Свет
УНИЦЕФ на сиромашните земји ќе им испрати две милијарди дози вакцини

Земјите во развој ќе добијат речиси две милијарди дози вакцина против Ковид-19 в година, објави Агенцијата за деца на ООН. УНИЦЕФ објави дека соработувала со 350 авиокомпании и логистички компании за доставување на потребните вакцини и инјекции во сиромашните земји, како Бурунди, Авганистан и Јемен, како дел од Ковакс, глобален план за дистрибуција на вакцини на СЗО.
„Ќе соработуваме на овој план за да обезбедиме доволен капацитет за транспорт за оваа историска операција“, рече Етлева Кадили, директор на одделот за снабдување на УНИЦЕФ.
Целта на Ковакс – проект заеднички предводен од СЗО, групата ГАВИ и Коалицијата за епидемиолошка подготвеност – е да спречи одделни земји да акумулираат резерви вакцини против Ковид-19 и да обезбеди вакцини за сите најранливи групи во сите земји.
Лидерите на 20-те најбогати земји во светот собрани на Г20 на виртуелниот состанок во саботата и неделата ветија дека ќе обезбедат фер дистрибуција на вакцини, лекови и тестови за да не останат изоставени сиромашните земји. Дури и пред да почне пандемијата, пристапот до вакцината не беше ист за сите бидејќи речиси 20 милиони бебиња не можеа да бидат вакцинирани што ќе ги заштити од сериозни болести, попречености или смрт, соопшти СЗО.
„Потребна ни е целата достапна помош додека се подготвуваме да доставиме дози на вакцини, инјекции и заштитна опрема за да ги заштитиме здравствените работници во светот“, рече Кадили, официјален претставник на УНИЦЕФ, кој е најголемиот купувач и дистрибутер на вакцини во светот.
И покрај сегашната пандемија, УНИЦЕФ дистрибуира над две милијарди дози рутински вакцини секоја година во речиси 100 земји. Се очекува до крајот на оваа година здравствените регулатори да ги одобрат првите вакцини против Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Министерката за здравство која промовираше „магична напивка“ против коронавирусот е позитивна

Министерката за здравство на Шри Ланка, Павитра Ванијарачи, која јавно ja поддржа и промовира употребата на „магична напивка“ во борбата против коронавирусот, е позитивна на Ковид-19.
Ванијарачи јавно ја консумираше „магичната напивка“, за која тој што ја направил тврдеше дека обезбедува доживотен имунитет на вирусот.
Како што подоцна беше откриено, сирупот односно напивката содржела мед и морско оревче.
Министерката во ноември лани истури бокал „благословена“ напивка во река, откако самопрогласениот Божји човек рече дека со тоа ќе се запре пандемијата.
Здравствен службеник потврди дека министерката Павитра е највисокиот функционер во таа земја заразен со вирусот.
Шри Ланка, која има 21 милион жители, вчера ја одобри употребата на вакцината на „АстраЗенека“, само неколку часа откако Ванијарачи објави дека е позитивна.
Регион
Во Хрватска 599 нови случаи на коронавирус, 29 лица починаа

Во последните 24 часа во Хрватска се потврдени 599 нови случаи на коронавирус, 29 лица починаа, а бројот на активни случаи е 3.232.
1.468 пациенти се во болница, од кои 142 се на апарати за дишење.
Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај во Хрватска, вкупно 228.568 лица се заразени со новиот коронавирус, од кои 4.799 починале, а вкупно 220.537 оздравеле, од кои 659 во последните 24 часа.
Во моментов има 16.114 лица во самоизолација.
До денес се тестирани вкупно 1.149.691 лице, од кои 4.872 во последните 24 часа.
Свет
Повеќе од 100 припадници на Националната гарда кои беа на инаугурацијата заболени со Ковид-19

Помеѓу 100 и 200 членови на Националната гарда кои ја обезбедуваа инаугурацијата на претседателот на САД, Џо Бајден, се позитивни на коронавирус, изјави американски официјален претставник.
Службеникот, кој се согласи да зборува под услов да остане анонимен, рече дека бројот на заболени може да биде многу поголем, бидејќи тој ден во градот имало 25.000 припадници на безбедносните сили, пренесува „Ројтерс“.
Тој спомена дека, сепак, има мал број на заболени, имајќи предвид колку војници имало тој ден на настанот.
Инаугурацијата се одржа во средата, на 20 јануари.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот