Свет
Украински гувернер: Ќе мораме да се повлечеме, Русите влегоа во Северодоњецк

Украинските сили можеби ќе треба да се повлечат од последното упориште во Луганск за да избегнат заробување, тврди гувернерот на тој источен украински регион, Серхи Хаидаи.
Хаидаи објави дека руските сили влегле во Северодоњецк, клучниот град во Луганск и најголемиот град во регионот на Донбас, кој се уште е под контрола на украинските сили.
Оштетени се околу 90 отсто од зградите во Луганск, рече Хаидаи, додавајќи: „Русите нема да можат да го окупираат Луганск во наредните денови, како што предвидоа аналитичарите“.
„Имаме сила и ресурси да се браниме, но можно е да мораме да се повлечеме од некои делови за да не бидеме опколени“, рече Хаидаи.
Ако руските сили го освојат Северодоњецк, тоа ќе значи дека тие го контролираат целиот Луганск.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Најмалку три лица загинаа во експлозии во руски Белгород

Најмалку три лица загинаа во експлозии во рускиот град Белгород, кој се наоѓа во близина на границата со Украина, изјави регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков на апликацијата „Телеграм“.
Најмалку четири лица се повредени, од кои две се хоспитализирани, меѓу кои и едно 10-годишно момче, јавуваат агецниите.
Експлозиите делумно уништиле 11 станбени згради и најмалку 39 куќи, кажал тој.
„Истражуваме што се случило“, додал тој.
Ројтерс, исто така, пишува дека не може самостојно да ги потврди извештаите.
Белгород, град со речиси 400.000 жители, на околу 40 километри северно од границата со Украина, е административен центар на регионот Белгород.
Откако Русија ја започна својата инвазија на 24 февруари, имаше бројни извештаи за напади врз Белгород и други региони кои граничат со Украина, а Москва го обвини Киев за извршување на нападите.
Украина не ја презеде одговорноста за претходните напади, но ги опиша инцидентите како одмазда и „карма“ за руската инвазија.
Москва своите дејствија ги нарекува „специјална воена операција“ за разоружување и „денацификација“ на Украина.
Украина и нејзините сојузници на Запад велат дека војната е неиспровоциран акт на агресија.
Европа
Зеленски повикува на меѓународна помош во обновата на Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, четири месеци по руската инвазија, повика на меѓународна помош за обнова на неговата уништена земја по завршувањето на војната.
„Потребно е не само да се поправи сето она што го уништија окупаторите, туку и да се создадат нови основи за нашите животи: безбедни, модерни, удобно, достапни“, рече тој во говорот доцна во саботата.
Тоа би барало „колосални инвестиции, милијарди, нови технологии, најдобри практики, нови институции и се разбира, реформи“, кажал тој, според агенциите.
„Колку и да ни е тешко денес, мора да запомниме дека ќе има утре“, рекол Зеленски.
Во понеделник треба да се одржи состанок на околу 40 потенцијални земји донатори во Лугано, Швајцарија, каде што украинската влада има намера за првпат да ги претстави своите приоритети за обнова на земјата разурната од војна.
Зеленски, исто така, во видео обраќање ги потсетил Украинците дека војната е далеку од завршена.
„Неговата суровост се зголемува на некои места и тоа не може да се заборави“, додал тој, апелирајќи до своите сонародници да им помогнат на жртвите од бруталниот конфликт, пишуваат медиумите.
Европа
Лукашенко до Западот: Ако се осмелите да не нападнете, одговорот ќе биде моментален

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, говорејќи пред Денот на независноста на Белорусија, изјавил дека им наредил на своите вооружени сили да ги таргетираат центрите за одлучување во западните престолнини во случај на напад врз Белорусија, велејќи „не допирајте не и нема да ве допреме “, пренесува Хина повикувајќи се на Белта.
„Ако се осмелите да нападнете, како што планираат, на југот на Гомел или нафтената рафинерија Мозир, аеродромите во Лунинец или Брест, одговорот ќе биде веднаш. За една секунда! Имаме што да одговориме“, кажал Лукашенко.
Додал дека одговорот ќе биде недвосмислен, пишуваат агенциите.
Според нивните написи, бројни аналитичари изјавиле дека постои можност Белорусија официјално да и се придружи на Русија во војната.