Свет
Украина ја смирува ситуацијата – одлуката за предвремено повлекување на дипломатите е прерана

Одлуката за евакуација на дипломатите и членовите на нивните семејства од Украина, која во понеделникот ја соопштија повеќе земји, е прерана, оцени денеска украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба.
„Имаме 129 дипломатски претставништва на територијата на Украина. Четири мисии соопштија дека почнале да ги евакуираат своите дипломати од безбедносни причини. Останатите изјавија дека не гледаат причини за евакуација и дека ќе продолжат да работат со целиот персонал, вклучувајќи ги и членовите на семејствата на дипломатите“ – изјави Кулеба за украинската ICTV, пренесе руската агенција ТАСС.
Сепак, тој додаде дека смета оти одлуката за евакуација била прерана.
„Немаше суштински, практични причини за тоа. Не сакам да ја минимизирам ситуацијата или нивото на закана, но сè треба да биде добро осмислено и навреме направено“ – изјави Кулеба.
Секретарот на Украинскиот совет за национална безбедност и одбрана Алексеј Данилов вчера изјави дека амбасадите на Австралија, Обединетото Кралство и САД најавиле евакуација на нивниот дипломатски персонал од Украина.
Според ТАСС, Западот и Киев неодамна шират тврдења за наводна руска потенцијална инвазија на Украина, што портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков ги опиша како „празни и неосновани“ тврдења кои имаат за цел да придонесат за ескалација на тензиите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Владата на Орбан нема да испраќа оружје за Украина

Унгарскиот шеф на дипломатијата, Петер Сијарто, во разговор за CNN ја брани одлуката на владата на Виктор Орбан да продолжи да купува руски енергенти, но и да не испраќа оружје во Украина.
Унгарскиот шеф на дипломатијата рече дека обидот за замена на руски енергенти со некои други „вклучува префрлање трошоци за унгарскиот народ“.
За одлуката да не ѝ праќаат оружје на Украина, Сијарто рече дека Унгарија „не сака да ризикува руски напад на 150.000 Унгарци кои живеат на западот на Украина“.
„За нас главна цел е да не се мешаме во оваа војна“, рече Сијарто.
Свет
Скелет од горгосаурус на аукција би можел да достигне цена од 8 милиони долари

Скелетот на диносаурусот горгосаурус ќе се најде на аукција за прв пат и се очекува да достигне цена меѓу пет и осум милиони американски долари, објави „Сотби“.
Аукциската куќа на 28 јули ќе го стави на продажба скелетот на диносаурус висок три метри и долг 6,70 метри. „Сотби“ наведува дека е еден од највредните диносауруси што некогаш се појавиле на пазарот.
Горгосаурусот талкал по земјата пред приближно 77 милиони години. Возрасен мажјак тежел околу два тона и бил малку помал од неговиот попознат роднина тираносаурус рекс.
Палеонтолозите велат дека бил пожесток и побрз од Т-Рекс, со јачина на гриз од околу 42.000 њутни, во споредба со 35.000. Скелетот е откриен во формацијата на реката Џудит во близина на Авр, Монтана, во 2018 година.
Ова е прв пат „Сотби“ да стави цел скелет од диносаурус на аукција откако го продаде T-Reкс Сју во 1997 година за 8,36 милиони долари.
Европа
Украинско обвинителство: Русите убиja најмалку 340 деца

Најмалку 340 деца се убиени во руските напади врз Украина, објавија од кабинетот на главната украинска обвинителка.
Од почетокот на војната на 24 февруари година досега се повредени 645 деца, се наведува во соопштението.
„Овие бројки не се конечни и Обвинителството работи на утврдување на точната бројка на самото место на случувањата. Поголемиот дел од овие бројки се однесуваат за регионот на Донбас, па следуваат регионот на Харков и Киев. Голем број жртви се потврдени во Чернихив, Миколаев и Запорожје“, се наведува во соопштението.