Свет
Унгарската камерманка која клоцаше мигранти направила само прекршок

Унгарскиот Врховен суд ја ослободи камерманката која беше снимена како cопнува и клоца мигранти на границата во 2015 година, пресудувајќи дека таа не направила кривична дело туку само прекршок, пренесува Би-би-си.
Петра Ласло беше осудена на тригодишна условна казна за своите постапки, но највисокиот суд во земјата во вторникот пресуди дека таа требало да биде обвинета за прекршок, а не за кривично дело иако нејзините постапки биле морално неправилни и нелегални.
Ласло снимаше мигранти во пограничната зона со Србија кога тие го пробија полицискиот кордон. Ласло во еден момент клоца двајца од нив, едното е девојче, а еден маж со дете во рацете потоа паѓа. Тие слики предизвикаа згрозеност во светот.
По инцидентот Ласло доби отказ на работа, а потоа изрази жалење за постапките. Таа работеше за десничарскиот унгарски телевизиски канал N1TV. Таткото и синот од снимката подоцна добиле азил во Шпанија, каде што на човекот му било понудено да работи како фудбалски тренер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Војската на Мадуро отвори оган кон цивили, има и жртви

Најмалку две лица загинаа, а неколкумина се повредени во инцидентите што избија на границата меѓу Венецуела и Бразил. Венецуелските војници отворија оган кон група цивили недалеку од границата, објави „Вашингтон пост“.
Нередите се случуваат бидејќи вчера претседателот Николас Мадуро донесе одлука за затворање на границата со Бразил, а на границата стигна војската.
Волонтери се обиделе за ги спречат полициските возила за границата кон која пристигнува хуманитарна помош да остане отворена. Но, војниците верни на Мадуро отвориле оган.
Загинале маж и жена, а најмалку тројца се во критична состојба.
Регион
Незадоволен работник го искрши и запали камионот на шефот

Во сплитски Варош, во Хрватска, незадоволен градежен работник од својот статус, прво ги искршил стаклата на камионот на шефот, а потоа го запалил, пренесе„Далматински портал“.
Во близина имало неколку плински боци, но, за среќа, била избегната вистинска катастрофа. Како што рекле сведоци на инцидентот, човекот, кој го запалил камионот, мирно стоел и гледал како огнот го голта возилото.
„Две години не сум добил плата. Спиев во контејнер, добивав само еден седнвич дневно“, сведоци ги прераскажале неговите зборови.
„Беше многу страшно, можеше сè да одлета во воздухот. Под камионот имаше боци со бензин, а во близина голем број плински боци. За среќа, пожарот е изгаснат пред да дојде до катастрофа“, рекол еден од сведоците.
Полицијата го привела работникот што чекал во близина на камионот.
„Поубаво ќе ми биде во затвор“, рекол додека го приведувале полицајците.
Свет
Демократите поднесоа резолуција за да ја блокираат вонредната состојба на Трамп

Демократите во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес поднесоа резолуција со цел да ја блокираат вонредната состојба, која ја прогласи претседателот Доналд Трамп, за да обезбеди средства за изградба на ѕидот по должината на американско-мексиканската граница.
Денешниот потег на демократите ја разгорува борбата, чиј резултат би можел да биде прво вето од Трамп, наведува АП. Претставничкиот дом ќе гласа за резолуцијата најрано следната недела.
Извесно е дека долниот дом, каде што демократите имаат мнозинство, ќе ја усвои резолуцијата, а можно е тоа да се случи и во Сенатот бидејќи неколкумина републикански сенатори најавиле дека ќе гласаат против декларацијата на Трамп.
Доколку Трамп потоа стави вето, за изгласување на резолуцијата ќе биде потребно двотретинско мнозинство во двата дома.
Ветото, најверојатно, ќе опстои, но претстојната борба за него ќе ја стави на тест републиканската поддршка за потегот на Трамп за кој и некои негови сојузници велат дека е удар на контролата на пратениците над федералната потрошувачка.
- Истражувања3 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија2 недели
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал
- Македонија2 месеци
(Видео) Кога општеството потфрла, кучето Бен му помага на момчето со церебрална парализа