Свет
Украина: Русија гранатираше станбени области во Харков

Руските сили гранатираа станбени области во градот Харков во источна Украина, 89 пати во еден ден, но нема опасност за цивилите откако беше погоден институтот во кој се наоѓа нуклеарната лабораторија, изјави денеска гувернерот на харковската област Олех Синехубов.
„Сè уште нема закани за цивилното население“, рече Синехубов во видео обраќањето, пренесува „Ројтерс“.
Градот Харков е под немилосрдно бомбардирање на руските сили, потврди градоначалникот Ихор Терехов во денешното телевизиско обраќање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Австралијците избираат нова влада, ова се слики од гласачките места

Интересни фотографии доаѓаат од гласачките места во Австралија, каде граѓаните денеска излегоа на избори.
Tамошните медиуми пренесуваат дека голем број гласачи се решиле да одговорат на повикот од австралискиот бренд за костими за капење „Budgy Smuggler“, од каде на почетокот на неделава преку социјалните мрежи ги охрабриле луѓето да го искористат своето уставно право да гласаат без панталони.
View this post on Instagram
Компанијата понуди бесплатен пар на секој кој гласа во костим за капење и на социјалните мрежи ќе објави фотографија со назнаката #SmugglersDecide.
Австралиските медиуми пренесуваат, дека според компанијата, сотици граѓани го прифатиле ваквиот повик.
Австралијците избираат нов парламент и овие избори би можеле да ги вратат опозициските лабуристи на власт по девет години конзервативна влада, но трката е тесна.
Гласачките места се отворени од 8 часот по локално време, а се затвораат во 18 часот.
Околу 17,2 милиони гласачи треба да изберат претставници за 151 место во Претставничкиот дом со тригодишен мандат.
Се избираат и 76 претставници во Сенатот на шест години.
Партијата или коалицијата која ќе добие најмногу гласови автоматски добива задача да формира влада.
Лидерот на опозициските лабуристи Ентони Албанезе, кому анкетите му дадоа мала предност за функцијата иден премиер, ги повика гласачите да му дадат шанса.
Актуелниот премиер, конзервативецот Скот Морисон, е на власт од 2018 година и се кандидира за нов мандат и се чини дека во последните денови пред изборите ја намали предноста на лабуристите.
Регион
Црна Гора денеска го одбележува Денот на независноста

Црна Гора денеска го слави Денот на независноста, а по тој повод улиците на главниот град Подгорица се украсени со државни знамиња.
Црна Гора се отцепи од Државната заедница СРЈ на референдум на 21 мај 2006 година.
Порталот РТЦГ потсетува дека според официјалните резултати, црногорската независност ја поддржале 230.661 граѓанин односно 55,5 отсто, додека за опстанок на заедничката држава со Србија биле 185.002 граѓани или 44,5 отсто.
Европа
Објавена снимка од предавањето на украинските борци од „Азовстал“

Руското Министерство за одбрана соопшти дека по предавањето на последните украински војници целосно ја ослободило фабриката за челик „Азовстал“ во Мариупол. Објавено е и видео на кое се гледа предавањето на последните украински борци од „Азовстал“.
На видеото се гледа како руски војници ги проверуваат украинските борци. Некои од борците ги покажаа своите тетоважи пред камера на барање на руските војници.
Портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенко изјави дека 2.439 украински припадници на одбраната се предале во фабриката за челик „Азовстал“ од 16 мај, oд кои последните 500 во петокот.