Свет
УНИЦЕФ: Училиштата се затворени речиси една година за 168 милиони ученици

За време на карантинот поради пандемијата на коронавирусот, училиштата беа затворени за речиси 168 милиони ученици во светот на една година, објави УНИЦЕФ предупредувајќи на катастрофалните последици за иднината на тие деца.
Училиштата во 14 земји во светот останаа затворени од март минатата година до февруари, се вели во извештајот на УНИЦЕФ. Од нив, две третини се во Латинска Америка и на Карибите, каде што се погодени речиси 98 милиони училишни деца.
„Катастрофа на образованието. Како што се приближува една година од почетокот на пандемијата, ние уште еднаш се потсетуваме на катастрофата во образованието во вонредни околности на карантин во целиот свет“, рече извршната директорка на УНИЦЕФ, Анриета Форе.
„Секој ден што поминува децата што не може да посетуваат настава лично заостануваат сè повеќе, а најмаргинализираните плаќаат најскапа цена“, нагласи Форе.
УНИЦЕФ предупредува дека постојното затворање на училиштата има катастрофални последици и на најранливите деца им се заканува принуден детски брак или детски труд наместо часови.
Се додава дека повеќе од 880 милиони деца во светот се соочуваат со нарушувања во образованието поради целосно или делумно затворање на училиштата.
Како начин да се сврти вниманието кон катастрофата во образованието, УНИЦЕФ постави макета во училница за пандемија во седиштето на ООН во Њујорк. Составена е од 168 празни клупи и секоја клупа претставува милион деца што живеат во земји каде што училиштата речиси целосно се затворени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Нови пукотници во САД, пет лица тешко повредени

Ново пукање во САД, пет лица се тешко повредени јавуваат американските медиуми.
Инцидентот се случил во време на обновената дебата за контрола на оружје во САД, поттикната од нападот минатата недела кога вооружен маж уби осум лица.
Пет лица се хоспитализирани откако се здобиле со прострелни рани при пукањето во продавница за алкохол во државата Луизијана, објави американска телевизија.
Властите соопштија дека ранетите се во животна опасност, а полицијата трага по бел автомобил „Форд“ од кој пукал напаѓачот, се вели во извештајот, пренесува Ројтерс.
Свет
Русија протера 20 чешки дипломати

Русија протера 20 чешки дипломати, како одговор на Прага која претходно протера 18 руски дипломати.
Чешките власти тврдат дека двајца наводни руски шпиони, обвинети дека во 2018 година со Новичок ги отруа во Велика Британија, Сергеј Скрипал и неговата ќерка, се вмешани во експлозијата во Врбетице во 2014 година, при што загинаа две лица. Истрагата, наводно, утврдила поврзаност на руските разузнавачки служби со експлозијата во Врбетице. Чешкиот министер за внатрешни работи, Јан Хамачек, изјави дека двата руски разузнавачи Александар Петров и Руслан Боширов, кои Велика Британија ги бара поради труење на Скрипал и неговата ќерка, се осомничени и за експлозијата во чешкиот град.
Русија обвинувањата на Прага ги оцени како апсурдни, наведувајќи дека првично за експлозијата во Врбетице беше обвинет сопственикот на магацинот. Според Москва, протерувањето на руските дипломати е продолжување на низата акции против Русија што Чешка ги презема во изминатите години.
Свет
На 116 години почина најстарата Американка

Американкaта Хестер Форд, почина во саботата на 116 години, објави нејзиното семејство на социјалните мрежи.
Форд која е родена во Јужна Каролина – 1905 или 1904 година, израснала на фарма за памук, каде што работела како земјоделка, а потоа и како дадилка. Групата за геронтолошки истражувања во САД во 2019 година ја призна Хестер како најстара Американка.
Родена околу 40 години по укинувањето на ропството, Форд ја искусила сегрегацијата, која заврши во 1960-тите. Ја преживеала и пандемијата на шпанскиот грип.
Имала 12 деца, 48 внуци, околу сто правнуци и приближно ист број праправнуци.
Причината за смртта засега е непозната.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија3 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш