Свет
„Фајзер“ годинава ќе произведе двојно помалку вакцини од тоа што првично го најави

Фармацевтската компанија „Фајзер“ ја намали најавената бројка за производство на вакцината против Ковид-19 во 2020 година, поради доцнењето во воспоставувањето на синџирот за снабдување со суровини, пренесува „Ројтерс“.
Компанијата неодамна објави дека очекува да произведе 50 милиони дози од вакцината против Ковид-19 оваа календарска година, што е помалку од претходно планираните 100 милиони дози. Вакцината на „Фајзер“ се дава во две дози, што значи дека 50 милиони дози се доволни за вакцинирање на 25 милиони луѓе.
Портпаролката на компанијата за „Ројтерс“ изјави дека воспоставувањето на синџирот за снабдување со суровини трае подолго отколку што претходно се очекувало. Таа исто така изјави дека резултатите од клиничките испитувања на „Фајзер“ исто така задоцниле, па затоа се очекува да се произведат и помалку дози пред крајот на 2020 година.
Додаде дека прилагодувањето на производните линии на „Фајзер“ е завршено и дека сега дозите се произведуваат со голема брзина.
Во ноември, „Фајзер“ поднесе апликација до регулаторите во САД за одобрување за вакцината против Ковид-19. Американските власти соопштија дека очекуваат овој месец вакцината да добие зелено светло од регулаторите. Владата на САД очекува 6,4 милиони дози при првата распределба на вакцината.
Регулаторите во Велика Британија веќе издадоа одобрение за употреба на вакцината на „Фајзер“ во таа земја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Кина водечка земја во светот според бројот на вакцинации

До денес Кина им даде повеќе од 15 милиони дози вакцини на своите граѓани, изјави Ванг Бин, официјален претставник на Националната здравствена комисија, како што објави „Ројтерс“.
Кина е водечка земја во светот според бројот на вакцинации, пред Велика Британија и САД.
Досега во САД се вакцинирани 13 милиони луѓе, кои примиле една или две дози.
Свет
Индија почна со бесплатна испорака на вакцини во соседните земји

Од денес, Индија, еден од водечките светски производители на лекови, ќе почне да ја дистрибуира вакцината против коронавирусот на шест соседни земји.
Првите резерви на вакцини во рамките на програмата за неповратна помош ќе бидат испратени во Бутан, Малдиви, Бангладеш, Непал, Мјанмар и на Сејшелите, потврди Министерството за надворешни работи.
Вакцината доаѓа како дел од програмата за помош, што значи дека тие земји нема да мора да плаќаат за неа.
Индиската агенција за лекови издаде итно одобрување за употреба на две вакцини против Ковид-19. Зелено светло доби вакцината на Универзитетот во Оксфорд и фармацевтската компанија „Астра зенека“, како и вакцината од индиската компанија „Бхает биотех“.
Индија во саботата почна програма за вакцинација на речиси 300 милиони луѓе.
Европа
Фон дер Лаен: Нова зора во САД со доаѓањето на Бајден

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, по повод инаугурацијата на Џозеф Бајден за нов претседател на САД, оценува дека ЕУ, по четири долги години, повторно има партнер во САД.
„Новата зора во Америка се чекаше долго време“, рече Фон дер Лаен.
Говорејќи пред Европскиот парламент, претседателоката на Европската комисија истакна дека САД се најстариот и најдоверливиот партнер на ЕУ и дека ЕУ и САД мора да работат заедно и да бидат лидери во светот.
Фон дер Лаен рече дека борбата против пандемијата на Ковид-19 е приоритетна заедничка борба и дека очекува САД, предводени од Бајден, да се вратат на Парискиот климатски договор.
„САД се враќаат, а ЕУ е подготвена да му верува на стариот партнер и да вдахне нов живот во надежта за скапоцено партнерство“, заклучи Фон дер Лаен.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира