Свет
Украинскиот амбасадор во Будимпешта повикан на разговор

Украинскиот амбасадор во Унгарија беше поканет во Министерството за надворешни работи на таа земја поради навредливи изјави за ставот на Будимпешта во однос на војната во Украина.
„Време е украинските лидери да престанат да ја навредуваат Унгарија и да ја прифатат волјата на унгарскиот народ“, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан и неговата партија „Фидес“ убедливо победија на изборите на 3 април.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Лавров: Испораката на оружје способно да погоди руска територија е неприфатливо

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров предупреди дека „испораката на оружје за Украина способно да ја погоди руската територија ќе биде сериозен чекор кон неприфатлива ескалација“, објави руската државна новинска агенција „ТАСС“.
Руската државна новинска агенција „РИА Новости“ го цитираше Лавров дека се надева дека разумните луѓе на Запад ќе разберат, додавајќи: „Таму останаа уште неколку“.
Свет
(Видео) Земјотрес од 7,2 степени во Перу

Земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтер го погоди Перу, соопшти Геофизичкиот институт на САД (USGS).
Потресот е со епицентар во близина на градот Азангарo, во близина на езерото Титикака, на длабочина од околу 200 километри, прецизира Институтот.
M 7.2 #earthquake in Peru this morning. #Peru, Bolivia
Rare Video Footage:
Full 3min Video here:https://t.co/EeRPMY5DUu pic.twitter.com/sJlt7cteqQ— Zockerfreak (@ZockerfreakYT) May 26, 2022
Американскиот систем за предупредување од цунами објави дека нема опасност од огромен бран.
Засега нема извештаи за жртви или материјална штета.
Свет
Крај на „бензискиот туризам“ во Унгарија, само Унгарците ќе купуваат бензин по намалена цена

Од петок само Унгарците ќе можат да купуваат гориво по намалена цена, а автомобилите со странски регистарски таблички по пазарна цена, изјави шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Со оглед на тоа што цената на горивото во Унгарија е најниска во Европа, „бензинскиот туризам“ процвета по должина на границата, па ни се заканува недостиг, изјави Гергели Гуљас.
„Странските купувачи го користат фактот што Унгарија може да ја одржи цената на горивото на 480 форинти (околу 1,23 евра), а во Европа е 700-900 форинти (од 1,79 до 2.30 евра)“, рече тој на прес-конференција.
За да се спречат овие злоупотреби, само автомобилите со унгарски регистрации ќе можат да купуваат гориво по 480 форинти за литар.
Другите ќе ја платат пазарната цена, додаде Гуљас.