Свет
Уницеф предупреди дека милиони деца и семејства би можеле да останат без храна

Економската криза во Јемен и континуираното насилство во пристанишниот град Ходеиди доведоа до ризик дека милиони деца и семејства ќе останат без храна, чиста вода и санитарни јазли, предупреди денеска Уницеф.
Според организацијата, семејствата во Јемен не се во состојба да си дозволат основна храна, а 18,5 милиони луѓе живеат во неизвесност за тоа дали и кога ќе го имаат следниот оброк, објави АП.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Судот на Малдиви нареди апсење на поранешниот претседател поради наводна корупција

Судот на Малдиви нареди апсење и притвор за поранешниот претседател, Абдула Јамеен поради перење пари.
Јамеен, која ја приближи оваа островска земја до Кина за време на претседателствувањето, е обвинет за примањр 1 милион долари владини пари преку приватната компанија СОФ Прајвет Лимитед, која е заплеткана во коруптивен договор за издавање на тропските острови за развој на хотелиерството.
Обвинетиот ги негираше сите обвиненија.
Свет
Четири индиски војници загинаа во судир со милитантите во Кашмир

Четворица индиски војници беа убиени во понеделникот во престрелка со милитантите во областа Пулвама во Кашмир, само неколку дена по детонацијата на автомобил-бомба во истата област, при што загинаа 40 паравоени војници.
Двајца милитанти, исто така, загинаа престрелката во понеделникот, изјави портпаролот на индиската армија, Раџеш Калија.
Тој додаде дека рано во понеделникот почна заедничка индиска операција на армијата и полицијата, врз основа на разузнавачки информации за присуството на милитанти во областа и дека истата е во тек.
Индија го обвини Пакистан за порастот во насилните напади, тврдејќи дека има „неспорни докази“ дека земјата била директно вмешана во минатонеделната експлозија, која претставува најсмртоносниот напад на безбедносните сили од почетокот на бунтот во спорната територија во доцните 1980-ти.
„Бараме Пакистан да престане да ги поддржува терористите и терористичките групи кои оперираат од нивната територија и да ја уништат инфраструктурата со која раководат терористичките тимови со цел да вршат напади и во други земји“, гласеше соопштението на Министерството за надворешни работи на Индија по нападот во четвртокот.
Пакистан жестоко негираше дека има улога во нападите, велејќи дека тие го осудуваат таквото насилство.
Европа
Макрон ги нападна „жолтите елеци“ поради антисемитски коментари

Францускиот претседател, Емануел Макрон, ја осуди вербалната злоупотребата на добро познат филозоф од страна на група демонстранти од „жолтите елеци“ на протестот што во саботата се одржа во Париз.
Неколкумина демонстранти беа снимени како му дофрлаат навреди на филозофот Ален Финкелкраут, кој е голем поддржувач на Израел, кога тој се најде меѓу демонстрантите во текот на 14. викенд на протести.
Демонстрантите го нарекуваа Финкелкраут „валкани ционист“ и „е*** исламофоб“, навреди кои беа најстрого осудени од страна на францускиот претседател.
„Како син на полски емигранти, кој стана француски академик, Ален Финкелкраут не е само еминентен писател, туку и симбол на тоа што им Републиката им нуди на сите“, напиша Макрон на „Твитер“.
„Антисемитските навреди на кои тој бил подложен се апсолутна негација на тоа кои сме и што нè прави голема нација. Нема да ги толерираме“, додаде тој.
Во саботата Финкелкраут реагираше на навредите во францускиот неделен весник Le Journal Du Dimanche, велејќи: „Почувствував апсолутна омраза и, за жал, тоа не беше првпат“.
Канцеларијата на обвинителот во Париз покрена истрага за „јавната злоупотреба врз основа на потекло, етничка припадност, земја, раса или религија“, прекршок со максимална казна од една година затвор и парична казна од 45.000 евра.
- Истражувања3 месеци
(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ
- Истражувања3 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија1 недела
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал