Свет
Украинската армија: Русија изврши голем напад врз градовите во земјата со беспилотни летала и ракети
Украинските воздухопловни сили утринава соопштија дека Русија со беспилотни летала и крстаречки и балистички ракети го нападнала Киев и другите градови низ Украина.
Неколку серии експлозии го потресоа главниот град на Украина рано утринава, поради што жителите брзаат кон засолништата, пренесува АП.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко изјави дека итната помош била повикана во областите Холосиевска и Соломјан во Киев. Наводно едно лице е повредено во областа Шевченковски, додаде Кличко.
„За се ќе има одговори. Непријателот ќе го почувствува тоа“, објави шефот на претседателскиот кабинет Андриј Јермак на Телеграм по нападот.
Според воздухопловните сили, Русија истрелала неколку групи крстаречки ракети кон Киев, по што следело лансирање на балистички ракети и неколку беспилотни летала.
Експлозии одекнаа и во Харков, вториот по големина град во Украина, јавуваат украинските медиуми.
Големиот напад се случи еден ден откако руската војска објави дека пресретнала и уништила 158 украински беспилотни летала, кои биле насочени кон повеќе руски региони во еден од најголемите напади од почетокот на војната, пренесуваат медиумите во светот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нови израелски напади врз јужен Бејрут
Нови напади на Израел беа пријавени во јужен Бејрут.
Либанските државни медиуми објавија дека два удари ги погодиле јужните предградија на Бејрут, а над областа може да се забележи чад.
Веста доаѓа веднаш откако израелската војска издаде нови наредби цивилите во либанската престолнина да напуштат одредени згради.
ИДФ го потврди нападот на Бејрут: Цел беа разузнавачите на Хезболах
Израелските одбранбени сили (ИДФ) го потврдија нападот врз Бејрут.
Велат дека воените авиони лансирале проектили кон „разузнавачкиот штаб“ на Хезболах – цел за кој ИДФ соопшти дека веќе го погодиле со ракетен оган во последните денови.
Свет
Израелскиот претседател: Време е сите Израелци да се вратат дома
Израелскиот претседател Исак Херцог на церемонијата во Тел Авив по повод една година од нападите на 7 октомври рече дека е дојдено време сите Израелци да се вратат безбедно дома по една година мака.
„Нема да бидеме потполни и цели додека не дојдат дома кај нас. Тоа е највисоката наредба, да ги донесеме дома“, додаде тој.
Херцог го пофали „другарството и братството“ во Израел во текот на изминатата година и рече дека децата ќе се вратат да си играат на улиците на Галилеја, северен Израел.
Свет
(Видео) Ураганот Милтон засилено се движи кон американскиот брег: дуваат ветрови до 250 километри на час
Ураганот Милтон брзо зајакна до категоријата пет додека се движи кон брегот на Мексиканскиот залив во Америка, објави американскиот Национален центар за урагани.
Пријавени се силни ветрови до 250 километри на час додека Милтон се движи кон Флорида, каде што се очекува да падне на копно во среда вечер или рано наутро во четврток, објави центарот за урагани.
DeSantis issued an EO this morning to get the Guard in action ahead of Hurricane Milton. He got the Pinellas County dumps opened. Now, all over the county, you see this happening. DeSantis is a boss. pic.twitter.com/9LyGl6B4vq
— Florida Grand (@florida_grand) October 6, 2024
На жителите на Флорида им беше кажано да се подготват за најголемата евакуација во последните години, а гувернерот Рон ДеСантис предупредува дека времето за евакуација брзо истекува.
Предупредувањата за ураганот Милтон доаѓаат само 10 дена откако ураганот Хелен, најсмртоносниот ураган што дошол на копно од Катрина во 2005 година, го погоди југоисточниот дел на САД, убивајќи најмалку 225 луѓе. Стотици луѓе се уште се водат како исчезнати.
Најмалку 14 од тие смртни случаи се случиле во Флорида, каде што 51 од 67 окрузи сега се под итни предупредувања додека Милтон се приближува.
Hurricane Milton will soon be a Cat 4 hurricane and will hit Florida this Wed.
This comes as FEMA admits they’re out of money because they gave it all to illegals and funding foreign wars.
Rumors on the internet that HAARP Created Hurricane Milton Harris!
Thoughts? pic.twitter.com/XG1HEQ7Zdp
— Ape𝕏 (@CubanOnlyTrump) October 7, 2024
Ураганите се поделени во пет категории врз основа на брзината на ветерот. Оние кои достигнуваат категорија трета или повисока се сметаат за големи урагани поради нивната потенцијална опасност по човечкиот живот и штета, според Националната метеоролошка служба на САД.
Ураганот Милтон се очекува да ослабне утре кога ќе го премине Мексиканскиот залив, паѓајќи на ураган од трета категорија до моментот кога ќе дојде до копното во заливот Тампа, Флорида доцна во среда или рано во четврток, објавија американските медиуми.
Потоа се предвидува дека Милтон ќе продолжи да се движи кон североисток, поминувајќи ја Флорида и ќе тргне кон Атлантскиот Океан.
Пред да падне на копно, Националниот центар за урагани предупредува на обилни дождови и поплави за делови од Флорида почнувајќи од денес.
10:55 CDT Monday Update: Milton rapidly intensifies into a category 5 hurricane. Data from a @53rdWRS hurricane hunter aircraft indicate that the maximum sustained winds have increased to 160 mph (250 km/h) with higher gusts. Follow the latest at https://t.co/tW4KeGe9uJ pic.twitter.com/mOxuvGdtu5
— National Hurricane Center (@NHC_Atlantic) October 7, 2024
Се додава дека опасни по живот бранови и силни ветрови се можни долж делови од западниот брег на Флорида од доцна во вторник или рано во среда.
Меѓународниот аеродром во Тампа најави дека ќе ги прекине летовите од утре поради невремето. Новиот ураган доаѓа додека американската влада предупредува дека напорите за опоравување од ураганот Хелен може да траат со години.
Стотици патишта во погодените области сè уште се затворени, што го отежнува испраќањето помош до тешко погодените заедници.