Контакт

Свет

УНИЦЕФ: 35 милиони деца во Нигерија се неисхранети и неразвиени

Објавено пред

Најмалку 35 милиони деца во Нигерија на возраст под пет години страдаат од неисхранетост, соопшти експерт нутриционист од УНИЦЕФ и предупреди дека ова претставува закана за иднината на земјата.

Дејвис Бамиделе Омотола, консултант нутриционист за УНИЦЕФ, вели дека неисхранетоста доаѓа во повеќе форми и најчесто ги погодува децата во североисточна Нигерија – особено во Борно, Јобе и во Адамава.

Отомола вели дека 25 милиони деца на возраст под пет години се пропаднати поради неисхранетост и може да умрат ако не се преземат итни мерки за да ги вратат во живот со соодветни интервенции.

Тој додава дека дополнителни 10 милиони деца се неразвиени поради неисхранетост и немаат добри изгледи да преживеат.

„Едно од шест деца во североисточна Нигерија (Борно, Јобе, Адамава) живее во глад, а едно од две деца во регионот е неразвиено или неисхрането“, вели тој.

Нутиционистот повика на итни реформи и интервенции за време на дводневната конференција за раководење со акутна неисхранетост во зоните на конфликт во Нигерија.

Настанот беше организиран од Бирото за информации за детски права (ЦРИБ) при Министерството за информатика и култура, како и УНИЦЕФ и Бирото за меѓународен развој при владата на Велика Британија, а присустуваа десетици новинари, како и високи претставници од УНИЦЕФ и владата.

Свет

Британски тинк-тенк се понудил да ги шпионира шведските десничарски политичари

Објавено пред

Институтот за стратешки дијалог (ИСД), британски тинк-тенк, кој претходно побара финансиски санкции против алтернативните медиуми на Шведска, исто така ѝ понудил на Шведската агенција за вонредни ситуации (МСБ) да ги шпионира шведските десничарски политичари, пренесува шведски информативен портал „Самхалснут“.

Порталот добил пристап до електронската порака од истражувачот на ИСД, Клои Коливер, која тврдела дека откриле врски меѓу шведските десничари, инфлуенсери, кои таа ги нарекува екстремно десничарски, и Унгарија, посочувајќи го Кент Екерот од антимигрантската Шведски демократи како најочигледен пример.

За да откриеме повеќе за овие врски, би требало да се вклучиме во повеќе офлајн-истражувачка новинарска работа. Верувам дека ќе има уште многу да се открие во однос на офлајн-врските, поддршката и финансиската поддршка што ги поврзуваат унгарските и шведските екстремно десничарски движења. Немаме многу детали за ова, но многу новинари почнаа да гледаат вистинска мрежа на поддршка изградена во Унгарија за вакви меѓународни движења,како за време на изборите така и надвор од изборите. Кажете ми дали можам да ви дадам повеќе информации за тоа“, пишува Коливер.

Оваа порака, тврди порталот, е дел од подолга кореспонденција помеѓу Коливер и претставник на МСБ. Неколку дена подоцна МСБ објави извештај на ИСД, кој предложи санкции против алтернативни медиуми, кои нудат издржани критики кон имиграцијата, како што се „Самхалснут“, „Фрија тидер“ и „Нихетер идаг“.

Кент Екерот ги претставуваше Шведските демократи во шведскиот парламент во периодот од 2010 до 2018 година и се профилира како цврст противник на исламот и имиграција. За време на својот пратенички мандат, Екерот ја поддржа депортацијата на мигрантите криминалци, идеја што оттогаш беше усвоена од радикалната Алтернатива за Шведска, која отворено се рекламира како партија за репатријација. Екерот подоцна се пресели во Будимпешта.

„Крајно сериозно е кога властите добиваат понуди да шпионираат шведски политичари во странство. Коливер го спомнува истражувачкото новинарство во својата порака, но таа не е новинар и нејзината организација не е дел од печатот. Затоа, кристално јасно е дека станува збор за политичка шпионажа против опозицијата под покровителство на МСБ. Фактот што таа постојано ги нарекува шведските политичари екстремна десница покажува дека ова е прифатен начин за комуникација со МСБ“, изјави Екерот.

Институтот за стратешки дијалог е организација со седиште во Лондон, која се претставува како тинк-тенк подготвен да се справи со растечките предизвици на насилен екстремизам, меѓуетнички конфликти и поларизација и да ги зајакне грасрут-мрежите против омразата и екстремизмот.

Прикажи повеќе...

Свет

Либиската армија на Хафтар уништила воен авион што целел нивна воздухопловна база

Објавено пред

Силите на Либиската национална армија (ЛНА) предводени од Калифа Хафтар собориле борбен авион на вооружени групи што се обидел да ја нападне воената база „Ал Џуфра“, објави портпаролот на ЛНА, Ахмед Ал-Мисмари, пренесува „Спутник“.

Авионот бил соборен од противвоздушната одбрана на „Ал Џуфра“, а сега е во тек потрага по соборениот авион и неговиот пилот.

Калифа Хафтар нареди офанзива за преземање на контролата врз Триполи од силите на владата на Национален договор (ГНА) на почетокот на април, што предизвика мобилизација на силите лојални на ГНА, кои почнаа воена операција против ЛНА.

Либија беше втурната во хаос во 2011 година кога долгогодишниот лидер Моамер Гадафи беше соборен и убиен од страна на бунтовниците поддржани од НАТО. Вакуумот во власта ги поттикна конкурентските милиции, криминалните банди и терористичките групи.

Прикажи повеќе...

Свет

Лидерот на Хезболах смета дека израелската армија не е подготвена за војна

Објавено пред

Лидерот на Хезболах, Хасан Насралах, ја отфрли можноста за војна со Израел летово демантирајќи ги извештаите дека неговата либанска шиитска организација планирала воен конфликт, пренесува РТ.

Тој верува дека Израелските одбранбени сили (ИДФ) не се подготвени за војна.

Одговарајќи на информациите од кувајтскиот весник „Ал-Раи“ за можно вжештување на ситуацијата во наредните месеци, лидерот на Хезболах изјави дека наводите во весникот се погрешни.

„Сметам дека Израел нема да почне војна против Либан. Ова е мое лично мислење“, рече Насралах.

Тој тврди дека и покрај тоа што Израел се фали за својот систем за ракетна одбрана, не може да ги одбрани своите граѓани од заканата од ракетните напади на Хезболах.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

(Видео) Камерите снимија терорист кој влегува во црквата непосредно пред масакрот

Медиумите на Шри Ланка објавија снимка од надзорните камери снимена непосредно пред еден од нападите. Како што известува „Гардијан“, се...

Македонија3 часа

Северна Македонија или Македонија? Караџовски и Адеми расправаa како да ја пишува државата на извештајот

Членовите на Судскиот совет го изгласаа годишниот извештај за работата за 2018 година, но претходно претседателот Зоран Караџовски и членот...

Топ3 часа

Мицкоски: Не е до чистката, туку проблемот е до тој што треба да исчисти

По најавите на премиерот Зоран Заев дека власта ја примила пораката од граѓаните и дека ќе следуваат кадровски промени, лидерот...

Топ4 часа

Поднесено обвинение против родителите чии деца загинаа во пожар во Велес

Против мајката и таткото, чии деца во јуни минатата година загинаа во пожар во куќа во Велес, е поднесено обвинение...

Македонија4 часа

(Видео) Таткото на Саздовски: Родителите да кажат каде е третиот осомничен, кој е во бегство

Ни една мајка не треба да го закопа својот син, казната е толкава колку што е предвидено во законот. Не...

Македонија5 часа

(Видео) По 19 години затвор за убијците на Никола Саздовски

Кривичниот суд во Скопје им одреди по 19 години затвор на Бесим Беља и Скендер Демири, кои на 29 јуни...

Свет5 часа

Евакуирана Сиднејската опера поради истекување гас

Стотици луѓе се евакуирани денес од Сиднејската опера и околината поради истекување гас, а раководството на куќата објави дека настапите...

Регион6 часа

Убиецот на бугарската телевизиска новинарка осуден на 30 години затвор

Бугарскиот суд го осуди Северин Красимиров на 30 години затвор за силување и убиство на телевизиската новинарка Викторија Маринова. Телото...

Свет6 часа

(Видео) Базен на врвот на висококатница се излеа за време на земјотресот во Манила

Филипините вчера ги погоди силен земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтер поради што се тресеа многу згради, а...

Свет7 часа

Најмалку 11 жртви и 24 исчезнати во земјотресот во Филипини

Најмалку 11 лица загинаа, 24 исчезнати, а повеќе од 80 се повредени во земјотрес со јачина од 6,1 степен, кој...

Топ17 часа

(Видео) Дац му подари метла на Заев, премиерот возврати – чистка ќе има

Актерот Драган Спасов Дац на вечерашната трибина на СДСМ во Карпош му подари метла на премиерот Зоран Заев, порачувајќи му...

Европа20 часа

Курц ја осуди песната во која мигранти се споредуваат со стаорци

Aвстрискиот канцелар, Себастијан Курц, побара од помалиот партнер во владејачката коалиција, десничарската Партија на слободата на Австрија, да се дистанцира...

Избори 201921 час

(Видео) Поништено гласањето на избирачко место во Ѓорче Петров, имало вишок гласачки ливчиња во кутијата

Три гласачки ливчиња повеќе во кутијата од бројот на гласачи нотира Државната изборна комисија во едно избирачко место во општина...

Свет22 часа

Кои се жртвите во Шри Ланка: Деца, познати готвачи, келнери, политичари…

Во терористичките напади во Шри Ланка загинаа најмалку 290 луѓе, а повеќе од 500 се повредени. Меѓу нив, повеќето луѓе...

Избори 201924 часа

ОБСЕ: Изборите беа добро спроведени, но потребна е реформа на изборното законодавство

Во првиот круг на претседателските избори гласачите беа во можност да се информираат пред да го направат својот избор помеѓу...

Македонија1 ден

(Видео) Николоски го наклеветил Вице Заев, но нема да му плати 30 илјади денари отштета

Судијката од Основниот суд Скопје 2, Кети Германова, заедно со двајца судии поротници, донесе пресуда со која утврди дека потпретседателот...

Избори 20191 ден

(Видео) Јанушев: Со постигнатите резултати ВМРО-ДПМНЕ би освоила 53 пратенички мандати, а СДСМ – 41

Вчера се потврди дека кај граѓаните има апатија поради криминалот, корупцијата и сиромаштијата, порача генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев,...

Избори 20191 ден

(Видео) Пендаровски: Не сум изненаден од резултатот, ја разбрав пораката на граѓаните

Претседтелскиот кандидат Стево Пендаровски вели дека не е изненаден од резултатите од гласањето и дека ја разбрал пораката на граѓаните....

Избори 20191 ден

Река: Нема да тргуваме со гласовите

Од изборниот штаб на претседателскиот кандидат Блерим Река, по вчерашните повикувања и на двајцата кандидати, Силјановска и Пендаровски, кои се...

Свет1 ден

Локална исламистичка група одговорна за нападите во Шри Ланка

Владата на Шри Ланка објави дека зад оргнизираните напади на цркви и хотели на Велигден стои екстремистичката група Нешенел Товид...

Досие