Европа
Украинските маринци што го бранат Мариупол преку видео ѝ се обратија на јавноста

Украинските маринци што го бранат Мариупол ѝ се обратија на јавноста со видео.
Во проштална порака припадниците на 36. поморска бригада рекоа дека ќе се борат до крај, но рекоа дека не им била обезбедена муницијата што им била потребна.
📽️Soldiers of 36th Marines Brigade released a video from #Mariupol, assuring they remain loyal and continue to defend the city. #Ukraine #UkraineRussiaWar pic.twitter.com/akIwJWVBN6
— MilitaryLand.net (@Militarylandnet) April 12, 2022
„Ние сме 36-та морска бригада што ја држеше и ја држи одбранбената линија во Мариупол. Но, реалноста е дека градот е опколен и не ни е доставена муниција. Цела Украина мора да се сеќава на борбата на овој отпор и на борбата за победа на крајот. Украина, Европа, светот, посветени сме на Украина до крај“, порачаа маринците.
Не е јасно колку маринци од оваа бригада сѐ уште се живи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
ЕУ издвојува една милијарда евра во 2022 година за зајакнување на сопствениот одбранбен фонд

Европската комисија денеска ја усвои годишната програма за работа на Европскиот одбранбен фонд, со која се предвидуваат 924 милиони евра за инвестиции и одбранбени капацитети на ЕУ за 2022 година.
Истовремено, планирани се дополнителни средства за одбранбени иновации од две милијарди евра со цел ЕУ да стане центар на иновации во одбранбениот сектор.
Денеска, решивме да мобилизираме една милијарда евра од буџетот на ЕУ за развој на заеднички одбранбени проекти, особено во вселената, сајбер-просторот и другите области со висока технологија.
Во нашиот нов безбедносен контекст тие инвестиции ќе придонесат за затворање на европскиот одбранбен јаз, велат претставниците на Европската комисија, пренесе „Танјуг“.
Европа
Русија ја укинува горната старосна граница за воен рок

Руската државна Дума денеска усвои предлог-закон за укинување на горната старосна граница за склучување на првиот договор за воена служба.
Во образложението се наведува дека законот сега предвидува првиот договор за воена служба да може да го склучат државјани на возраст од 18 до 40 години и странски државјани на возраст од 18 до 30 години, пренесува „РИА новости“.
Руската државна Дума денеска го усвои предлог-законот за укинување на горната старосна граница за отслужување воен рок, што на 20 мај го поднесоа пратениците на Единствена Русија, Андреј Картаполов и Андреј Красков.
Европа
Во Финска регистриран прв случај на мајмунска сипаница

Финска, најверојатно, го регистрирала првиот случај на мајмунска сипаница, соопшти денеска болницата во Хелсинки.
Светската здравствена организација во вторникот соопшти дека 131 инфекција со вирусот на мајмунска сипаница и 106 други сомнителни пациенти се потврдени по првиот откриен случај надвор од земјите, каде што инфекцијата традиционално се шири од 7 мај, пред сè, во Западна и Централна Африка, објави „Ројтерс“.
Потврдени се 131 инфекција со вирусот на мајмунска сипаница и 106 други сомнителни пациенти.