Европа
Украина: Русија лансира пет проектили и 12 дрона во текот на ноќта
Украинските воздухопловни сили утринава соопштија дека Русија во текот на ноќта лансирала пет проектили и 12 беспилотни летала „камикаѕе“ кон Украина.
Дополнително, официјални лица соопштија за дополнителни артилериски и воздушни напади.
Гувернерот на источната област Полтава, Филип Пронин, изјави дека регионот бил нападнат со беспилотни летала и дека тројца цивили се хоспитализирани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
