Свет
Украинската армија: Русите имаат резерви за уште три дена

Украинската армија објави дека руските војници имаат резерви за најмногу три дена и дека набргу ќе останат без храна, муниција и гориво.
„Поради логистички неуспеси на руските сили, вклучително и неможноста да се доставува гориво за војниците на фронтот, тие се без резерви“, соопшти денеска Генералштабот на вооружените сили на Украина.
„Нападите врз други градови во Украина – како Киев, Чернихив, Суми и Харков – доживеаја уште еден ден стагнација“, додаде Министерството за одбрана.
Британската разузнавачка служба соопшти дека украинските сили ги отфрлаат руските обиди да го освојат Мариупол, град што се смета за клучен за успехот на таканаречената специјална воена операција на Путин, пишува „Дејли мејл“.
Оценката на украинската војска се совпаѓа со ставовите на западните воени експерти, кои рекоа дека руските сили, најверојатно, ќе останат без резерви оваа недела и ќе бидат принудени да прекинат со понатамошна акција додека не пристигне логистичкото засилување.
Поради ова прекинување на нападите, украинските сили би можеле да извршат контранапад. Веќе утринава објавија дека повторно го освоиле градот Макарив на периферијата на Киев преземајќи ја контролата врз клучниот автопат и блокирајќи ги руските напори да го опколат градот од северозапад.
Но, тоа не значи дека армијата на Путин е веќе поразена или дека набргу ќе следува прекин на огнот. Воените експерти велат дека Путин би можел да се одлучи за побрутална и покрвава стратегија во оваа ситуација. Западните лидери, вклучително и Бајден, предупредија дека рускиот претседател во таков случај би можел да прибегне кон употреба на биолошко или хемиско оружје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
По земјотресот во Турција и Сирија околу 2.600 загинати, најмалку 11.000 повредени

Според последните податоци, во земјотресите што денеска ги погодија Турција и Сирија загинаа 2.619 лица, а повредени се најмалку 11.119 лица.
Турското Министерство за здравство соопшти дека бројот на загинати во земјотресот во понеделникот се искачи на 1.651, пренесува Ал Џезира.
Најмалку 11.119 лица се повредени во земјотресот, додава Министерството.
Шефот на турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби изјави дека 6.445 луѓе се спасени од урнатите згради по земјотресот.
Тој рече дека најмалку 5.606 згради биле уништени по потресите што ја погодија југоисточна Турција.
Според владините и спасувачките групи, бројот на загинати во Сирија по земјотресот се искачи на 968.
Во земјотресот повредени се најмалку 1.353 во деловите на Сирија кои се под контрола на владата, вклучувајќи ги провинциите Алепо, Хама, Латакија и Тартус, соопшти Министерството за здравство.
Во деловите на северозападниот дел на земјата, кои се под контрола на бунтовниците, загинаа најмалку 430 луѓе, а повеќе од 1.050 се повредени, соопшти спасувачката група „Бели шлемови“, предупредувајќи дека бројот на жртвите може да се зголеми.
Македонија
Џамбаски контра Пендаровски: Дрскоста на бугаромразите во Скопје навистина нема крај

„Дрскоста на бугаромразите во Скопје навистина нема крај и навистина е потсмев. Стотици бугарски граѓани со часови виселе на студ, стотици биле вратени од граница со летечки белешки испечатени од печатачи кои очигледно не работат на струја“ напиша на Фејсбук бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски.
Во неговата објава на социјалната мрежа стои: „Властите во Скопје прават црни и забранувачки списоци за бугарските граѓани, новинари, публицисти и политичари.
Како се овие европски вредности? Како е ова право на слободно движење? Како ова не е антибугарска омраза? Каде е револтот на активистите за човекови права во Брисел?“
Ова доаѓа по денешната изјава на македонскиот претседател Стево Пендаровски кој рече:
„Оние кои се обидоа да ја нападнат полицијата, се разбира, заработија прекршочни пријави и депортација од нашата земја. Секоја европска држава го прави тоа на идентичен начин. Нека ни се јави еден граѓанин на Република Бугарија на кој му било одбиено да влезе во Република Северна Македонија да оддаде почит на гробот на Гоце Делчев, се разбира освен оние кои правеа проблеми за што има и видео снимки“.
Регион
(Видео) Вучиќ: Не се плашиме од никого затоа што ништо не сме украле

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, им се обрати на граѓаните и рече дека не барал амнестија за неговото семејство, како што тврди Рада Трајковиќ.
Како што рече, секогаш се борел само за Србија и така ќе продолжи.
„Српски народ, граѓани на Србија. Западниот агент Рада Трајковиќ вели дека барам аболиција за моето семејство, а не спас за српскиот народ на Косово и Метохија. Лаже, лаже како сите оние во Собранието“, рече Вучиќ и додаде:
„Затоа луѓе, само имајте на ум. Моето семејство е тука, тие ќе останат во Србија како мене. Не се плашиме од никого затоа што ништо не сме украле. Ние сме виновни затоа што ја браниме Србија. Ќе ја браниме Србија. Меѓусебно признание, сонувајте! Да живее Србија“, рече тој.
View this post on Instagram