Контакт

Свет

Ураганот „Хенри“ ослабен во тропска бура, стигна до Америка, милиони луѓе се подготвуваат за поплави

Објавено пред

Ураганот „Хенри“ утрово ослабна и се претвори во тропска бура, додека милиони луѓе на њујоршкиот „Лонг Ајленд“ и јужниот дел на „Нова Англија“ се подготвуваат за поплави и прекин на електричната енергија.

По ажурирањето на податоците од најновата ситуација, во осум часот наутро по источно време од Националниот центар за урагани (НХЦ), бурата имаше сила со брзина од 70 километри на час, пишуваат светските медиуми.

Најсилните ветрови се на брегот на Род Ајленд, а плимата се заканува да предизвика опасни бранови.

Белата куќа соопшти дека претседателот Џо Бајден разговарал за подготовките со гувернерите на Североисток и дека почнал да ги одобрува вонредните декларации во пресрет на невремето.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Нов силен земјотрес на Крит – стотици луѓе ја поминаа ноќта во шатори

Објавено пред

По немирна ноќ и неколку силни земјотреси што вчера го погодија Крит, жителите на Ираклион утрово ги разбуди нов силен земјотрес со јачина од над 5 степени според Рихтеровата скала.

Според Институтот за геодинамика на Националната опсерваторија во Атина, земјотресот регистриран утрово бил со прелиминарна јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала, а неговиот епицентар бил на 23 километри југозападно од градот Ираклион, пренесува „Екатимерини“.

Стотици луѓе во регионот ја поминаа ноќта во шатори и паркови или спиеја во автомобили по вчерашниот земјотрес што го погоди Крит.

Во селото Аркалокори едно лице го загуби животот, најмалку 20 беа повредени, а десетици куќи и други згради беа оштетени.

Прикажи повеќе...

Свет

Ле Пен: Ако станам претседателка на Франција, ќе распишам референдум

Објавено пред

Лидерката на екстремно десничарската партија Национално собрание, Марин Ле Пен, рече дека ќе распише референдум доколку победи на претседателските избори следната година во Франција.

На референдум, таа ќе предложи усвојување драстични ограничувања за имиграцијата.

Ле Пен за телевизијата Франс 2 рече дека на референдумот ќе бидат предложени строги критериуми за влез на француска територија и стекнување француско државјанство, како и да им се даде приоритетен пристап на француските граѓани до социјални станови, работни места и социјални придобивки, пренесе „Ројтерс“.

„ Референдумот ќе вклучува целосен нацрт-закон чија цел е драстично регулирање на имиграцијата“, рече Ле Пен, која ќе биде кандидат на нејзината партија на претседателските избори во април.

Референдумите се дозволени со францускиот Устав, но тие ретко се користат. Последниот голем референдум се одржа во 2005 година, кога Французите гласаа против ратификацијата на европскиот Устав. Ле Пен се кандидираше во вториот круг од претседателските избори во 2017 година, но беше поразена од Емануел Макрон, кој освои повеќе од 66% од гласовите.

Макрон се уште не одлучил дали ќе се кандидира за реизбор, но анкетите на јавното мислење покажуваат дека тој и Ле Пен најверојатно би влегле во вториот круг, од кој Макрон би излегол како победник.

Прикажи повеќе...

Свет

Северна Кореја лансираше неидентификувана ракета кон отворено море

Објавено пред

Северна Кореја утрово лансираше неидентификувана ракета кон отвореното море долж нејзиниот источен брег, соопшти јужнокорејската војска, среде апелите од Пјонгјанг до САД и Јужна Кореја да ја прекинат својата „непријателска политика“.

Јужнокорејската армија не даде детална изјава, но јапонското министерство за одбрана објави дека станува збор за балистичка ракета, без дополнителни објаснувања.

Изјавата дојде непосредно пред амбасадорот на Северна Кореја во Обединетите нации да ги повика САД да се откажат од непријателската политика кон Пјонгјанг, со порака дека никој не може да го оспори правото на неговата земја за самоодбрана и тестирање на оружје.

Северна Кореја ги обвини Сеул и Вашингтон за „двојни стандарди“ и го осуди развојот на оружје со продолжување на сопствените воени активности.

Во средината на септември, и Северна и Јужна Кореја ги тестираа своите балистички ракети, продолжувајќи ја трката за вооружување и правејќи пософистицирано оружје.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион33 минути

Нов силен земјотрес на Крит – стотици луѓе ја поминаа ноќта во шатори

По немирна ноќ и неколку силни земјотреси што вчера го погодија Крит, жителите на Ираклион утрово ги разбуди нов силен...

Македонија42 минути

Попишани 1.619.857 граѓани во земјава и 198.589 од дијаспората, остануваат уште два дена од пописот

Во земјава до вчера се попишани 1.619.857 лица, 503.491 домаќинство и 711.695 станови. Можноста за самопопишување на лица во странство,...

Македонија1 час

Претседателката на Европската комисија денеска во Скопје, а утре еврокомесарот Вархеји

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска попладне ќе допатува во посета на Скопје. Како што беше најавено,...

Македонија15 часа

Од модуларната болница во Штип избегал 84-годишен пациент

Вчера попладне, 84-годишен пациент избегал од модуларната болница во Штип, но подоцна бил вратен од полициски службеници. „На 26.09.2021 во...

Македонија17 часа

Регистрирани 112 нови случаи на коронавирус, починаа 13 лица

Во последните 24 часа направени се 1.726 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 82, Кавадарци...

Европа20 часа

Олаф Шолц: Дојде време ЦДУ/ЦСУ да замине во опозиција

Пo објавувањето на нецелосните официјални резултати од парламентарните избори во Германија денеска рано наутро, социјалдемократите (СПД) и нивниот кандидат за...

Македонија20 часа

Пендаровски: Политичките тензии на моменти ја парализираат државата

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на свечениот научен собир „Современата македонска држава – две етапи во процесот на нејзиното...

Македонија21 час

Црвенковски: Ако нашата идеја е „НАТО ќе нѐ брани, ЕУ ќе нѐ храни“, ниту ќе се одбраниме ниту ќе се нахраниме

Како поранешен премиер и претседател на Република Македонија имам право, но и обврска да проговорам, за тоа каде според мои...

Македонија21 час

Шефицата на Европската комисија утре во Скопје

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, утре ќе допатува во земјатаа, а ќе ја пречека премиерот Зоран Заев...

Европа22 часа

(Видео) Најмалку една жртва по серијата земјотреси во Грција, Турција издаде предупредување за цунами

Неколку земјотреси утрово го погодија грчкиот остров Крит, а најсилниот беше со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала, јавуваат...

Свет1 ден

По три месеци, Сиднеј го укинува целосното затворање

Австралиските власти најавија крај на тримесечното целосно затворање за вакцинираните жители на Сиднеј. Карантинот во Сиднеј и во преостанатиот дел...

Македонија1 ден

СДСМ со митинг во Битола, ВМРО-ДПМНЕ во Охрид – почнува кампањата за локалните избори

Од денеска почнува изборната кампања за локалните избори, кои се закажани на 17 октомври. Кампањата за првиот круг ќе заврши...

Македонија1 ден

Почнува вакцинирањето со трета доза во Македонија

Граѓаните што имаат над 60 години, здравствените работници и лицата со имунолошки болести од денеска со потврда ќе може да...

Топ2 дена

Пронајден починат лекар во Психијатриската болница „Скопје“

Дежурен лекар во Психијатриската болница „Скопје“ бил пронајден починат синоќа по полноќ на работното место. Како што соопшти МВР, здравствениот...

Регион2 дена

Борел: Ја следиме ситуацијата на северот на Косово, провокациите се неприфатливи

Високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел рече дека внимателно се следи ситуацијата на северот на Косово и им кажа на...

Македонија2 дена

Регистрирани 336 нови случаи на коронавирус, починаа 17 лица

Во последните 24 часа направени се 3.425 тестирања, а регистрирани се 336 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 169, Велес...

Македонија2 дена

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Шилегов исплаќал милионски суми на наместени тендери

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција обвини дека градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов исплаќал милионски суми на наместени тендери, а случајот го...

Македонија2 дена

(Видео) Заев се попиша: „Конечно ќе добиеме релевантни податоци за креирање на реални политики“

Претседателот на Владата, Зоран Заев, заедно со своето семејство во својот дом во Струмица, ја исполни граѓанската должност и законска...

Европа2 дена

Германија бира наследник на Меркел

Околу 60,4 милиони Германци денеска на федералните избори, имаат можност да одлучат за идниот состав на парламентот, и индиректно за...

Македонија2 дена

Од утре изборна кампања

Од утре стартува изборната кампања за Локалните избори што се закажани на 17 октомври. Кампањата ќе заврши на 15 октомври...

Досие