Свет
Унгарија ја одби Украина

Унгарија ги отфрли повиците од Украина да дозволи испорака на оружје преку нејзина територија и да го запре увозот на руска нафта и гас.
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека не сака да ја ризикува безбедноста на своето население.
„ Унгарската влада нема да се согласи на ова, бидејќи не сака да ги ризикува животите и безбедноста на својот народ и не сака да ја плати високата цена на војната“, рече Сијарто на својата Фејсбук страница, пренесе ТАСС.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Гебрејесус втор мандат на чело на СЗО

На генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Адан Гебрејесус денеска треба да му биде потврден вториот петгодишен мандат, бидејќи нема други кандидати.
Гебрејесус е поранешен функционер на етиопската администрација и ја водеше СЗО низ пандемијата на коронавирусот. Тој е првиот Африканец на чело на агенцијата на ОН и единствениот генерален директор кој нема лекарска квалификација.
„ Имаше некои грешки, но Гебрејесус беше стабилен глас во текот на пандемијата, кој се залагаше за фер одговор“, рече Хавиер Гузман, службеник во Службата за глобална здравствена политика во Центарот за глобален развој во Вашингтон.
Според него, и покрај резервите изразени кон раководството на Гебрејесус, некои земји не биле подготвени да се променат.
Тој посочи дека светот се уште е во средина на пандемија и дека има одреден притисок за доследно лидерство во овој тежок период.
Свет
Германија набави 40.000 вакцини против мајмунски сипаници

Германија нарача 40.000 дози од вакцината од баварската фармацевтска компанија „Нордик Бава“ (Nordic Bava) за да биде подготвена да ги имунизира инфекциите од мајмунски сипаници, доколку епидемијата стане сериозна, но во моментов се преземаат други мерки на претпазливост, изјави министерот за здравство, Карл Лојтербах.
Тој посочи дека мерките како изолација во траење од 21 ден се препорачуваат за заразените и дека засега треба да бидат доволни за да се спречи ширењето на болеста.
„ Доколку болеста дополнително се прошири, сакаме да бидеме подготвени за евентуални вакцини кои се уште не се препорачани, но би можеле да станат неопходни – нагласи Лотербах.
Според него, епидемијата на мајмунски сипаници може да се сузбие и ништо не укажува на почеток на нова пандемија. Тој верува дека раната интервенција може да го спречи патогенот да навлезе подлабоко во заедниците.
Претставник на Институтот за заразни болести Роберт Кох, Лотар Вилер изјави дека досега се регистрирани пет случаи на мајмуни сипаници.
Светската здравствена организација (СЗО) вчера објави слични упатства, во кои се наведува дека за епидемијата не е потребна масовна вакцинација бидејќи мерките, како што е хигиената, може да помогнат во контролата на ширењето на болеста.
СЗО досега има регистрирано повеќе од 250 потврдени и сомнителни случаи на инфекција со мајмунска сипаница. Ширењето е невообичаено за оваа болест, која е ендемична во делови од Западна и Централна Африка, но е многу ретка во други делови.
Свет
Шојгу: Свесно ја забавивме операцијата заради евакуацијата на цивили

Офанзивата на руската армија против Украина намерно се забавува за да се овозможи евакуација на цивили, изјави денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.
„ За да жителите ги напуштат опколените населени места, се прогласуваат режими на молк и се отвораат хуманитарни коридори. Секако, тоа го успорува темпото на офанзивата, но тоа се прави свесно за да се избегнат цивилни жртви“ – изјави Шојгу на состанокот на Советот на министри за одбрана на ОДКБ, пренесува РИА Новости.
Тој посочи дека Русија ќе ја продолжи специјалната воена операција во Украина додека не се исполнат сите задачи и покрај големата помош на Западот за Киев и санкциите на кои е изложена.