Контакт

Свет

УНИЦЕФ: 200 милиони деца во светот јадат нездрава храна

Објавено пред

Загрижувачки голем број деца страдаат од сериозни последици поради лоша или нездрава исхрана, предупреди УНИЦЕФ во годинашниот извештај за состојбата на децата во светот – најмалку едно од три деца под 5 години, или повеќе од 200 милиони деца во светот, се или неисхранети или со прекумерна тежина.

Речиси две од три деца на возраст од 6 месеци до 2 години не јадат храна што поддржува оптимален раст и развој на нивниот мозок и тело.

Ваквата несоодветна исхрана може да предизвика лош развој на мозокот, тешкотии при учењето, намален имунитет, зголемена подложност на инфекции, а во многу случаи, дури и смрт.

Извршната директорка на УНИЦЕФ, Хенриета Фор, посочува дека милиони деца се хранат нездраво затоа што, едноставно, немаат подобар избор.

„Треба да го смениме начинот на кој ги разбираме и реагираме на неисхранетоста и квалитетот на исхраната кај децата. Важно е децата да јадат доволно, но превенствено треба да им се обезбеди здрава и квалитетна исхрана“, вели Фор.

УНИЦЕФ предупредува на тројна закана поради лоша исхрана: неисхранетост, латентна глад предизвикана од недостиг на основни хранливи материи и прекумерна тежина кај деца под пет години.

Овие фактори доведуваат до катастрофални резултати – 149 милиони деца заостануваат во физичкиот развој или се прениски за својата возраст, 50 милиони деца се преслаби за својата висина, 340 милиони страдаат од недостиг на основни витамини и хранливи материи, како што се витамин А и железо, а 40 милиони деца се со прекумерна тежина.

Во извештајот се предупредува дека лошата исхрана и лошите навики во исхраната почнуваат уште од најраните денови во животот на децата.

Децата и адолесцентите од најсиромашните и најмаргинализираните заедници го носат најголемиот товар од лошата исхрана. Кај најсиромашните домаќинства, само едно од пет деца на возраст меѓу шест месеци и две години јаде разновидна храна неопходна за здрав раст.

Европа

Во Британија повторно дневна бројка од над 6.000 заразени

Објавено пред

Во Велика Британија се пријавени 6.042 нови случаи на Ковид-19, како и 34 смртни случаи поврзани со ова заболување.

Од почетокот на пандемијата, во оваа земја се забелжани 429.277 инфекции, додека 41.971 пациент починале како резултат на компликации со Ковид-19, пишува „Гардијан“.

Во петокот во Британија беше забележан рекорд во бројот на заразени во еден ден – 6.874, додека претходниот рекорд беше регистриран во четвртокот, кога вирусот беше потврден кај 6.634 лица.

Прикажи повеќе...

Свет

По операцијата, Болсонаро излезе од болница

Објавено пред

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро денеска беше пуштен од болница откако во петокот се оперираше поради камен во мочниот меур.

Операцијата, според лекарите, била едноставна процедура.

„Ројтерс“ потсетува дека Болсонаро беше прободен со нож за време на кампањата во 2018 година, по што имал четири операции.

Сегашната интервенција, се додава, нема никаква врска со тој напад.

Покрај ова, Болсонаро летово водеше битка и со Ковид-19, а кон крајот на опоравувањето неколку направени тестови и натаму покажуваа дека е позитивен на вирусот, за на крајот конечно да добие негативен резултат.

Прикажи повеќе...

Европа

Сведоштво на единствениот преживеан од украинскиот воен авион: „Беше како во компјутерска игра“

Објавено пред

Единствениот кадет кој го преживеа падот на украинскиот воен авион во близина на Харков, во разговор со претставниците на локалната администрација објаснил што се случувало во моментот на несреќата.

„Сè беше како во компјутерска игра“, рекол тој.

„Не се сеќава на сè. Во еден момент, тој ја изгубил свеста, а потоа кога се повратил, излегол од остатоците на авионот и започнал да го гасне пламенот од еден од неговите колеги”, изјавил шефот на администрацијата во Харков, Алексеј Кучер.

Воено-транспортниот авион „ан-26“ се урна во петокот вечерта во близина на градот Чугујев во областа на Харков за време на тренинг лет. Во авионот имало 27 лица: седум члена на екипажот и 20 кадети. Загинале 26.

Двајца кадети успеале да извлечат од авионот по паѓањето, но еден од нив починал во болница.

Вчера медиумите објавија дека најверојатна причина за падот на авионот бил проблем со моторот, а мајката на еден од загинатите пилоти ја потврдила оваа теза, изјавувајќи дека нејзиниот син ден пред несреќата ѝ рекол дека авионот не е во добра состојба и дека моторите откажуваат.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија9 часа

Најбогатиот Британец и заговорник за брегзит се пресели во Монако

Сер Џим Ретклиф, најбогатиот Британец и еден од водечките поборници за брегзит, ја напушти Велика Британија и се пресели во...

Европа11 час

(Видео) Лондон: Илјадници луѓе протестираа против рестриктивните мерки, полицијата принудена да интервенира

Британската полиција денеска ги растури демонстрациите во центарот на Лондон против рестрикциите наметнати поради коронавирусот. Полицијата интервенираше откако насобраните ги...

Македонија13 часа

141 новозаразени од Ковид-19, почина пациент од Скопје

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.559 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи на...

Македонија13 часа

(Видео) Протест против полициската бруталност во Битола: „Сакаме правда, и Ромите се граѓани“

Со извикување на паролите „И Ромите се граѓани“, „Нема правда, нема мир“, „Правда за Ромите“, „Роми полицајци“ денеска во Битола...

Свет15 часа

Астронаутка ќе гласа од вселената на изборите во САД

Астронаутката на НАСА, Кејт Рубинс, рече дека ќе гласа од вселената, на повеќе од 300 километри над Земјата, на претстојните...

Македонија15 часа

(Видео) Пендаровски и Пахор во Кампот за обука на вода во Охрид

Претседателот и врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски и претседателот на Република Словенија, Борут Пахор денеска во Охрид го...

Свет15 часа

Украинскиот претседател бара објективна истрага за падот на авионот

Украинскиот претседател Володомир Зеленски изјави дека ќе се испитаат брзо и непристрасно причините за падот на воениот авион во кој...

Топ16 часа

Приведени 10 лица поради нападот на полицајци во Прилеп

ОВР Прилеп до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против 10 лица, и тоа: Е.Е.(28), Е.И.(30), Ф.Ќ.(37), С.А.(40), Ф.Ќ.(43),...

Топ17 часа

Приведени двајца скопјани – удриле во полицаец додека мерел со радар

Двајца скопјани се приведени откако удриле во сообраќаен полицаец во Скопје. Како што информира МВР, приведени се А.Д.(19) и К.М.(21)...

Македонија18 часа

МОН: Националната платформа достапна за учениците и родителите

Веб-страницата на Единствената национална платформа за онлајн учење од полноќ е веќе достапна за корисниците преку адресата www.schools.mk. Со цел...

Свет19 часа

По терористичкиот напад во Париз – уапсен главниот осомничен, приведени уште 6 лица

Седум лица се приведени за нападот пред поранешните канцеларии на сатиричниот неделник „Шарли Ебдо“, соопштија официјалните лица. Маж вооружен со...

Свет20 часа

(Видео) Се урна воен авион во Украина – загинаа 25 лица

Воен авион АН-26 се урна во близина на градот Чугуев во регионот Харков, јавува агенцијата Депо Харков, повикувајќи се на...

Македонија20 часа

Протест против полициската бруталност во Битола

Повеќе граѓански организации за денеска во Битола најавија протест против полициската бруталност, за кој повод е завчерашниот инцидент во кој...

Европа21 час

Франција бара Брисел да ја принуди секоја членка на ЕУ да прими мигранти

Франција побара секоја земја членка на ЕУ да биде принудена да преземе дел од илегалните мигранти што пристигнуваат на европска...

Свет22 часа

Институт „Гамалеја“: Некои вакцинирани лица развиваат заштитни антитела по првата доза

Александар Гинтсбург, директор на рускиот институт „Гамалеја“, кој ја разви првата регистрирана вакцина против Ковид-19, изјави за „Спутник“ дека вакцинираните...

Топ1 ден

Тројца осомничени за производство и продажба на марихуана, едниот фатен додека ги кастрел стеблата во Визбегово

Скопското Обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против тројца 38-годишници за неовластено производство и продажба на марихуана. За таа...

Економија1 ден

Четвртиот пакет мерки е во вредност од 350 милиони евра

Вкупната вредност на четвртиот пакет изнесува околу 350 милиони евра од кои 264 милиони се од Буџетот на државата и...

Европа1 ден

СЗО: Во Европа се зголемува заразата со коронавирусот

Брзината на пренесување на Ковид-19 и хоспитализацијата растат во Европа, предупреди директорот на Светската здравствена организација за вонредни ситуации, Мајкл...

Македонија1 ден

Пахор со поддршка за членството во ЕУ: „Не смее да има одложување на меѓувладината конференција“

Словенија ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија на патот кон полноправно членство во Европската Унија, истакна претседателот на Словенија,...

Македонија2 дена

Починаа 9 лица, регистрирани 143 новозаразени

Во последните 24 часа се направени 1.504 тестирања, а регистрирани се 143 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје...

Досие