Контакт

Свет

Утре годишна прес-конференција на Путин: потребни се три ПЦР-теста за учество

Објавено пред

Рускиот претседател Владимир Путин утре ќе одржи традиционална годишна прес-конференција.

Поради мерките против коронавирусот, годинава бројот на новинари ќе биде ограничен на 500, а конференцијата ќе се одржи на поголем простор. За учество на конференцијата, ќе бидат потребни три ПЦР-теста.

Големата конференција на Путин е годишен настан што се одржува од 2001 година. По правило, шефот на државата првин ги објавува главните економски и социјални показатели, а потоа новинарите имаат можност да поставуваат прашања.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

НАТО не планира да испрати воени трупи во Украина

Објавено пред

НАТО не планира да испрати борбени трупи во Украина, изјави првиот човек на Алијансата, Јенс Столтенберг.

Практично, тоа значи дека Западот ја спушти топката во конфликтот со Русија, исто како што направи официјална Москва неколку часа претходно.

Столтенберг призна дека во НАТО има несогласување околу прашањето како да ѝ се помогне на Украина, која го извести половина свет за акумулацијата на руски војници на нејзината граница.

„ Не знаеме точно какви се намерите на Русија кон Украина за да донесе избрзани одлуки за такво прашање“, рече Столтенберг, додавајќи дека секој следен потег и одлука на НАТО ќе зависи од развојот на настаните.

„ Нема гаранции за намерите на Русија и можеби не донеле конечна одлука. Значи, од перспектива на НАТО, ние сме подготвени да се вклучиме во дипломатски напори, но исто така сме подготвени да ѝ одговориме на Русија доколку дојде до воена конфронтација во Украина, ние сме за двете опции“, рече Столтенберг.

Прикажи повеќе...

Свет

Лавров: Русија сака дипломатија, а не војна

Објавено пред

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека САД го користат украинскиот претседател Володимир Зеленски за да ги зголемат тензиите околу Русија.

„ Главната цел на Вашингтон во овој случај воопшто не е судбината на Украина, за нив е важно да ги ескалираат тензиите околу Руската Федерација, да го затворат прашањето и потоа да се занимаваат со Кина, како што пишуваат самите американски политиколози“, рече Лавров.

Тој додаде дека не може да замисли како САД сакаат да ја затворат темата и додаде дека доколку таму останат разумни политички технолози, тие мора да разберат дека овој пат не води никаде, пренесува РИА Новости.

Шефот на руската дипломатија изјави дека доколку украинскиот претседател Зеленски сака да разговара за нормализација на односите со Русија, Москва е подготвена. Лавров додаде дека доколку Зеленски сака да разговара за Донбас, тоа треба да го направи во контакт групата, која, според одлуката на нормандискиот формат, треба да ги разгледа сите прашања директно меѓу Киев и Доњецк и Киев и Луганск.

Лавров денеска изјави дека Русија сака дипломатија, а не војна, по американскиот повик да се вратат на преговарачка маса и да не ја напаѓаат Украина.

„ Ние го избравме патот на дипломатијата пред неколку децении“, рече Сергеј Лавров во интервјуто емитувано на повеќе руски медиумите.

Тој рече дека Русија мора да работи со сите и тоа е нејзиниот принцип.

„ Ако е до Русија, нема да има војна. Ние не сакаме војни. Но, нема да дозволиме нашите интереси грубо да бидат газени, игнорирани“, рече Лавров.

Прикажи повеќе...

Регион

Милановиќ се најде на црната листа на украинските националнисти поради неговата изјава

Објавено пред

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ е на црната листа на украинската националистичка веб-страница „Миротворец“ поради, како што се наведува, дистрибуција на руска пропаганда и поддршка и оправдување на руската агресија врз Украина, потврди заменик портпаролот на руското Министерство за Надворешни работи, Алексеј Зајцев.

Причината за вклучување на украинската црна листа беше изјавата на Милановиќ дека за Украина нема место во НАТО и дека ЕУ поттикнала државен удар во Украина, со кој во 2014 година беше соборен прорускиот претседател Виктор Јанукович.

Покрај тоа, Милановиќ рече дека Хрватска нема да се меша во украинската криза на кој било начин, доколку таа ескалира и дека таму нема да има свои војници.

Украинското Министерство за надворешни работи пред два дена ја покани хрватската амбасадорка во Киев, Аница Џамиќ, да зборува за изјавите на Милановиќ кои позитивно одекнаа во Русија.

На списокот на украинската националистичка веб-страница „Миротворец“ се наоѓаат дури 187.000 имиња, меѓу кои и основачот на групата „Пинк Флојд“ Роџер Волтерс, кој пред три години изјави дека Русија има повеќе права на Крим отколку Украина.

Базата на податоци е формирана во 2014 година по средбата меѓу украинскиот политичар Георги Тука и поранешен член на украинската државна разузнавачка служба, познат под псевдонимот „Роман Зајцев“.

Покрај руските разузнавачи, на списокот се наоѓа и белоруската писателка, нобеловкат Светлана Алексиевич, која рече дека некои етнички Украинци им помогнале на нацистите да ги прогонуваат Евреите.

На списокот има и 500 украински јавни службеници, етнички Унгарци, кои добиле унгарски пасоши, а причината е што Украина забранува двојно државјанство, а „Миротворец“ таквиот чин го смета за предавнички.

Објавени се податоците на околу 4.500 новинари, западни, украински и руски, кои имаа акредитации од властите во Донбас, што беше услов за да можат да работат во таа област, а многу од нив подоцна добија и закани.

Неколку луѓе беа убиени откако нивните имиња и адреси се појавија во базата на податоци „Миротворец“.

Амбасадорите на ОН, Г7 и ЕУ и групите за човекови права повеќепати бараа отстранување на оваа страница.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 минута

НАТО не планира да испрати воени трупи во Украина

НАТО не планира да испрати борбени трупи во Украина, изјави првиот човек на Алијансата, Јенс Столтенберг. Практично, тоа значи дека...

Свет4 минути

Лавров: Русија сака дипломатија, а не војна

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека САД го користат украинскиот претседател Володимир Зеленски за да ги зголемат...

Регион1 час

Петков: Македонските Бугари ќе влезат во Уставот

Бугарскиот премиер Кирил Петков на денешното обраќање пред парламентот рече дека македонските Бугари ќе влезат во Уставот на Северна Македонија....

Македонија2 часа

Милошоски до Османи: Зошто не кажете што содржи нон-пејперот што сте го испратиле во Софија во декември?

Министерот Османи зборува да изградиме заеднички позиции, зборува за зрелост, почит и меѓусебна доверба, но како ние да имаме доверба...

Топ3 часа

„Ауди“ со деветмина мигранти излетало од патот Валандово – Струмица, возачот побегнал

Во полициската станица Валандово утрово било пријавено дека на регионалниот пат Р 1401 Валандово – Струмица возило „ауди“, со скопски...

Свет3 часа

(Видео) Сателитски снимки покажуваат распоредувања на руски воени трупи на границите со Украина

Тензиите меѓу Украина и Русија растат со месеци откако Кремљ почна да собира војници во близина на границите на Украина....

Македонија4 часа

На Клиниката за ортопедија направена првата трансплантација на лигамент од починат донор

На Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ Скопје вчера за првпат беше изведена трансплантација на лигамент од починат донор. Млад...

Свет6 часа

Лавров: Преговорите со САД и НАТО не се завршени – нема да дозволиме рушење на нашите интереси

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави за новинарите дека Москва не сака војна, но дека нема да дозволи...

Свет8 часа

Тропска бура однесе 77 животи во Jужна Африка

Бројот на загинати во тропската бура Ана, која погоди три јужноафрикански земји – Мадагаскар, Мозамбик и Малави, се искачи на...

Свет8 часа

Бајден: Одлучно ќе одговориме ако Русија ја нападне Украина

Американскиот претседател Џозеф Бајден во телефонски разговор со украинскиот лидер Володимир Зеленски ја потврдил подготвеноста на Вашингтон да одговори одлучно...

Македонија22 часа

Регистрирани нови 1.861 случај на Ковид-19 и 27 починати

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се...

Свет24 часа

НАТО со нови барања до Москва

Откако американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека САД ѝ испратиле на Москва одговори на безбедносните барања на Русија, истото...

Македонија1 ден

СОНК: Второто полугодие да почне онлајн, училиштата можат да бидат опасен кластер

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура бара Владата да ја повлече одлуката за почеток на второто полугодие со физичко...

Топ1 ден

Осомничениот за сообраќајката кај Лисиче возел под дејство на алкохол и поминал на црвено

Јавното обвинителство од Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишниот скопјанец за кого постои сомнение за тешки дела...

Европа1 ден

Лавров: САД не одговараат на најважното прашање – ширењето на НАТО кон исток

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, денеска изјави дека содржината на американскиот одговор на рускиот предлог за безбедносни гаранции...

Македонија1 ден

Писмо со закани по живот од терористичка организација добил јавниот обвинител Јовески

Државниот јавен обвинител извести дека во текот на вчерашниот ден, преку препорачана пратка експедирана од Пошта Битола на 17.1.2022 година...

Европа1 ден

Данска ги укинува сите ограничувања, короната е исклучена од категоријата на критични болести

Данските власти донесоа одлука за исклучување на Ковид-19 од категоријата на критични болести, а од 1 февруари ќе бидат укинати...

Европа1 ден

Војник застрелал петмина стражари во фабрика за оружје во Украина

Војник на украинската национална гарда од засега непознати причини пукал во припадници на обезбедувањето во воена фабрика во Днепар, при...

Македонија2 дена

Наставата продолжува со физичко присуство на 1 февруари

Владата донесе одлука наставата во основното и средното образование на учениците да продолжи со физичко присуство на 1 февруари. Оваа...

Македонија2 дена

Се намалува периодот на карантин на седум дена

Владата на денешната седница донесе одлука за намалување на периодот на изолација за лицата кај кои лабораториски е утврдено присуство...

Досие