Контакт

Европа

Украинците стојат зад експлозијата на „Северен тек“, се вели во големата истрага на „Шпигел“ и ЗДФ

Објавено пред

Во Германија нема многу силни реакции откога неделникот „Шпигел“ и јавниот сервис ЗДФ неодамна објавија голема истрага, според која сите траги од нападот на гасоводите „Северен тек“ водат кон Украина. Волф Видман-Шмит од тимот истражувачки новинари дури има впечаток дека политичките лидери во Берлин ја избегнуваат темата.

„Се разбира, тие не може само да одмавнат со раката за сериозно злосторство, но исто така не би можеле да престанат да ѝ помагаат на Украина во војната против Русија. Тоа не е опција“, вели Видман-Шмит за ДВ. „Значи, овде во Берлин сите помалку или повеќе го избегнуваат прашањето какви се последиците“, додава новинарот.

Детонациите на двата крака на „Северен тек“ во септември минатата година практично ја прекинаа секоја можност Германија директно да добива евтин руски гас. Ударот на гасоводот се случи во близина на данскиот остров Борнхолм во Балтичкото Море.

Според извештајот на „Шпигел“ и ЗДФ, германските истражители имаат дебело досие во кое сите докази укажуваат на украински командоси. На пример, податоците, како што се ИП-адресите, покажуваат дека напаѓачите биле во Украина и пред и по нападот.

Уште порано беше познато дека диверзантите очигледно користеле јахта што ја изнајмиле користејќи фалсификувани пасоши. Тие отпловија од Росток. Според „Шпигел“, сега секоја трага води само до Украина. Инспекторите, меѓутоа, ја проверуваат и можноста дека се работи за руска операција изведена на начин да им се припише на Украинците.

„Се разбира дека и ние ги следиме таквите траги, но засега немаме докази за нив“, изјави државниот правобранител Ларс Оте за „Шпигел“. Тој додаде дека во моментот сè уште не може да каже дека пренасочувањето е „државно насочено од Украина“.

Но, малку е веројатно дека саботери се обични граѓани на Украина, кои работеле сами. Како што пишува „Шпигел“ од меѓународните разузнавачки кругови, идејата на Киев била да го прекине главниот извор на приход на Русија и „нејзиниот најважен инструмент за уцена“ на германската влада.

Всушност, тоа што трагите водат кон Украина не мора да значи дека ќе доведат до врвот на владата во Киев. „Дури би рекол дека експертите за разузнавање и безбедност сметаат дека е многу малку веројатно оти украинскиот претседател Зеленски знаел за акцијата“, вели новинарот Волф Видман-Шмит.

За Берлин, пикантно е што информациите за нападот на „Северен тек“ соодветствуваат токму на она што американската ЦИА и холандските тајни служби го предупредуваа околу три месеци пред нападот. Тоа не ги вознемири германските тајни служби бидејќи првичниот наводен рок за диверзија веќе беше поминат.

„Вашингтон пост“ уште во јуни минатата година напиша дека ЦИА имала предупредувања од „европска тајна служба“. Во подоцнежните извештаи на медиумите се споменуваше Холандија, како и дека мозокот на акцијата бил украинскиот генерал Валериј Залужни.

Како што сега откриваат „Шпигел“ и ЗДФ, разузнавањето зборуваше и за планиран напад на „Турски тек“. Тој гасовод води до Турција, а потоа кон Србија и другите балкански земји. Нејасно е зошто не се спроведени плановите за таа диверзија.

Германската министерка за внатрешни работи, Ненси Фезер, верува дека на крајот ќе бидат поведени обвиненија против саботерите. „Се надевам дека државниот правобранител ќе најде доволно докази за да ги обвини сторителите“, изјави таа за „Шпигел“. „Ние мора да судиме такви злосторства“.

Сепак, како што пишува ЗДФ, Германија не може да спроведе истрага во Украина. „Федералната влада досега се воздржуваше од барање правна помош од Украина бидејќи германските истражители потоа ќе треба да го споделат она што го знаат со Украинците“, се наведува во текстот додавајќи: „Берлин не му верува на Киев“.

Тој пишува и дека канцеларот Олаф Шолц засега не зазема став и дека неговиот кабинет на новинарите само им кажува дека истрагата е во тек и дека треба да го почекаат исходот. „Но, како што, според истражителите, сѐ повеќе и повеќе индиции водат до Украина, така се зголемува притисокот да се заземе официјална позиција“, пишува ЗДФ, „дури и ако сторителите никогаш не завршат пред германскиот суд“.

До денес не е почната работа на евентуално поправка на „Северен тек“. Според експертите, доколку се чека предолго, цевките ќе кородираат поради солената вода и целиот цевковод ќе заврши во старо железо.

Најново

Црна хроника27 минути

Скопјанец приведен во Галичник, кај него пронајдени марихуана и халуциногени печурки

Полицијата приведе 47-годишен скопјанец во Галичник, откако при преглед кај него биле пронајдени повеќе различни материи. Како што информира МВР,...

Забава42 минути

(Видео) Избрана е Мис на светот 2026 – круната ја освои учителка од Доминиканската Република

Големото финале на 73. избор за Мис на светот се одржа во саботата, на 5 септември, во Виетнам, каде што...

Свет1 час

Лавров: Мерц практично ни објавува војна

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека германските обвинувања за вмешаност на Москва во инцидентот со дрон на...

Црна хроника1 час

Низа пријави за семејно насилство: напади и закани во Кавадарци, Гостиварско и Скопје

Повеќе случаи на семејно и партнерско насилство биле пријавени во полицијата во изминатите два дена, меѓу кои напади и закани...

Спорт2 часа

Историскиот договор го спречи враќањето на Бензема во Лион

„Лекип“, објави многу интересна приказна за иднината на Карим Бензема. Бензема го напушти Хилал, но дали тоа значи и крај...

Свет2 часа

Германска ракета првпат стигна до орбитата од континентална Европа: „Почеток на нова ера“

Германскиот стартап „Исар Аероспејс“ (Isar Aerospace) денеска соопшти дека наскоро ќе го зголеми бројот на лансирања на сателити, откако неговата...

Црна хроника3 часа

Приведен гостиварец по пријава дека физички и полово ја нападнал вонбрачната сопруга

Полицијата приведе 55-годишен гостиварец откако 40-годишна жена го пријавила дека физички и полово ја нападнал во нејзиниот стан. Како што...

Топ3 часа

Опасност од залутани куршуми во Скопје: погоден човек, оштетени возила и куќа

Четири случаи со залутани зрна од огнено оружје биле пријавени во Скопје во текот на вчерашниот ден, при што е...

Македонија3 часа

(Видео) Хеликоптер што гаснеше пожар го „избања“ Ангелов додека даваше изјава на лице место

Додека директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, даваше изјава за состојбата со пожарите во земјава, над...