Одлуката на ЕУ за Северна Македонија и Албанија е историска грешка

Италијанскиот премиер, Џузепе Конте, изјави дека одлуката на Европската Унија да не го отвори пристапниот процес за Северна Македонија и...

Македонија11 час

(Видео) Пендаровски свика лидерска: Не е време за разочарување, туку за обединување

По одлуката на Советот на Европската Унија да не даде датум за почеток на преговорите за членство на нашата држава...

Јоханес Хан Јоханес Хан
Македонија11 час

Хан: Одговорноста за овој неуспех не е на Северна Македонија, туку на ЕУ

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, вели дека одговорноста за одлуката да не им се додели датум за преговори на Северна...

Македонија11 час

(Видео) Мицкоски: Предвремени парламентарни избори за да се надмине кризата

Одлуката за недобивање датум е пораз, но не пораз на народот, туку на политиките на Заев и оваа власт, навлезена...

Македонија12 часа

Димитров: ЕУ јасно да каже дали е отворена за европска иднина на Западен Балкан

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, преку својот налог на „Tвитер“ побара од Европската Унија да биде директна со земјите...

Европа14 часа

Пучдемон им се предаде на белгиските власти

Поранешниот лидер на Каталонија, Карлес Пучдемон, им се предаде денеска на белгиските правосудни органи кога Шпанија издаде нов налог за...

Топ14 часа

Воз удри во автомобил во Прилеп, повредени четири лица

Четири лица се повредени во железничка несреќа што се случила во близина на меѓуградската автобуска станица во Прилеп. Според информациите на...

Свет15 часа

Трамп во нова трговска офанзива, воведе царини на многубројни европски производи

Дополнителни царини во вредност од 7,5 милијарди американски долари за низа европски производи денеска воведоа САД, што претставува нова трговска...

Свет16 часа

Eксплозии и пукање во Сирија еден ден по договорот за прекин на огнот

Експлозии на гранати и пукање во областа на градот Рас ел-Ајн во североисточна Сирија на само еден ден по договорот...

Европа17 часа

(Видео) Барселона во пламен, протестите излегоа од контрола

Илјадници луѓе синоќа излегоа на протест на улиците на Барселона, четврти ден по ред. Како што пренесуваат локалните медиуми, на...

Свет1 ден

Турција ги прекинува воените операции во Сирија

Американскиот потпретседател Мајк Пенс изјави дека постигнал договор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за прекин на огнот во северна...

Досие