Свет
Фаучи: Секој треба да прими трета доза од вакцината против Ковид-19
Водечкиот американски експерт за заразни болести, Ентони Фаучи, ги повика Американците што се целосно вакцинирани против Ковид-19 да ја примат и третата доза, со цел да се зачува оптималната заштита од коронавирусот.
Според податоците на владиниот Центар за контрола и превенција на болестите (ЦДЦ), од 196 милиони целосно вакцинирани лица во САД, 34,5 милиони ја примиле третата доза до денес, но проблемот сè уште останува кај околу 60 милиони невакцинирани лица.
Фаучи, директор на Националниот институт за алергија и заразни болести и главен медицински советник на претседателот Џо Бајден, за време на гостување на телевизија рече дека нема нејасности кога станува збор за потребата да се земе дополнителна доза вакцина.
Тој посочи дека третата доза им овозможува на луѓето подолг период на заштита иако не е јасно дали вакцинираните можеби ќе треба да продолжат да примаат бустер-доза на секои шест месеци или на една година во иднина.
„Ќе анализираме што треба да правиме, ќе ги следиме науката, податоците“, рече Фаучи.
Советодавниот одбор за ЦДЦ во петокот едногласно препорача бустер -доза на вакцината против Ковид-19 за сите постари од 18 години.
Бројот на случаи на инфекција во САД повторно е во пораст и повеќе од 90.000 лица се евидентирани во секој од последните неколку дена, а Фаучи вели дека тоа било неочекувано бидејќи станува постудено и повеќе луѓе се во своите домови и во затворени простории.
Сепак, тој рече дека целосно вакцинираните семејства и пријатели може безбедно да се соберат за претстојниот Ден на благодарноста, без маски за лице.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“, повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува Танјуг.
Полицијата во моментов спроведува истрага со проверка на робата во продавниците, поради што се уште не се знае конечната количина на дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Регион
Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница
Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.
Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.
Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.
Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.
„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.
Свет
Израел ја бобмардира Рафа, најмалку пет лица загинаа, меѓу кои и две деца
Здравствените власти соопштија дека најмалку пет лица загинале во израелските воздушни напади врз јужниот град Рафа во Појасот Газа.
Две деца, идентификувани во болничката евиденција како Шам Наџар (6) и Џамал Набахан (8), се меѓу убиените во нападите извршени во текот на ноќта и денеска, објави АП.
Членовите на семејството за американската агенција изјавиле дека биле убиени додека се обидувале да се преселат во северниот дел на Газа и дека израелската армија ги спречува луѓето да се вратат во своите домови.