Контакт

Свет

Унгарија: ЕУ сака утре да го усвои 20-тиот пакет санкции кон Русија, ние ќе го блокираме

Објавено пред

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, преку две објави на X повторно ја засили реториката кон Украина поради транзитот на нафта до Унгарија и Словачка преку нафтоводот „Дружба“, заканувајќи се дека Будимпешта ќе блокира одлуки на ЕУ важни за Киев.

Неговите изјави следуваат откако украинското Министерство за надворешни работи го отфрли притисокот од Будимпешта и Братислава, велејќи дека уценувањето со енергетските извори во услови на руски напади врз инфраструктурата му оди во прилог на агресорот.

„Решението е едноставно“

Во првата објава, Сијарто порача дека решението е „едноставно“ – Украина да ги обнови испораките.

„Едноставно е и лесно. Наместо да се мешате во нашите избори, рестартирајте ги испораките на нафта кон Унгарија и Словачка. И едните и другите знаеме дека нема технички пречки“, напиша тој.

Во втората објава најави дека Унгарија ќе го блокира усвојувањето на 20-тиот пакет санкции против Русија на Советот за надворешни работи на ЕУ.

„Додека Украина не го обнови транзитот на нафта преку ‘Дружба’, нема да дозволиме носење одлуки важни за Киев“, истакна Сијарто.

Украина: Не прифаќаме ултиматуми

Од украинска страна порачаа дека не прифаќаат ултиматуми и дека работат на стабилизирање на енергетскиот систем под постојани руски напади.

Киев соопшти и дека предложил алтернативни начини за снабдување со неруска нафта за Унгарија и Словачка.

Најново

Македонија13 секунди

СДСМ: Со прогласување на епидемија во Гостивар полесно ќе се спречи ширење на заразата

Пораките од експертите се јасни – епидемија на гастроентеритис во Гостивар постои, без оглед дали официјално ќе биде прогласена или...

Македонија3 минути

Костадиновски во Анкара: Продлабочување на соработката меѓу уставните судови на Македонија и Турција

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, денеска во Анкара оствари работна средба со претседателот на Уставниот суд на Република Турција,...

Спорт40 минути

Меси со емотивна порака пред финалето: Што и да се случи, веќе испишавме историја

Лионел Меси е на чекор до ново испишување историја и втора последователна титула светски шампион со Аргентина. Во големото финале,...

Спорт47 минути

Вечерва се игра големото финале на СП: Шпанија против Аргентина

Шпанија и Аргентина вечерва на стадионот во Њу Џерси ќе се борат за титулата светски шампион во финалето на Светското...

Спорт1 час

Мбапе го надмина Меси и стана најдобар стрелец во историјата на Светските првенства

Францускиот капитен Килијан Мбапе испиша историја на Светските првенства, откако со двата гола против Англија во натпреварот за третото место...

Спорт1 час

Рајс: Ова е најдобрата Англија после долго време

Англискиот репрезентативец Деклан Рајс изјави дека оваа генерација е најсилната што Англија ја имала во последните години, по победата над...

Спорт1 час

Kолку заработи Англија со бронзата на Светското првенство

Англија освои бронзен медал на Светското првенство, откако во спектакуларниот натпревар за третото место ја победи Франција со 6:4. Покрај...

Култура1 час

Стоечки овации за Ана и Игор Дурловски на „Охридско лето“

Македонската музичка традиција во своето најавтентично и најемотивно издание синоќа одекна на сцената Долни Сарај, каде во рамките на фестивалот...

Спорт8 часа

Спектакл во Мајами – Сака со хет трик ја сруши Франција во последниот меч на Дешан

Англиската репрезентација ја победи Франција со 6:4 во спектакуларен натпревар за 3-то место на СП и го освои бронзениот медал....